ДВД-теки во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Wildfrie
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
22 март 2017
Мислења
9
Поени од реакции
88
Возраст
24
Здраво дечки, да ве прашам. Ми дојде мераков да си напраам некоја колекција од ДВД-а, па да ве прашам, да не знаете некоја ДВД-тека во Скопјево кај што ќе ми изрежат филм, онака со паковка и се..
 
Тешко, не сме 2005 та. Али затоа имаш интернет, имаш едно програмче NERO, и уште празни двд-а од трафика ти требаат. Бар на времето тоа ми требаше кога имав дајл ап.
 
Имаше кај Матица уствари мислам дека сеуште постои тоа, ама не сум влегол никогаш така да не знам дали режаат со паковки и со се тоа.
 
Ќе ти направат и ќе ти земат околу 80-90 ден за филм. Јас така порано ги правев пошто ме мрзеше сама да се замарам, ама сега вака правам:
купувам цд 20 ден, симнувам филм, го режам дома сама, барам омот на нет, го ставам на усб, идам во фотокопир, купувам паковка, заедно со печатење на омотот ме кошта 30 ден и ете ти филм за 50 денари.
 
Исто прашање само за Блуреј, дали знаете колку е едно празно Блуреј ЦД? Многу сакам да имам таква колекција дома заедно со физичките копии на игри, но не ми се дава пари за оригинал Блуреј да порачувам, а со модерниот брз Интернет не би требало да имам некој поголем проблем да симнам 25/50ГБ, колку што се обично блуреј на Замунда.
 
Едно не знам дали може да се купи некаде.
http://www.anhoch.com/product/40877/bd-r-25gb-6x-verbatim-datalife-5pcs-jewelcase
 
До пред некоја година и јас режев скоро се на цд-а дури и купував филмови и разно разни други цд-а, сметав дека е добро да си колекционер но сега некако престанав со тоа затоа што не сакам да се натрупувам со пластика а и брзо се гребат при секое вадење од папка плус се трошат доста пари а ти требаат и за други работи во животот .

Сметам дека нема сеуште да згаснат цд-ата во светов бидејќи се еден од начините за да се дојде до легално убаво спакувано издание на филм, серија, музика... за домашна употреба и колекција.
Сега само легално би купил цд-а ако веќе сакам да ми е спакувано добро но и тоа би го правел еднаш во не знам колку години затоа што немам толку пари за да сум некој страстен колекционер кој би купувал секоја година по неколку цд- двд изданија.

Последниве две-три години не знам и кога последен пат го уклучив двд плеерот, кога пуштив цд на компјутер или лаптоп затоа што филмовите па и музиката сега може да се слуша и гледа онлајн на интернет.
 
Да си у Америка да купуваш блурејки да разберам.

Ама дивиди у македонија...
 
Здраво дечки, да ве прашам. Ми дојде мераков да си напраам некоја колекција од ДВД-а, па да ве прашам, да не знаете некоја ДВД-тека во Скопјево кај што ќе ми изрежат филм, онака со паковка и се..

Мислам дека има една до издавачката куќа/книжарница Матица Македонска. Наминете таму.
 
Мислам дека има една до издавачката куќа/книжарница Матица Македонска. Наминете таму.
Ми се допаѓа тоа како ни персираш тука на Кајгана форум а сите сме кој од кој.
Ко онаа од Бургер Кинг, „повелете господине“. Кој црн господин...
 
Ми се допаѓа тоа како ни персираш тука на Кајгана форум а сите сме кој од кој.
Ко онаа од Бургер Кинг, „повелете господине“. Кој црн господин...
За себе кажувај си. Јас на пример господин сум. :icon_lol:
 
Ми се допаѓа тоа како ни персираш тука на Кајгана форум а сите сме кој од кој.
Ко онаа од Бургер Кинг, „повелете господине“. Кој црн господин...

Ви благодарам почитувана колешке-кајганџике за забелешката.;) Во принцип јас за никој не правам поделби врз основа на какви било критериуми... Во суштина, јас сите ги почитувам, меѓутоа за се има граница, т.е. се додека постои взаемно разбирање и почит и третирање на другата страна како човек.
 
Здраво дечки, да ве прашам. Ми дојде мераков да си напраам некоја колекција од ДВД-а, па да ве прашам, да не знаете некоја ДВД-тека во Скопјево кај што ќе ми изрежат филм, онака со паковка и се..

купувај празни двд и симнувај фиомови од нет DVD5 или DVD9 ..DVD9 ти е подобар квалитет ... п.с Штета што не сме во Америка :D :D таму има и Blu-Ray i DVD i Digital HD оригинали :)
 
dvd во 2017-та. грешка во континуумот време простор
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom