Смоленски му треснал врата на Гошев!

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Веб-сајт
www.kajgana.com
Лондонската фирма за спортски автомобили "ТВР" е западно европската компанија која сака да ја купи Интернационална приватна банка од Скопје. Ова го дознава "Вечер" од добро упатени извори, кои биле сведоци на скандалот кој пред дестина дена се случил во кабинетот на гувернерот на Централната банка Петар Гошев.

Николај Смоленски, претседателот на Управниот одбор на Интернационална приватна банка во Скопје е син на познатиот руски олигарх Александар Смоленски (партнерот на Роман Абрамович и Борис Березовски во приватизацијата на нафтената компанија и еден од стоте најбогати луѓе во Русија). Тој веќе два месеци наназад води интензивни преговори со првиот човек на НБРМ за проширување на бизнисот во Македонија и купување на Приватана интернационална банка од страна на неговата лондонска фирма ТВР. Наводно пред да го стави потписот на својата согласнотс гувернерот Гошев побарал финансиски извештај за ТВР од независен ревизор. Тоа го сторила лондонската "Грант-Тортон" и внатре стоело дека ТВР има моментално минусна позиција поради инвестициите на Смоленски од 10,5 милиони евра во оваа малосериска фабрика за рачноизработени спортски автомобили (која лани ја купи за 27 милиони долари). Тоа официјално била причината за одложувањето на дозволата од гувернерот, по што младиот Николај Смоленски со конкретни закани и лут ја треснал вратата од Кабинетот на Гошев.

Имено, опструкциите на ширењето на бизнисот на Смоленски станаа "легенда" на македонскиот банкарски пазар уште од времето на екс гуверенерот Љубе Трпески, кој наводно имал "свои аргументи" за тоа. Во заднината на опструкциите на лондонскиот инвеститор, велат финансиски извори блиски до НБРМ е штитењето на бизнисот на конкурентски банкарски кругови. Прва интернационална банка, уште кога беше Столичнаја, оли СПС Агробанка, ги уриваше банкарските камати и провизиите неколкукратно подолу, а длабоко пенетрираше и стана лидер во работа со платежните картички во Македонија. Ова наводно им пречело на домашните банкарски олигарси, кои вршеле силен притисок врз Централната монетарна власт да не и дозволи поголем влез на руската банка, односно рускиот капитал во наши простори.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom