IKEA (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.445
Поени од реакции
8.644
Возраст
34
wpid-ikea-app.png

Пишете ваши мислења за шветскиот бренд IKEА. Дали сте купувале од овој бренд ? Дали ви се допаѓаат нивните дизајни ? Искуства и се друго пишувајте во оваа официјална тема.​
 
Скоро се ми е од Икеа. Дури и постелата на креветот. Се во кујната освен иверицата/медијапанот. Интересни работи има и не се скапи.И нај интересното е шо скоро се е скоцкано точно да го бери во багажник од кола. Најчесто одам Солун ама во Софија е поголем и поевтин.
 
Летово се отвара и во Србија.
 
Ќе биди и во Македонија за некое време.
Од каде информацијава ?

Во Србија е веќе е изградено IKEA и ова лето се отвара.Официјално за Србија веќе и сајт има.

Македонија не верувам дека во брзо време ќе има IKEA.
 
Имам искуство со ИКЕА, и мој скромен заклучок е дека се работи за добар продукт во однос на искористеноста на просторот. Значи ако целта ти е компактност на ентериерот за добра цена, тогаш ИКЕА е прав избор.
Е сеа ако бараш дизајн, уметност, луксуз... имаш и други опции.
 
Ikea имаат добри дизајни. Брат ми купуваше некој работи за кај него дома и стварно се погодија добро и се фклопија со дизајнот како што му е дома уредено.

Порано кога ми го спомнувале Ikea некако сум бил скептик околу квалитетот но кога видов се уверив дека имаат добри и квалитетни работи

Каталози имаат интересни секоја година со интересни фотографии со производите кај што е се убаво декорирано, издизајнирани добро простории од кој може да добиеш и инспирација за дома како да уредиш.
 
Имам искуство со ИКЕА, и мој скромен заклучок е дека се работи за добар продукт во однос на искористеноста на просторот. Значи ако целта ти е компактност на ентериерот за добра цена, тогаш ИКЕА е прав избор.
Е сеа ако бараш дизајн, уметност, луксуз... имаш и други опции.
Македонските салони за мебел имаат поефтини и постилски продукти за разлика од шлајмот на ИКЕА
 
Какви се цените во ИКЕА?
Најчесто се слични како во Македонија , но квалитетот е скоро стално подобар. А некогаш има и работи што се поскапи од Македонија со ист квалитет ко кај нас.
 
Најчесто се слични како во Македонија , но квалитетот е скоро стално подобар. А некогаш има и работи што се поскапи од Македонија со ист квалитет ко кај нас.
Аха, значи многу се поефтини од ЈИСК. Пред некој ден гледав таму во несвест ќе паднев, еден подметач обичен за столче околу 400 денари. :confused:
 
Аха, значи многу се поефтини од ЈИСК. Пред некој ден гледав таму во несвест ќе паднев, еден подметач обичен за столче околу 400 денари. :confused:
Само неколку пати имам одено во JYSK и цените на некој работи беа прескапи , а на некои нормални. ИКЕА е мислам поефтина скоро во се од JYSK. Инаку за подметачи ако ми зборуваш за вакви
WSCwGWh.jpg

прескапо е. Кога бев пред некоја недела купив вакви од Бугарија за 2 лева.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom