Очигледно во светот се доста барани професии, но дали и во нашата државичка?
Оваа тема ја отворам на неколку форуми со цел да ги слушнам мислењата на јавноста. Кога би тргнала од себе, би рекла дека проектниот менаџмент е нешто доста интересно, креативно и варијабилно (и со добра плата - во странство). Што се однесува до иновацискиот менаџмент, го сметам за сроден со маркетингот или бизнис процесите - менаџер со иновации би имал функција да му помогне на инвенторот да ги спроведе неговите идеи во пракса и притоа да заработи.
На пазарот на труд во МК наводно се бараат овие професии - постои ваков смер на Економски факултет-Прилеп веќе 3-4 години (во 2016/2017 имаше 55 слободни места), меѓутоа интересот за запишување е многу слаб.
Неколку прашања:
1. Дали сметате дека би нашле добра работа во Македонија со оваа професија? Дали воздржаноста на сопствениците на фирмите да пренесат дел од своите одговорности на менаџерите претставува пречка?
2. Дали ние, како народ, сме иновативни и дали поддршката на иновациите ќе придонесе за развојот, или пак е обратно?
3. Дали можеби проблемот во ниската понуда е во недостатокот на комуникација, односно информираноста во однос на побарувачката на пазарот на труд?
Секое мислење е добредојдено.