Топлотен шок?

  • Креатор на темата Креатор на темата NekojBatka
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 јули 2017
Мислења
289
Поени од реакции
234
Локација
Скопје
Се замислив малце што би се десило со твоето тело ако си седел неколку часа на температура од 20Ц (со пуштен клима уред) и без прилагодување да излезеш на да речеме 35-39Ц температура надвор право на сонце?

Барав на нет, ама како да нема податоци за оваа тема.

Што мислите?
 
ако тоа не го правиш често и ако си помлад и здрав не би требало да има некои последици, али ако го правиш тоа често, имаш проблеми со притисок, срце, циркулација... може да се случат компликации со здравјето.
 
Да во ред, пред се сакав научната страна да ја покриеме, ако би се десило ова што би се десило со твоето тело.
 
Веројатно ќе се здебелат крвните садови, а јас колку што знам тоа може да доведе до срцев или мозочен удар.
 
Да во ред, пред се сакав научната страна да ја покриеме, ако би се десило ова што би се десило со твоето тело.
Логично е дека е штетно од една ладна/ниска температура да излезеш на една топла/висока температура. Кога си на ладно крвните садови доживуваат вазоконстрикција/стеснување, а кога си на топло крвните садови доживуваат вазодилатација/проширување. Па таквата промена од премногу ладно на премногу топло би довела до штета на кардиоваскуларниот систем, а ништо чудно да доведе од топлово и до мозочен удар.
 
Веројатно ќе се здебелат крвните садови, а јас колку што знам тоа може да доведе до срцев или мозочен удар.

Само ако си...

Couch_Potato_Portfolio2_296.jpg
 
Зависи, ако човек е помлад и пред се здрав без некакви хронични болести мислам дека ништо нема да се случи, организмот веднаш и успешно ќе се адаптира на надворешните временски влијанија какви и да се !
Е сега ако лицето без разлика на полот или возраста има некакви хронични болести од кардио-васкуларен, респираторен, невролошки аспект, како и други здравствени нарушувања од внатрешен ендокринолошки и метаболен аспект, тогаш може да се случат многу зае*ани работи !
 
Јас ова го правам цело лето, дома климата е пуштено цело време на 20-22 степени и ништо не осеќам кога ќе излезам надвор.
 
Само немој ако си многу испотен ``цркнат`` од топло да влезеш веднаш или да се фрлеш во вода или под туш или пиење ладна вода сите го знаеме ова. Такво нешто се има случено (смртен случај) во Свети Николскиот Кутлеш пред колку години таму незнам( А тоа водата е камен ладна таму, само во изжлебана карпа стое и истекува по речниот тек), ако има некој од Св.Николе нека каже ако знае. Само знам дека бил човекот преизморен и скокнал во водата и велат дека му пукнало срцето...
 
мислам дека многу поопасно е ако од топло излезеш на многу ладно. од +20 собна температура на -20 зимно време.
 
мислам дека многу поопасно е ако од топло излезеш на многу ладно. од +20 собна температура на -20 зимно време.

Грешка си. Топлината е поопасна од студот, ти кога искачаш си заштитен, а на топло кога искачаш од ладно на топло е шок за телото.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom