Се бараат пациенти со срцева слабост за учество во интервју

  • Креатор на темата Креатор на темата Intervju
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 февруари 2012
Мислења
16
Поени од реакции
2
Возраст
45
Странска компанија за преведување која работи на проверка на прашалници во врска со различни болести, има потреба да стапи во контакт со 5 лица кои имаат срцева слабост и да се направи интервју со нив.
Доколку лицето со срцева слабост се согласи да учествува во интервјуирањето и доколку биде избрано, тогаш ќе му бидат пратени неколку прашалници со прашања во врска со заболувањето. Лицето-учесник ќе треба да ги разгледа прашалниците и во договорено време со водителот на интервјуто телефонски или лично ќе го извршат интервјуто. Интервјуто е дизајнирано да помогне во доставувањето на успешен третман за болеста.
Водителот на интервјуто е медицинско лице -лекар. Дискрецијата е целосно загарантирана - податоците како име и презиме, телефон за контакт и останато ќе се предадат на компанијата исклучиво со согласност на учесникот. На учесниците во интервјуто ќе им биде исплатен паричен надоместок за нивното учество.
Доколку Вие или некој ваш близок, роднина или пријател има срцева слабост (без разлика кој вид), тогаш пратете порака на intervju.psorijaza @ gmail.com. (Од безбедносни причини, има празни места пред и после знакот @ кои треба да се отстранат при пишувањето на адресата. Адресата е од едно претходно интервју за псоријаза, и уште е актуелна.)
Ве молам распространете ја оваа информација колку што може повеќе! Да им помогнеме заедно на болните од срцева слабост! Пред неколку години успешно се спроведоа вакви интервјуа со болни од Лупус и псоријаза, оваа година на ред е срцева слабост.
Поздрав,
ЈМ
 
Да им помогнеме? како би им помогнале на пример?
 
Јас си реков за учество на Евровизија се бараат.


*Се извинувам за црниот хумор.
 
Последно уредено од модератор:
Почекајте Јунајтед да изгуби од Ајакс, ќе се јават многу.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom