One love - заедничка турнеја на музички ѕвезди од Македонија и Бугарија

  • Креатор на темата Креатор на темата sorenoat
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
6 август 2011
Мислења
2.067
Поени од реакции
2.344
Возраст
47
Бугарските продуценти Иван Христов и Андреј Арнаудов се на пат да исполнат еден нивен долгогодишен сон, а имено да направат заедничка турнеја на бугарски и македонски музички ѕвезди. Идејата се родила уште во 2009 година, кога тие го реализираа реалното шоу “Музички идол 3” за Бугарија и Македонија. Турнејата ќе се вика One Love, затоа што љубовта е таа која не познава граници, а љубовта кон музиката ги обединува генерациите и луѓето разделени од граници.
22 јули - Банско
26 јули - Охрид
27 јули - Струмица
17 август – Сончев Брег
18 август – Варна
6 септември-Пловдив
30 септември - Скопје
7 октомври - Софија

Учество во турнејата ќе земат: Криско, Слаткаристика, Гери-Никол, Тони Зен, “'псурт”, DJ Гоце.

Започна продажбата на карти во мрежата на “Ивентим”, најбрзите фанови ќе можат да купат карти на промотивна цена. За време на целата турнеја One Love луѓето ќе имаат можност да учествуваат во различни активности и да добиваат големи награди.
 
А каде во Скопје
 
Интересно им текнало. Со ова колку толку ќе живне нашава музичка сцена, а и Криско и Гери - Никол се доста познати кај нас.
 
Дано има успех и да се прават повека такива концерти.
 
Интересно им текнало. Со ова колку толку ќе живне нашава музичка сцена, а и Криско и Гери - Никол се доста познати кај нас.
Која македонска музичка сцена жити се. Само Слаткар и Тони Зен се од Македонија плус како Диџеј е Гоце Саф. Другото се е Бугарско.
 
Само Герито нека дојде, другото е непотребен трошок. :D
 
Која македонска музичка сцена жити се. Само Слаткар и Тони Зен се од Македонија плус како Диџеј е Гоце Саф. Другото се е Бугарско.
Па не дека нешто премногу ќе значи ова за нашата музичка сцена, но колку толку некои од нашите пејачи ќе добијат ,,оживнување" со оглед на тоа колку се активни и барани. Годинава Тони Зен и Слаткар, до година ако пак се одржува ова, ќе има други двајца тројца Македонци. Бар ќе имаат некое музичко искуство плус, што може да им помогне за плус во кариерата. Секој успех на наш пејач е успех за нашата музичка сцена.
 
Tреба во ова да се влкучат музичари од целиот балкан и да не е само ограничено во жанрови. Моментално сите што учестуваат на ова се рапери или го творат жанрот на музика кој има некој сличности со рапот.
 
Се согласувам за тоа. Но мислам дека ова им е прва година нешто вакво да направат. Така да, да се надеваме дека до година ако пак прават нешто вакво ќе вметнат повеќе пејачи од различни жанрови.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom