Карактеристиките на Hollywood OS! :)

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Веб-сајт
www.kajgana.com
Оперативните системи во филмовите духовито се нарекуваат Hollywood OS и им се наменети на главните ликови во филмовите, па поради тоа мораат да бидат "совршени". Во ред, знаеме дека тие се измислени, но глупи се до толку што моравме да ги истипкаме нивните oсновни карактеристики.

Што е заедничко за сите нив?

- Подигнувањето на системот нкогаш не трае подолго од 0,00000001 секунда.

- Самиот систем е толку едноставен што него го владее и суперхеројот кој вообичаено не знае ни да се потпише, но за потребите на неговото спасување на светот, под итно мора да ја реши лозинката на компјутерот.

- Со оперативните системи не се управува со маус, како кај класичните компјутери. Сите наредби се впишуваат директно преку тастатурата, а по потреба со истиот се управува и со гласовни команди, или преку мислите.

- Преносот на податоци од еден на друг компјутер или од една локација на друга без разлика колку и да е голема датотеката, се одвива за една или две секунди. Компресијата на податоците на Hollywood OS овозможува складирање на 24 часовен HD видеозапис на една floppy дискета.

- Секој компјутер на филм е способен да прикажува содржини на било каква површина - од холограмски прикази во воздухот, па се до едноинчен црно-бел LCD екран на рачен часовник (истиот се спојува со компјутерот исклучиво со приближување на часовникот до компјутерот, без потреба од кабел, или недај боже софтвер).

- Брзината на интернетот нема физички граници и до истиот се пристапува исклучиво со впишување на одреден поим во празна рамка, а притоа ни случајно не смее да се подигне интернет прелистувач - сите интернет содржини се прикажуваат на цел екран.

- Кога главниот јунак добива е-маил, известувањето мора да биде од женски глас со зборовите "You've got mail".

- Во Hollywood OS не постои спам.
 
:pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2:

.
 
Дивајн напиша:
:pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2:

.


Немам што да додадам.... :pos2: ....
 
Тоа со тастатурата највише ме нервира. А инаку сега приметив за ова:

- Подигнувањето на системот нкогаш не трае подолго од 0,00000001 секунда.
 
И јас работам на таков оперативен систем... делумно... ми цркна глушецот :pos2:

Мистичен... ЗАКОН!
 
Тоа холивудските флопи дискети мора да се многу моќни.:pos::pos:
 
Холувуд кен до ит фор ју. Инаку сум забележал дека кога куцаат на тастатура во филмовите не користат space. Како што би рекол Бада концептуална поезија :) Значи во холувудските OS нема потреба од оставање место. Компјутерот сам си знае дека треба точка, запирка, место и слично :pos:
 
\m/ Имам видено во некои филмови користат и Виндоус и маус. ОМГ.
 
Bada Bing! напиша:
\m/ Имам видено во некои филмови користат и Виндоус и маус. ОМГ.

THE NET WITH SANDRA BOLLOCKS! :pos: :pos:
 
Да додадам:

- Секогаш има анимации од мал нечитлив текст наоколу и многу непотребни бројки се појавуваат на секаде.

- Од слика со резолуција 30х30 успева да направи високо квалитетна слика за репродукција, и бај д веј, се конектира во база на ФБИ, и наоѓа негова слика од плажа (обично е со наочари) и секогаш типот е „мост вантед“

- Секогаш зеза флопито кога убиецот е на врата, но во последен момент завршува со преснимување.
 
:pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos: АБЕ ТОА Е ТОА ХОЛИВУД РУЛЗ ИМААТ ВИЗИЈА ЗА ИДНИНАТА
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom