Одгледување лешници и јагоди на отворено

  • Креатор на темата Креатор на темата Borce boro **
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 јуни 2017
Мислења
12
Поени од реакции
3
Возраст
50
Драги мои читав пред некој ден за јагоди на отворено, и мислам дека е добар бизнис. Јас сакам да се занимавам со лешници, но знаеме дека лешниците даваат род од 4 година, па ми дојде идеа да посадам и јагоди меѓу редови,барав мислење од стручни лица кој се занимаваат и со јагоди и со лешници, ми рекоа дека идеата е супер,но ќе морам да ставам фолија преку цела нива од 1 хектар за да спречам да не расне трева.Сакам да се бавам исклучиво со органско производство,и лешникот и јагодата да бидат органски. За насадот со лешници се вкупно чини околу 3,000 евра. а за насадот на јагоди чини некаде околу 2,500 евра, за фолија 1,800 евра и наводнување 1,500 евра се вкупно; 8,800евра Многу луѓе започнаа да одгледуваат лешник, но јас мислам ако засадат и јагоди меѓу редови ќе можеме многу полесно да ги пласираме за извоз.
заработка од прилика
1 година само јагоди-5,000евра
2 година само јагоди-7,500евра
3 година само јагоди-9,000евра
4 година јагоди и лешник- 11,000евра
5 година јагоди и лешник - 12,500евра
од 7 година па нагоре може да се помине и преку 20.000 евра од хектар, овие пресметки се со сите давачки за одржување на плантажата,но не е пресметано давачките за работници.
 
Зошто строго органско, имаш веќе најден пласман за органско или? Под органско провери си, но има многу тракатанци со кои овие суми тешко дека ќе ги достигнеш, пред се помалку се отпорни на штетници, средствата за заштита се поскапи, а и родот е помал.
Јагоди да си земеш месечари, јас имам (не знам точно име на сорта), раѓаат по 3-4 пати, кај мене почнаа да зреат од пред недела дена, а ги имам посадено на црна фолија, наводнување црево капка по капка под фолијата ми е поставено, само отворам славина и си се наводнуваат, после 4 години си вадам расад од јагодите од ластарите и го тргам на страна, ги вадам фолиите, го наѓубрувам местото, фрезирам и повторно ги садам одново, пола со пола ја правам промената, една година една половина, друга година друга половина, бидејќи во коренот стануваат како дрво и намалуваат со род после 4тата година.
 
не немам најдено пласман,но одгледувачиве велат дека многу повеќе биле платени и до 3 пати повеќе,а и пласманот бил многу подобар европејциве премногу ги барале, но и за домашен пазар можеш да се пробиеш со добра цена, барем јас така мислам. Колку имаш посадено,и колку иде цена за откуп дали знаеш моментално?
 
Не сум имал многу за да ти кажам како одат надвор, ниту пак сум имал органско производство, за органско само околу пчеларство имам пробано и за медот и таму беше доста потешко да се справи човек со болести, многу помала количина на мед се вадеше, многу глупости имаше што требаше да се исполнат, а за пласман беше снајди се.
Малку имам во моментов, помалку од половина декар, првично ми беа насадени за домашно користење, а продавам само тоа што ми е вишок на пазар на мало, цената варира од пазар до пазар и тоа многу, од 40-80денари.
 
Немој другар органско,ќе добиваш можеби 1/10 од тоа што би го добивал со конвенционално производство :)
 
@Borce boro ** Имаш пласман за јаготките? Како се движи цената? Коренот ќе го купуваш?
 
не брат немам пласман за јагодите,сакам да се бавам со лешници и за нив имам пласман, но на лешникот му треба мн време од 4год дава род, за тоа време мислев да посадам нешто меѓу редови,а да биде одма од другата година со род,и ми текна за јагодата,сеуште незнам дали сигурно ќе биде јагода,сега ги разгледувам цените и откупот за јагодата,но немам ни многу опции за да бирам нешто друго да посадам наместо јагода,така да ќе видиме како ќе биде,пресметките за јагодите ги правев со 40 денари по килограм.
 
Јас су заинтересиран за садење на лешник, а ова со садење друга култура меѓу редови ти е супер идеа! Разгледаја опцијата да посадиш Малини или арнонија кои се доста барани на нашиот пазар.

Јаготките мислам дека ќе бидат потешки за одгледување и се сомневам во квалитетот, пошто нели ќе бидат на отворено па проблеми со родот и квалитетот на јаготката.

Спомнавте месечарки (јагоди) Јас ги имам дома и се стари едно 4-5 години. Можам да приметам дека се доста мали за разлика од првите години а вкусот е катастрофа, нема блажина.
 
Да брат и ја се мислев со малината за откуп немаш гајле,ама неможам меѓу редови да ја садам зошто ќе ми направи сенка,барем така мислам,или пак меѓу редовите наместо 5метри да биде 6 метри, на 1 хектар ќе има околу 400 дрва лешници.
 
Ако сакаш да садиш јагоди прво види која сорта ќе ја садиш дали месечари или некој друг тип второ стави си црн најлон за подобро да ти зреат , трето ќе имаш проблем со полжави гарант поголемите ќе ги труеш со гранули ама малите има да ти прават голема пакост за ова единствено решение околу корената со јагоди да имаш нјешто ко канал макар и минимален кој цело време ќе ти биде полн со вода.
 
Тоа со сенката види и нивите како ти се поставени во одност на сонцето па можда и нема да имаш проблем со сенка. Остави метро или метро-ипол простор од малините до лешникот, или ако не ти прави проблем посадиги измеѓу редовите.
 
Да, набави ГМО семки. Да јадеме јагоди со големина на лимони.
Немој сеа и ти да леташ толку,не реков јас нигде ГМО,туку обично семе да го одгледува на обичен начин.Ем ќе има поубава заштита на самото растение,ем ќе има поубава дохрана на растението,ем поголем плод,со што ќе заработи повеќе пари.........
 
Ако сакаш да садиш јагоди прво види која сорта ќе ја садиш дали месечари или некој друг тип второ стави си црн најлон за подобро да ти зреат , трето ќе имаш проблем со полжави гарант поголемите ќе ги труеш со гранули ама малите има да ти прават голема пакост за ова единствено решение околу корената со јагоди да имаш нјешто ко канал макар и минимален кој цело време ќе ти биде полн со вода.
Или да си направиш електрична ограда против полжави. Ништо спектакуларно, еден акомулатор од 12 волти( нема врска колкав, можи и од моторче) и две метални жици кои ке ги монтираш паралелно една со друг на пола или еден сантим и малце поткренати за да не прават спој со оградата или каде и да ги наместиш. Доволно е и неколку мм колку да не допираат на ништо и нормално една со друга. Едната жица ке ја врзиш за плусот на акомулаторот, другата за минусот и толку. Пошто теоретски не би требало да троши струја ако нема спој, акомулаторот би требало да ти трае доста долго време пред да го наполниш пак. Бидејќи се работи за 12 волти не е опасно по живот за ништо и за никој. На видеото редно има ставено и сијалица што и не е лоша идеја доколку нешто прави спој па таа ке служи како индикатор а и како заштита на акомулаторот од краток спој.
 
Немој сеа и ти да леташ толку,не реков јас нигде ГМО,туку обично семе да го одгледува на обичен начин.Ем ќе има поубава заштита на самото растение,ем ќе има поубава дохрана на растението,ем поголем плод,со што ќе заработи повеќе пари.........

Океј, моја грешка. Можеби не сум информиран, па ако може да ми ја посочиш разликата помеѓу органски и обично? Кога ГМО го ставивме на страна веќе.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom