Разлика помеѓу дво-тактен и четири-тактен мотор

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.247
Поени од реакции
12.458
Многу ми кажале дека дво-тактниот полесно се расипува, повеќе троши и потежок е за одржување. Дали е ова точно, и што препорачувате?
 
Дво тактните се полесни за одржување и повеќе траат бидејки има помалку што да им се расипи:)

2strk_2diag.gif

2strk_4diag.gif
 
Си заборавил едно нешто. Двотактните имаат повеќе обртен момент, а со тоа и поголема коњажа на помали кубици. Маана му е тоа што треба обавезно да се додава масло (не било какво туку двотактол пошо од обично многу чади) во бензинот или поновите имаат маслена пумпа која многу често знае да затаи па од таму одма ке ти зариба двотактниот. Затоа ги кудат демек не чинат и сл. За мотор одлични се!
А за потрошувачката... Тука некаде се. Може двотактниот да троши 0.5л повеќе од четворотактниот. Ама забрзувањето на иста кубикажа е неспоредливо (секое задоволство се плаќа).
 
Струмикс напиша:
DKW на времето... И, првиот му братучед Wartburg, а богами и Trabant
Ама во Wartburg во 90-та (последните модели) ставаа мотори од VW 1.6 (мислам дека од Голф 1 со некоја модификација).
 
Се убаво, само дека е до маслената пумпа проблемот, не е(на мотори од звучни марки-кавасаки, сузуки, хонда)немаат проблем со маслената пумпа со редовно одржување и адекватно, но тврдам дека трошат многу повеќе од +0.5 литри за разлика од четиритактните -трошат дупло.
Акција-реакција(поголем вртежен момент повеќе гориво) симпл.
 
За понеупатените, дизел локомотивите ``Кенеди`` работат на двотактен дизел пронцип на работа::cool:

Мое видео:

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom