Miami Open 2017

  • Креатор на темата Креатор на темата The King of Clay
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе го освои Miami Open 2017?

  • Федерер

  • Надал

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Статус
Затворена за нови мислења.

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.038
Поени од реакции
3.635
Miami_Open_presented_by_Itaú_logo.svg.png

Еве ја темата за вториот мастерс во тениската сезона. Сметам дека нема потреба за некое спектакуларно отворање, важните информации околу турнирот сигурно ги знаете.
Ајде на кратко, турнирот во Мајами има формат на жреб ист како и во Индијан Велс, ќе се игра неполни две недели и тоа е причината што многу го сметаат како петти грен слем.
За разлика од претходните години, оваа е видно ослабен поради отсуството на Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј, па така први двајца носители ќе бидат Вавринка и Нишикори.
Првиот натпреварувачки ден е веќе завршен, денес се одиграа околу 50-тина мечеви, сите со квалификационен карактер. Утре почнува главниот жреб кај дамите, а мечеви од главниот жреб кај мажите може да очекуваме веќе од среда. Два дена подоцна почнува второто коло и на сцена доаѓаат и дел од тие 32 носители кои биле слободни во првото коло.

Ќе биде интересно да се види како ќе реагира најдобриот играч за 2017, тоа е несомнено Федерер кој ги освои и двата најважни турнири до сега, интересно е тоа што на вториот освоен не загуби ниту сет. Дали ќе може да продолжи со неговата неверојатна игра и тука?
Покрај Роџер, очекувам добри партии и од Вавринка, Надал, Тием, Димитров.
Токму Тием денеска учествуваше на правењето на жребот во неговата категорија и немаше баш добра рака, во евентуално четвртфинале би требало да игра против Федерер.

Целосниот жреб од машката конкуренција може да го видите тука.

За дамите верувам нема потреба да пишувам, просто не беше ни спомнат шампионот од Индијан Велс, ниту пак се прокоментира некој од мечевите.
И кај мажите и кај жените има нешто заедничко, оваа година и двајцата актуелни шампиони нема да бидат во можност да ја бранат титулата, како што спомнав погоре Новак нема да игра поради повреда на лакт, а поради мајчинство Викторија Азаренка ќе пропушти солиден, ако не и цел дел од тениската сезона 2017.

За крај, ајде по еден одговор на анкетата, без Новак и Мареј ќе биде интересно како ќе одат гласовите. :D
 
Еве ги првите 15 фаворити според bet365
upload_2017-3-21_14-52-56.png

Федерер против Дел Потро во третото коло, меч кој вреди да се гледа. :)
 
WTA број 6, Агнјешка Радванска ладно не успеа да освои ниту еден сервис гејм. Да напоменам, најдобар ранкинг и е број 2. Што уште нема да видам, без разлика што се работи за женски тенис...
 
WTA број 6, Агнјешка Радванска ладно не успеа да освои ниту еден сервис гејм. Да напоменам, најдобар ранкинг и е број 2. Што уште нема да видам, без разлика што се работи за женски тенис...

Според мене тенисерка со најдосадна игра :)
 
Теренот не може да го погоди човекот... :(
 
WTA број 6, Агнјешка Радванска ладно не успеа да освои ниту еден сервис гејм. Да напоменам, најдобар ранкинг и е број 2. Што уште нема да видам, без разлика што се работи за женски тенис...
Надал не успеа да освои ниеден гем во прв сет. Да напоменам, најдобар ранкинг му е број 1.
 
Надал не успеа да освои ниеден гем во прв сет. Да напоменам, најдобар ранкинг му е број 1.
Не го гледав првиот сет. Од самиот старт на вториот го уклучив мечот и по импресиите кои ги имам е извесно дека Надал оди понатаму. Ако стварно го поврзуваш ова со Радванска, топ, и Новак лани изгуби сет 6-0 од факинг Белучи.
 
И што е толку чудно? Лучич важи за одлична тенисерка, зборуваше Ставро зошто не го има искористено својот потенцијал... Мирјана има топ во раката и може да победи многу тенисерки, а не па една Радванска која е во голем пад последниве 6 месеци.
 
Гем на свој сервис да не освои, не е чудно?
 
Гем на свој сервис да не освои, не е чудно?
Не е чудно затоа што нема сервис, никогаш не ни имала, а како што кажав моментално е очајна, нема дефанзива, нема офанзива, ништо нема...
 
Не е чудно затоа што нема сервис, никогаш не ни имала, а како што кажав моментално е очајна, нема дефанзива, нема офанзива, ништо нема...
Не ти реков да не изгуби сервис гејм, ало бе, еден нека задржи. Тренира тенис???
Истата Лучич изгуби од "10-годишно" девојче во Индијан Велс.
И најважното, како сакаш речи, Радванска беше солиден фаворит во тој меч, да беше обратно, ајде и нека не задржи сервис.
 
Стварно не знам што е толку чудно во тоа... Женски тенис, тенисерка без сервис, без самодоверба моментално, без ништо... Па еве Надал јадеше компир денес, а зборуваме за машки тенис...
 
Стварно не знам што е толку чудно во тоа... Женски тенис, тенисерка без сервис, без самодоверба моментално, без ништо... Па еве Надал јадеше компир денес, а зборуваме за машки тенис...
На некој му текнало да се игра до два добиени сета, за ако во првиот не се случува нешто според планот, доколку играчот заслужи и докаже дека може повеќе, тогаш ќе ги промени работите во остатокот од мечот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom