Прво одиш во МЗШВ во подрачната општина, таму те внесуваат во ЕРЗС (единствен регистар на земјоделски стопанства) пополнуваш образец за КАПАЦИТЕТИ со кој оставаш копија од лична карта, копија од трансакциска сметка и имотен лист од парцелата на која ви е овоштарникот, а ако парцелата е под закуп и договор за закуп заверен на нотар.
По внесувањето во ЕРЗС ќе ти ја дигитализираат (цртаат) парцелата во СИЗП (систем за идентификација на земјоделски парцели) исто во МЗШВ.
За насад под ореви треба да имаш минимум 7 садници на декар, а кај тебе на седум декара треба да имаш над 50 садници за да го исполниш минималниот број. Освен минимален број садници по декар треба да видиш и дали 7 декари се доволна површина за ИПАРД апликација (критеријумот го пропишува МЗШВ)
За да користиш субвенција за одржување на овошен насад од ореви е врзана мерка со мерката за подигнување на нов насад, односно треба да имаш апликација во програмата за рурален развој за подигање на насад ореви и да си користел поврат на 50 % од сумата за садниците за да користиш мерка за одржување, ако насадот ти е со твои садници кои сам си ги произведел од семка нема да имаш субвенција.
Кога ќе се објави јавен повик за апликација во ИПАРД 2 програмата (очекувам почеток на 2017) оди во локалната канцеларија на АПРЗ (агенција за поттикнување и развој на земјоделството) таму ќе ти побараат имотен лист од катастар, потврда за упис во ЕРЗС и извештај од СИЗП од МЗШВ, а од фирма за земјоделска механизација ќе однесеш профактура за модел на трактор за кој сакаш да аплицираш. Откако ќе ја комплетираш документацијата со вработените во АПРЗ ќе ти изработат деловно технички бизнис план со кој ќе конкурираш во АФПЗРР (агенција за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој).
По 5-6 месеци ќе добиеш писмено решение дали проектот ти е оддобрен или одбиен, ако ти е одобрен ќе те викнат во Скопје во АФПЗРР да потпишеш договор за кофинансирање, по потпишувањето имаш обврска да го купиш тракторот со сопствени средства (твои или кредит), а потоа го регистрираш и со оригинал фактура, извод од банка, налог пп 30, копија од сообраќајна заверена на нотар одиш во АПРЗ таму ти подготвуваат барање за поврат на средства и со комплетирање на документите го праќаш до АФПЗРР.
Од АФПЗРР ако ти е се во ред со документите ти испраќаат контрола пред исплата (доаѓаат 2 инспектори кои го сликаат тракторот и бр. на мотор и шасија). Ако е се во ред по некоја недела ќе добиеш решение за исплата и исплата на трансакциска сметка на 55-75 % во зависност на процентот на кофинансирање кој ти е одобрен.
Документацијата за апликација е обемна контролите се строги и буквално се одбиваат проекти за точка и запирка, секој проект е подложен на супервизија од ЕУ и не сум слушнал некој без комплетна документација да земе поврат на пари преку ИПАРД.
СО СРЕЌА!!!