Дронови

  • Креатор на темата Креатор на темата ribari89
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 август 2014
Мислења
77
Поени од реакции
146
Не видов тема за дронови и нивна употреба. Кажите некој шо знајте добри дроној, спецификации, цена и сл. :)
 
Кажи за што ти треба, ова е како да прашаш дај кажете автомобил, а не знаеме ниту за што ќе го користиш, ниту колку имаш финансии.
А може да се употребуваат во премногу работи и комбинации, јас поседувам DJI Phantom 4, во моментов ми ги исполнува потребите.
Ако се отселам на амерички континент би го земал ова
 
Незнам како можи DJI Fantom да ви е добар.. јас го имам користено и не сум многу задоволен. Многу е потежок, погломазен, повеќе делови што можат да се сккршат.
После тоа купив Bebop Parrot 2 и каде каде е подобар. Има специјален контролер и плус опции за поврзување со VR очила (ги неам јас тие очила). Камерата е поставена напред на дронот и леташ во прво лице ама буквално. Има fish eye камера и снима 180 степени. Имам снимано рекламни спотчиња со чудово и ептен го препорачувам.
 
Незнам како можи DJI Fantom да ви е добар.. јас го имам користено и не сум многу задоволен. Многу е потежок, погломазен, повеќе делови што можат да се сккршат.
После тоа купив Bebop Parrot 2 и каде каде е подобар. Има специјален контролер и плус опции за поврзување со VR очила (ги неам јас тие очила). Камерата е поставена напред на дронот и леташ во прво лице ама буквално. Има fish eye камера и снима 180 степени. Имам снимано рекламни спотчиња со чудово и ептен го препорачувам.
Не си сериозен со споредбава така ?
 
Не сум го користел Bebop Parrot 2 , но според тоа што го гледам како спецификации не сум воодушевен, плус ако споредиш и цена ќе сфатиш колку е разликата.
https://www.parrot.com/us/drones/parrot-bebop-2-fpv-adventure-0
http://store.dji.com/product/phantom-4-pro#/?_k=1un212
Како прво секој си знае за што му е потребен и таков ќе си набави, како второ во Македонија нема пазар за профи дронови, погоре имам наведено еден кој надвор се користи прилично, али да земеш дрон од над 25К во државава е лудост.
За снимање на клипчиња за на фб и некоја ситна реклама може и некој ваков да брка работа, али за посериозни проекти каде што треба да направиш орторектификации, 3д модели со милиметарска точност посебно вертикалниот датум, профи видеа, панорами и слични работи не сум баш убеден дека со ова погоре може да се изведе истото, таму дури и фантомот морам да го надополнувам со алтернативни методи од земја за да ја завршам работата.
 
абе видов декс немат тема за дронови па реков као генерална дискусија, кој имат искуство со дроној да кажит и слично. Имам јас syma x8w, ама се наоѓат во категорија на играчки, со слаб range, без gps, за учење едноставно, али кога би имал финансии за подобар дефинитивно би зел фантом 4 или инспајр 1 :)
 
Дечки ми пукате в срце со темата. Страшно голема желба имам дрон глеав некои дронови но незнам дали е дозволено да си порачам од алиекспресс нели сеа последното со американецот ме премисли.
Знае ли некој дали можам да си порачам и дали ќе стигни?А овие паррот и дј 4 се доста скапи играчки освен ако не работите со нив.

Ако летате некогаш во Битола или во близина да ми се јавите да погледам малку...;)
 
Мојш другар од алиекспрес да нарачаш, ќе стигнит, само ќе платиш царина. Јас го платив 100 $, и уште 1800 царина. Копија на dji phantom 2, само без гпс, опсег на летање од 100 метри, време на летање околу 10 минути. received_1299533796723277.jpeg FB_IMG_1482402168011.jpg
 
Мојш другар од алиекспрес да нарачаш, ќе стигнит, само ќе платиш царина. Јас го платив 100 $, и уште 1800 царина. Копија на dji phantom 2, само без гпс, опсег на летање од 100 метри, време на летање околу 10 минути. Прегледај го приврзокот 162158 Прегледај го приврзокот 162159

Секоја чест, ти благодарам на одговорот, бидејќи немам досега нарачувано и плаќано царина дали ја знаеш како оди постапката за плаќање царина(дали треба да се оди лично Скопје или можам да го направам од дома?)
 
@ribari89 овој повеќе за играчка може да го користиш и евентуално некој краток клип или слика од висина, инаку за секоја посериозна работа ќе имаш проблем (кратко времетрање на лет, нема гпс за орторектификација и автоматизирано снимање и тн), али сепак за тие пари аматерски фотоапарат може само да купиш, со здравје да се користи и ако ти е земен да подработуваш да ти се множат проекти :D
 
Можам и за "посериозен" проект да го користам. Требит само гимбал да си зеам, ама јас го зедов за да научам да возам и за кејф. Покасно ќе се земит еден фантом :)
 
Мала дигресија почитувани кајганџии.
Ќе може ли некој да ми каже дали дроновите кај нас се регулирани со некаков закон. Нели едно време имаше во мас-медиумите дека за секој дрон (независно од големината и перформансите) треба да се регистрира во Агенцијата за воздухопловство на РМ. Дали тоа значи дека истите се правно регулирани, или, пак, се уште постојат недоречености и сл.? Молам за подетално образложение од подобро упатените.:)
 
кружеше предлог закон за дроној. Ама предлог законов е само за овое кинескиве дроној, овие од dji имет во мапава restricted area кај шо не смеет да летет,болници, полиција, арм и слично. Сега за сега мислам дека немат уште закон.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom