Хенди Телеком

  • Креатор на темата Креатор на темата Флеш
  • Време на започнување Време на започнување
Ф

Флеш

Гостин
Колку плата земаат во Хенди Телеком,референтите за продажба ?
Како е со организација,шефови? Добра фирма ? :)
 
Колку плата земаат во Хенди Телеком,референтите за продажба ?
Како е со организација,шефови? Добра фирма ? :)

Ова ти е од 100% релевантен извор, вработен во периодот 2007 - 2008. Работите се можеби сменети малку, но не верувам

Платата е мала. 9500 фиксна плата и мизерен бонус од 2000 - 3000 за нереален број на склучени пост-пејд договори месечно. Бонусите варираат додуша, па можеби работите се сменети, незнам.

Најлоши шефови што постоат. Газдата е Бугар, и нема разбирање за ништо. Обожава да омоловажува и навредува. А нема појма за што зборува пошто еден ден нема изработено во дуќан, со народ.

Работата е стресна. Ќе бидеш во првите борбени линии кога ќе ти доаѓаат незадоволни муштерии ради проблеми со мрежа, телефон, итн. И иако нема да биде твоја вина, ти ќе си го обереш, во случај да ти дојде насилен морон во салонот, а ќе ти дојде. Немаш претстава колку прости луѓе има, а ако почнеш да работиш ваму, ќе дознаеш. Платата не е доволна за нервозите што ќе ги изедеш.

Од 2008 до сега близу 90% од персоналот добиле отказ или си побарале друга работа.

Сто пати подобро ти е да работиш некаде како шанкер, келнер, итн поради тоа што ќе земаш подобра или слична плата, а ќе имаш помалку стрес.

Со среќа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom