радар детектор

Член од
20 јуни 2011
Мислења
192
Поени од реакции
13
во план сум да ставам радар детектор од каде може да се купи, колку пари кошта и колку се ефикасни,може ли некој што користи подетално да објасни.
 
valjda ima na ebay i sl. ama mislam deka ne nezakonski i ako sum vo pravo krivicno se odgovara
 
И да земеш, прашање е колку ќе функционира и колку ќе ти врши работа, дали е соодветен со радарите на полицијата, итн.
 
Прво не е легално и е против закон, се одговара прекршочно. Имаш анти-радар што го попречува системот односно радарот и имаш радар-детектор кој го детектира радарот и те известува.
Член 368:

(1) Во моторно возило не можат да се користат ниту вградуваат уреди или направи кои имаат за цел попречување на уредот што го користат полициски службеници за мерење на брзината на возилата (анти-радари). (2) Доколку полициски службеник открие уред, односно направа согласно со ставот (1) на овој член, ќе му нареди на возачот на возилото истиот да го отстрани, а доколку возачот одбие да го стори тоа, уредот односно направата ќе се отстрани на трошок на возачот на возилото. (3) Прекршочен платен налог со глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.

Второ ако сакаш да купиш можеш од каде сакаш -> Ebay, Amazon

Трето новите радари не верувам дека ќе ги заебеш...

Мое лично мислење е да не си играш со сопствениот живот а пред се со останатите учесници во сообраќајот бидејќи најверојатно ти треба за да возиш повеќе од дозволеното а условите тука не се поволни за тоа, но крај краева не праша за мое мислење така да мислам дека ти помогнав со ова погоре...
 
за тоа дека е нелегално не ми е проблем.проблемот ми е дали функционираат на новиве радари, не се малце пари коштат околу 200 евра затоа прашав некој што веќе користит да ми објасни.
 
за тоа дека е нелегално не ми е проблем.проблемот ми е дали функционираат на новиве радари, не се малце пари коштат околу 200 евра затоа прашав некој што веќе користит да ми објасни.
Ах, ќе ме банираат.
 
за тоа дека е нелегално не ми е проблем.проблемот ми е дали функционираат на новиве радари, не се малце пари коштат околу 200 евра затоа прашав некој што веќе користит да ми објасни.

Штом не ти е проблем окулу легалитетот, не би требало да ти биде проблем и лично да ги прашаш.
 
Штом не ти е проблем окулу легалитетот, не би требало да ти биде проблем и лично да ги прашаш.
ги прашав на email ама не ми одговорија.
ако се толку нелегални немат да се продаваат во сите продавници опрема за коли.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom