Каде да пријавам насилство врз малолетно дете?

  • Креатор на темата Креатор на темата skinny
  • Време на започнување Време на започнување
http://www.mtsp.gov.mk/prijavi.nspx

Министерство за труд и социјална политика

prijavi-large.jpg
 
Или полиција или во Центарот за социјална работа. Во полиција ќе ти бараат точни податоци сигурно, а ако сакаш можиш да им изрецитираш све и исклучиго телефонот. Тие мора да излезат на наведената адреса и да го проверат тоа.

Полицијата после тоа мора да викни работник од социјални грижи и заедно да ги обават разговорите а по потреба и лекарските прегледи на малолетникот
Како не, морало да излезат, ич не се замараат. Јас сум пријавувал слично нешто, не реагираат.
 
Ај дете да искараш , да го исплескаш малце оти направило бејла ама па секоја ден.... Тоа е веќе малтретирање. Не секогаш со насилство се уче детето дека тоа се лоши работи и навики. Имам ќеркичка и 6 годинки ипак се караме ама па знае онаа дека лоши работи праве и знае да си втера во паметот за друг пат. Со детето треба да бидеш не само родител туку и најјдобар другар исто така и да го сослушаш што е со него и да имаш разбирање.
 
Што му ја мислите па дали со точно име ќе пријавите? Таа дека го тепа детето не значи дека може возрасни луѓе да тепа - баш напротив.
А и оваа мерка со ќотек за нејзе јас не би ја исклучил затоа што полицијава е претворена во последно време во „тим за увид“ - доаѓаат, земаат податоци и ништо не праат.

Затоа што постојат таканаречени „човекови права“.
 
во наше време се јадеше ќотек... е сега се утврдило дека тоа е штетно... ама укинувањето ќотек има други последици, со камата...
посебно кога детето се уште не е полнолетно
( не потпаѓа под затвор) ама криминали праи..
http://www.libertas.mk/povreden-so-nozh-15-godishnik-od-souchenik/
 
Луѓе доста живеете во шведски филм, ова е Македонија... Јас работев во Центар за социјална работа, и знам шо се случува при пријавување на насилство... -Ништо. Институциите се немоќни да превземаат никакви мерки освен опомени... Сега сум наставник и пак исто гледам секој ден. И? Ни се сменило ни ќе се смени, ниту пак има потреба да се смени. Има лудаци и ќе има... Сите што се нормални луѓе знаат како треба со децата, тие шо не се џабе и пријави и се секако не се мењаат. Престапниците кои сториле семејно или било какво насилство, во 95% го повторуваат истото откако ќе одлежат или ќе бидат опоменати или ќе им биде изречено некоја условна казна...
 
И што, треба да замижат и да се откажат?
Поради ваквиот однос и „доста живеете во шведски филмови“ дојдовме до ова дереџе.
Само дрочење на службите, додека не преземат нешто - не конкретно за овој случај, туку за се' во животот.
 
Теоретски е така, практично потешко...
 
ко веќе институциите се немоќни во вакви случаеви се чудам само како некој не се најде паметен да тропни кај таја лудача на врата и да му кажи едно 2-3 убави зборови :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom