Се бара име за првиот регионален филмски фестивал.

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.458
Поени од реакции
8.654
Возраст
34
mkd.png

ПРАТЕТЕ НИ ГИ ВАШИТЕ ПРЕДЛОЗИ ДО 8 ЈАНУАРИ
Британски совет објавува јавен повик за избор на име за првиот регионален филмски фестивал на кој ќе бидат прикажани најновите британски филмски наслови.
Сè уште неименуваниот фестивал на британски филм ќе се одржи истовремено во Скопје, Белград, Сараево, Подгорица, Призрен и Тирана од 16 до 19 февруари 2017 година. Форматот на фестивалот е прилично единствен – публиката во овие шест градови ќе има можност да гледа десет филмски премиери истовремено во текот на четирите фестивалски денови.

Предлозите за името на фестивалот можете да ги доставите до 23.59 часот во недела на 8 јануари, преку пополнување на краткиот формулар на крајот на страницата.

Авторот на победничкиот предлог ќе добие гратис билети за приватна проекција (за него и неговите 20 гости) во текот на фестивалот на една од шестте локации по сопствен избор.

Правилата се едноставни и потребно е само да бидете креативни. Единственото ограничување е името на фестивалот да биде на англиски јазик за да може да се користи во целиот регион. Бараме име кое ќе биде лесно за паметење и ќе биде поврзано со Велика Британија и британскиот филм.

Победничкото фестивалско име ќе биде избрано од страна на група филмски и маркетинг експерти од Британски совет.
Правила и услови за учество на англиски јазик тука http://www.britishcouncil.mk/film-festival
 
Нема романтична вечера со Кавил, а? Bummer! :(

Ајде сите да учествуваме, како би ги зголемиле нашите шанси за победа, и тој што ќе освои ќе ги носи останатите од Филм и Тв на приватна прокеција :X3:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom