Фан клуб : Лина Ѓорческа

  • Креатор на темата Креатор на темата The King of Clay
  • Време на започнување Време на започнување

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.038
Поени од реакции
3.635
Без разлика што загуби денес против квалитетната Саснович, сепак заслужува да има своја тема на форумот. Отсега информациите поврзани со нејзе пишувајте ги во оваа тема за да биде попрегледно во темите на подфорумот. :)
На WTA турнирот во Биел, Лина заедно со Комардина ќе настапува во дубл конкуренција во главниот жреб. Противнички во првото коло ќе им бидат Мертенс и Вотсон.

lina-gjorceska-sport148-5.jpg

Ајде Лина! :cool:
 
Уф срце е бе види ја каква е :love::love::love:

Да ја совладаше Саснович ќе ја имаше мислам најлесната од можните противнички во првото коло ама тоа е ќе чекаме друга шанса да ја гледаме на некој друг турнир.

Него дали ќе земе некој бод доволен да се качи уште некое место погоре на следната промена на ВТА ранк листата?
 
Ноуп, баш напротив ќе падне, дури може и 200+ место да биде.
 
Златно тетовчанче :) Јас сум убеден дека и понатаму ќе се искачува на ВТА листата, дајбоже еден ден да ја видиме на големиве турнири... Само нека продолжи со ова темпо, млада е цела кариера е пред нејзе, нека ја служи здравјето и се ќе биде во ред. Моментално една од најдобрите спортисти што ги има земјава, рамо до рамо со Лазаров, Иџе, Нестороски итн.
 
Него дали ќе земе некој бод доволен да се качи уште некое место погоре на следната промена на ВТА ранк листата?

Лина за оваа недела брани 34 поени од минатогодишното полуфинале на турнирот во Истанбул (50.000$). Тогаш беше поразена од Барбора Штефкова, а доколку некоја тенисерка се повлече во Биел и успее како лаки лузер да влезе во главниот жреб, тогаш со пораз во прво коло освојува 1 поен, а со пораз во второ коло 30 поени т.е. би одбранила дел од тие 34.

Доколку се случи првата, поверојатна варијанта да остане на поразот од Саснович тука во Биел што се однесува до сингл конкуренција, од следната недела Лина би требало да падне на околу 210 позиција на WTA. Сепак, простор за напредок има, се надевам дека периодов на избалансирани турнири ќе успее да освои што е можно повеќе поени, а здравје и да обезбеди квалификации за Ролан Гарос и Вимблдон....зошто да не и главен жреб на некој од нив.
 
Ализ Корне се повлече, а Лина влегува на нејзино место против Вандурусова. Одличен противник, и таа беше квалификантка. ВАМОС
 
Не е дорасната за мечевиве.... па срамота е против 17 годишна квалификантка во вака битен меч да губи ко од шала...
 
Не е дорасната за мечевиве.... па срамота е против 17 годишна квалификантка во вака битен меч да губи ко од шала...
Ставот на терен и беше како да ја разбудил некој од сред сон и ја натерал со сила да игра. И ради реда како да играше. До менталитетот е. Какви тешки волеји на моменти изигра, а најлесните ги промаши. Ги има ударите ама до главата е
 
Па добро да немаше психолошки блокади ќе се викаше Анџелик Хицлшпергер и ќе играше за Германија, немаше македонка да биде..

Ја уопште не знам македонска екипа/спортист во било кој меч кога најмногу се барало победа да победиле....ниеднаш.

Еве пред пар дена во Дејвис купот битна утакмица (т.е. последната трета во дуелот) изгубија за влез во следна рунда..
 
Најголемата заблуда. Јас немам видено подно нација од Германската кога станува збор индивудалниот спорт, па конкретно тенисов.[DOUBLEPOST=1491917197][/DOUBLEPOST]
Па добро да немаше психолошки блокади ќе се викаше Анџелик Хицлшпергер и ќе играше за Германија, немаше македонка да биде..

Ја уопште не знам македонска екипа/спортист во било кој меч кога најмногу се барало победа да победиле....ниеднаш.

Еве пред пар дена во Дејвис купот битна утакмица (т.е. последната трета во дуелот) изгубија за влез во следна рунда..
А за ова не биди толку сигурен дека баш така случајно изгубија. Утре во втората зона мислиш ќе можат да изгубат на 21 квота контра нив? 1.05 ќе е таму за да изгуби било кој, а не 21
 
колку год има има некој фб
 
... Лина е топ, све што постигна до сега е со нејзина силна воља и голема заложба, морална подршка (а богами и материјална подршка) од нејзините родители кои биле екс спортисти и својата љубов кон спортот ја всадиле во ова скромно ем убаво девојче (y)... до сега постигна многу, од сега уште повеќе !!!
ee39d07e04eef3033ef9c030f4d315ae.jpg
 
Лина и нејзината дубл партнерка, Комардина ни криви ни должни се пласираја во следното коло т.е. четвртфиналето на турнирот во Биел. Нивните противнички го предадоа мечот без борба, за сега немам информации која е причината.
Во следно коло ќе играат против победникот од мечот Hingis/Bacsinsky - Marcinkevica/Witthoeft
 
Топ! Најверојатно против Хингис во 1/4 финале, огромен момент во нејзината кариера. Вака така се надевам ќе има барем успешна кариера во дубл има солидно искуство и солидни резултати, ако ништо друго секогаш тоа и постои како можност.
Лина и нејзината дубл партнерка, Комардина ни криви ни должни се пласираја во следното коло т.е. четвртфиналето на турнирот во Биел. Нивните противнички го предадоа мечот без борба, за сега немам информации која е причината.
Во следно коло ќе играат против победникот од мечот Hingis/Bacsinsky - Marcinkevica/Witthoeft
Мертенс играше 2 меча по ред и ќе игра утре 1/4 финале, сака да биде одморена пред така битни мечеви затоа :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom