Иновациски и проектен менаџмент - перспективи во МК?

  • Креатор на темата Креатор на темата FotoLina3
  • Време на започнување Време на започнување

Би избрале ли ваква професија?


  • Вкупно гласачи
    3
Член од
23 ноември 2015
Мислења
3
Поени од реакции
0
Очигледно во светот се доста барани професии, но дали и во нашата државичка?

Оваа тема ја отворам на неколку форуми со цел да ги слушнам мислењата на јавноста. Кога би тргнала од себе, би рекла дека проектниот менаџмент е нешто доста интересно, креативно и варијабилно (и со добра плата - во странство). Што се однесува до иновацискиот менаџмент, го сметам за сроден со маркетингот или бизнис процесите - менаџер со иновации би имал функција да му помогне на инвенторот да ги спроведе неговите идеи во пракса и притоа да заработи.

На пазарот на труд во МК наводно се бараат овие професии - постои ваков смер на Економски факултет-Прилеп веќе 3-4 години (во 2016/2017 имаше 55 слободни места), меѓутоа интересот за запишување е многу слаб.

Неколку прашања:
1. Дали сметате дека би нашле добра работа во Македонија со оваа професија? Дали воздржаноста на сопствениците на фирмите да пренесат дел од своите одговорности на менаџерите претставува пречка?
2. Дали ние, како народ, сме иновативни и дали поддршката на иновациите ќе придонесе за развојот, или пак е обратно?
3. Дали можеби проблемот во ниската понуда е во недостатокот на комуникација, односно информираноста во однос на побарувачката на пазарот на труд?

Секое мислење е добредојдено.
 
Постојат вакви позиции по големите компании и кај нас, но прашање е што имаат завршенотие што се на таквите позиции, мислам дека тие се луѓе докажани во својата компанија или донесени од друга компанија каде што се докажале, а не поради што завршиле таков факултет.
Второто прашање е што може да те научат на таков факултет, инвовативност е дел вродено, дел се стекнува со читање и читање и тоа ако сакаш да си иновативен во Македонија читај странска литература, ние сме назад во секоја област, па и да немаш креативна жичка ќе препродадеш нешто што го смислил друг, а тука не било видено.
На факултет посебно во Македонија се учат едвај 5% корисни работи, се друго е глупости со книги од 40тите или некоја понова преведена со гугл транслејт и таа ја шитка професорот како некое капитално дело :tapp:
 
на ФЕИТ исто така има смер за постдипломски по проектен менаџмент
 
Фрли во вода ова, за да бидеш ваков проектен менаџер ти требаат години искуство, бидејќи тоа што го кажува законот и стандардите во МК многу малку се почитува и се оди според тоа, секој гледа да заштеди на пари, време и материјали со преземање на големи ризици, или стратегија ако проџе проџе.
Сконцентрирај се на една област, би ти препорачал инженерство, кога ќе собереш доволно искуство во секој момент можеш да работиш како самостоен консултант или во фирма како проектен менаџер.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom