Престој во Манастири

Член од
24 мај 2014
Мислења
5.309
Поени од реакции
5.926
Колку што пребарав нема ако има ваква или слична тема спојувајте слободно. Не ме интересира престој во Манастирски конаци (соби) каде се плаќа за престојот и немаш ништо со црковниот ред ! Прашувам за престој од типот каде живееш во манастирот исто како калуѓерите, имаш своја задача, во ист ред и тајминг со нив живеш, литургии итн. Ова го прават нарко зависниците (не сум нарко зависник) само имам желба да престојувам одреден период во таков ред и стил. Конкретно прашувам дали ова се наплаќа и колку ? Со кого ке ја делам собата таму ? Дали е можно ова и во женси манастир ? Кој манастири го дозволуваат и работат овој тип посети ? Дали е точно определен минималниот број на денови од ваков престој ?
Благодарам однапред.
 
не знам многу но да одговорам,сакам да помогнам. Само за скопскиве манастири нешто знам а и во нив сум бил почесто. Оние манастири на Скопска црна гора сум чул дека издаваат соби за подолго време.
Значи не за викенд туку најчесто за цела година и е доста евтино.Само што тешко се наоѓа слободна соба.таков е манастирот над Кучевиште.
 
Ти не наплаќаш, манастирот може да ти плаќа тебе ако има потреба од тебе, ако нема можеш ти пак да одиш но да не ти плаќа. Конкретно за манастирот св Јован Претеча во Слепче, Демир Хисар, фамилија маж жена и две деца своеволно живеат на манастир, а манастирот им дава плата. Работа им е да ги наранат говедата (крави, овци, кокошки итн) да им зачистат да ги измолзат да ги напасат и ред други работи. Манастирот произведува месни и млечни производи, и тука работиш. Кога е потопло одиш на дрва и го снабдуваш манастирот со огрев.

За смештај сигурно ќе имаш посебна соба во конакот. Ако те интересира нешто повеќе конкретно за овој манастир, можам да ти дадам број од Отец Серафим кој сигурно подобро би ти кажал што и како.
 
тоа е друго нешто,тоа го има во секој манастир,таа фамилија или лица како се викаат незнам, ДОМАЌИНИ на манастирот,домари,тие таму живеат точно и се грижат за се во манастирот се тоа што и вие го наброивте, но има и покрај соби за гости најчесто од ден-два и соби за подолг престој-годишен. Е тие лица си плаќаат за престојот а може да бидат вклучени и во некој помали активности во животот и работата таму.За литургии врата е отворена.
 
Се чини интересно човек да престојува некое време во манастир, посебно ако манастирот е малку подалеку од населено место, без многу гужви. Може е и подобро само да си закупиш соба, да ги посетуваш активностите во црквата, да си читаш книги, да се излолираш некое време од телевизија, интернет, телефони, весници... Мислам дека тоа ке делува многу смирувачки, ке го снема стресот, човек ке се одмори и наполни енергија...
 
Колку што пребарав нема ако има ваква или слична тема спојувајте слободно. Не ме интересира престој во Манастирски конаци (соби) каде се плаќа за престојот и немаш ништо со црковниот ред ! Прашувам за престој од типот каде живееш во манастирот исто како калуѓерите, имаш своја задача, во ист ред и тајминг со нив живеш, литургии итн. Ова го прават нарко зависниците (не сум нарко зависник) само имам желба да престојувам одреден период во таков ред и стил. Конкретно прашувам дали ова се наплаќа и колку ? Со кого ке ја делам собата таму ? Дали е можно ова и во женси манастир ? Кој манастири го дозволуваат и работат овој тип посети ? Дали е точно определен минималниот број на денови од ваков престој ?
Благодарам однапред.
Провери во Свети Јован Бигорски, имаат и веб сајт со податоци за контакт http://www.bigorski.org.mk/index.php
Колку што ми е познато таму за кратки престои не се наплаќа, за подолги не знам.
 
Не се наплаќа, прашав јас летоска, ако сакаш да им бидеш гостин и да престојуваш одредено КРАТКО време треба да отидеш и да се најавиш, не знам дали ќе те стават на список или како иде тоа, и после недела дена одприлика можеш да отидеш и да престојуваш таму со тоа што ги правиш истите работи што и монсите, значи стануваш у 5, литурии, доручеци, ручеци и остали ствари што се дешаваат секој ден.
 
Колку што пребарав нема ако има ваква или слична тема спојувајте слободно. Не ме интересира престој во Манастирски конаци (соби) каде се плаќа за престојот и немаш ништо со црковниот ред ! Прашувам за престој од типот каде живееш во манастирот исто како калуѓерите, имаш своја задача, во ист ред и тајминг со нив живеш, литургии итн. Ова го прават нарко зависниците (не сум нарко зависник) само имам желба да престојувам одреден период во таков ред и стил. Конкретно прашувам дали ова се наплаќа и колку ? Со кого ке ја делам собата таму ? Дали е можно ова и во женси манастир ? Кој манастири го дозволуваат и работат овој тип посети ? Дали е точно определен минималниот број на денови од ваков престој ?
Благодарам однапред.
Во Бигорскиот манастир може да се престојува само со претходно најавување кога се доаѓа и за траењето на престојот. Ако си заинтересиран навистина ќе ти испратам број д о. Сергиј, па можеш да се јавиш и да се договориш за се што си заинтересиран. Нити престојот за мирјани, нити за лекување зависници не се наплаќа, се' е бесплатно само треба да се почитуваат правилата и да се исполнуваат послушанијата.
 
Телефонски број или имејл од некој одговорен за престојот од Бигорскиот Манастир дечки ?
 
Тоа што ќе станеш монах на неколку дена ќе те смири? :)
Можеби е подобро и да те натера да останеш таму штом во светот меѓу луѓето не можеш да најдеш мир и цел!
 
Хепта,

кажи му на чо‘екон како се постигнуе мир и цел у животот...Од твое искуство, нормално!
 
Му кажав, мислиш ќе му молчам? :)
Во манастир ќе одел, да одморел од светот...
Исус се уби од одење бос по светот шетајќи, овој мир бара...
НЕМА МИР за ВАС! :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom