Diabolical !llusion
Магец
- Член од
- 3 август 2006
- Мислења
- 2.238
- Поени од реакции
- 22
- Возраст
- 36
Сто години од раѓањето на доајенот на македонското актерство Сомнително лице во чест на Петре Прличко
По повод 100-годишнината од раѓањето на актерот Петре Прличко во неговиот роден град Велес беше одржана свечена академија, а во чест на бардот на македонското глумиште во Паркот на културата беше откриена и биста на Прличко, изработена од академик Томе Серафирмовски. Во чест на јубилејот, Македонскиот народен театар на 17 март премиерно ќе ја изведе претставата „Сомнително лице“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Синиша Ефтимов. Ликот на Јеротие Пантиќ во претставата, што Прличко го играше четири децении, во новата премиера ќе го игра неговиот внук Игор Џамбазов.
Петре Прличко е роден во Велес 1907 во година како Перица Алексиќ. Во 1923 година му се придружува на патувачкиот театар на Михајло Лазиќ, кој доаѓа во неговиот град и неговата посветеност на театарската уметност трае 70 години. Во 1930 година основал сопствен театар „Плава птица“, подоцна преименуван во „Боем“. Во 1940 година е првпат професионално ангажиран во „Краљ Александар Први“ во Белград. До крајот на животот одиграл 500 претстави, 80 драмски ролји и две оперетски. Прличко имаше и филмски улоги, настап во првиот македонски филм „Фросина“, во „Мис Стон“, во околу 50 филмски и дваесетина телевизиски улоги. Почина на 88 години, во 1995 година.