Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Велија во Стразбур се жалеше за должината на притворот. И си доби пресуда, што Република Македонија во целост ја изврши. Му исплати 780 евра обесштетување.

Поентата ми е дека со добиена апликација во Стразбур нема на никој да му се прости или скуси казната, максимум што може да се добие е повторување на постапката, што во одредена мера е баш она што сега обвинетите во СЈО го посакуваат, што подолго да траат процесите за евентуално да дочекаат смена на власта, јасно е дека тактиката е таа.
 
Јас знам дека кога си против - си против, нема тука како пичка криење позади уставни измени или опсег. Се излегува мушки, со муда и се кажува дека уставните измени се неприфатливи и се додава дека ова е подмукло и понижувачки ради тоа тоа и тоа и ние како такво не го прифаќаме и без уставни измени.
Нема оставање простор за интепретација, глумење конструктивност и калкулации со штелувани референдуми.

Оние талибанцине од Беса ми се најпоштени дечки, нема каурски верски празници во името и чао пријатно.
Тоа е нашиот патриотски блок...нема хард кор.
 
Поентата ми е дека со добиена апликација во Стразбур нема на никој да му се прости или скуси казната, максимум што може да се добие е повторување на постапката, што во одредена мера е баш она што сега обвинетите во СЈО го посакуваат, што подолго да траат процесите за евентуално да дочекаат смена на власта, јасно е дека тактиката е таа.
До правосилна пресуда има пат за одење, за било кој од случаите. Особено со тие адвокатски имиња што ги имаат. Ова може да им служи како причина за барање политички азил во некоја европска држава, ако решат да бидат недостапни.
 
Ако се бореше за овој да е премиер, т.е. ако сметаш дека тоа е ок, ова е гола вода во споредба со тоа.
Иначе никот и аватарот баш е соодветен на периодов :) Или и на форум ќе го забраните?

Ја ако се борев ти немаше пристап до компјутер да имаш. Ников и аватарот со тоа што го резонираш ти се скроз контрадикторни. Ама толку ви сече.
 
Тоа ли ќе биде правната аналогија на која сега ќе се повикуваат обвинетите кои беа опфатени со таа амнестија, многу јако само што во нашите судови за разлика од грчкиот нема да помине, а дали Стразбур ќе ги прогласи за политички затвореници или не е најмалце битно, и Велија доби на Стразбур па си излежа затвор.
Види вака, ако Атинскиот апелациски суд досудил нешто повикувајќи се на меѓународни закони и сл. (не сум читал детално образолжението), тоа значи дека ако некој осуден се жали во Стразбург има огромни шанси да го добие спорот и државата да биде прогласена дека политички го осудила, а тоа е ептен лош углед во светот ако државата води политички процеси и за тоа имаш предуда од судот за човекови права, а да биде работата поголема не се работи за еден случај туку за 50.
 
До правосилна пресуда има пат за одење, за било кој од случаите. Особено со тие адвокатски имиња што ги имаат. Ова може да им служи како причина за барање политички азил во некоја европска држава, ако решат да бидат недостапни.

Не верувам дека ќе станат „недостапни“, ситуацијата воопшто не е иста кога избегаа овие двајца, ептен треба да се будали Заев и екпипата да дозволат некое од звучниве имиња да им киднат на ист начин.

Мислам дека ќе се оди на (и ќе се постигне на крај, барем за еден дел од обвинетите) „Бучковски ситуација“, а некои фиксно ќе изгорат, у тоа сум убеден.[DOUBLEPOST=1526747801][/DOUBLEPOST]
Види вака, ако Атинскиот апелациски суд досудил нешто повикувајќи се на меѓународни закони и сл. (не сум читал детално образолжението), тоа значи дека ако некој осуден се жали во Стразбург има огромни шанси да го добие спорот и државата да биде прогласена дека политички го осудила, а тоа е ептен лош углед во светот ако државата води политички процеси и за тоа имаш предуда од судот за човекови права, а да биде работата поголема не се работи за еден случај туку за 50.

Голема работа, разни европски извештаи говореа за политички затвореници во Грујово време, па не го кутна тоа него од власт.

Русија и Турција имаат најголем број изгубени случаји пред Стразбур, не гледам дека нешто особено им се промени ниту во политичката ниту во судската пракса.
 
Не верувам дека ќе станат „недостапни“, ситуацијата воопшто не е иста кога избегаа овие двајца, ептен треба да се будали Заев и екпипата да дозволат некое од звучниве имиња да им киднат на ист начин.

Мислам дека ќе се оди на (и ќе се постигне на крај, барем за еден дел од обвинетите) „Бучковски ситуација“, а некои фиксно ќе изгорат, у тоа сум убеден.
Дали сериозно мислиш дека се замара Зајо за ова? Ама искрено? Не бе друже, он си е премиер, овие со старата "пара буши..." ќе си одолговлекуваат додека не дочекаат правосилна ослободителна, и тоа е тоа. Битно стариот за Рада, осуден е.
Не бидете наивни, се замараа неколку фаци од шарената (исклучувајќи ги овие у Влада шо влегоа), имаа некои од нив искрена идеја, желба, мотив итн. Ама за соборци избраа погрешни ликови.
 
Ако не се замара тогаш греши многу, оти кога он ќе падне овие на кои сега им прети затвор сигурно нема исто како него да не се замараат за неговата слобода
 
До правосилна пресуда има пат за одење, за било кој од случаите. Особено со тие адвокатски имиња што ги имаат. Ова може да им служи како причина за барање политички азил во некоја европска држава, ако решат да бидат недостапни.
Е баш така, бидејќи државата води политички спорови овие можат комотно да си избегаат од затвор ако сакаат и да си отидат да си ги трошат тешко заработените милиони/милијарди во некоја друга држава,
значи Бетменче никој не зборува дали некој направил или не направил криминал, туку ти кажуваме дека они би биле недопирливи за правдата и во очите на светот ќе бидат маченици.
 
Како бе ви легна тоа „Горна“? Горе од што? Горе у небо?
Горе на карта е горе само затоа што така ти е свртена картата.
Ако ние сме горна, тогаш бујрум циганите нека си ја прекрстат својата у долна, инаку не е чесно.

Единствена разумна опција е билатерален договор со Грција, со која ќе се обврземе на отфрлање било каков иридентизам или територијални претензии (што е патетично како и да свртиш) и да не ја користиме античката историја како наше ексклузивно право (што и реално не е). Нека ни се обраќаат и со „го**ари зкопја“ ако сакаат официјално во меѓудржавна комуникација, ама да се задржи признавањето на државата под уставно име од страна на 120 членки на ООН и правото и други да не признаваат и да ни се обраќаат под тоа име.

Пред се, треба да се спроведе референдум дали да оди целиов спор „ерга омнес“ (како што го викаат), за употреба секаде или билатерално? Ако е ерга-омнес за очекување е мнозинство да биде против, а ако е за - тогаш „давајте вакви смешни предлози и да се самоосакатиме еднаш за секогаш“, па дали бил заев или паторот исти к***ц е, пошо од нас се и двајцата.
 
Ако не се замара тогаш греши многу, оти кога он ќе падне овие на кои сега им прети затвор сигурно нема исто како него да не се замараат за неговата слобода
Единствен од екипата на Груевски што стварно го сакаше Заев во затвор, беше Чавков. Некаква глупава струмичка пресметка. И веројатно тој најмногу ќе наебе.
 
Ако не се замара тогаш греши многу, оти кога он ќе падне овие на кои сега им прети затвор сигурно нема исто како него да не се замараат за неговата слобода
Ќе си изберат нивни претседател 2019та и мирна глава. Барем во нашава држава аболицирањето не е нешто невообичаено.
 
Полицијата го осомничи екс дикректорот на „Нискоградба“ дека го оштетил претпријатието за 250 илјади евра

Битолската полиција поднесе кривична пријава против поранешниот директор на ЈП „Нискоградба“ од Битола, Кире Крстевски (55), за „злоупотреба на службата“, а кривични пријави за „несовесно рабаотење“ поднесени се против неговите соработници во ова јавно претпријатие, помошник на директорот за технички работи М.М. (59), раководител на сектор за правни работи В.П. (58) и референтот за техничка исправност на возилата и поранешен раководител, С.Х. (55). Сите се осмничени дека во периодот од 2013 година до 2017 година му нанеле штета на ЈП „Нискоградба“ во вкупен износ од 15 милиони денари или 250 илјади евра.

Крстевски се товари дека во 2016 и 2017 година, по предлог на комисијата во која членувале останатите тројца пријавени, набавил бензин за возилата во претпријатието и масло за греење од правно лице кое немало лиценца за таа дејност, со што му овозможиле на оваа фирма да се стекне со противправна имотна корист од околу 6 милиони денари.

Во 2015 година, Крстевски, потпишал договор со фирма од Скопје за набавка на канализациски цевки, во вредност од 7,5 милиони денари, иако постигнатата конечна вредност на одржаната е аукција била 500 илјади денари, со што му овозмоил на ова правно лице да се стекне со вкупна имотна корист од 7 милиони денари.

Во 2016 година, пак, пораншениот директор на ЈП „Нискоградба“ му овозможил на фирма од која набавувал канализациони цевки да се стекне со 189 илјади денари повеќе од вкупно потпишана вредност од 2 милиони денари.

Крстевски се товари дека во периодот од 2013 до 2017 година дозволил да се набавуваат производи кои не се во спецификација на договорот склучен со фирма од Битола, со што ова правно лице се стекнало со имотна корист од околу 500 илјади денари.

На фирма од Скопје, со која ЈП „Нискограднба“ имало едногодишен договор за физичко и мониторинг обезбедување, од октомври 2014 до октомври 2015 година, Крстевски и овозможил да се стекне со противправна имотна корист од 1,4 милиони денари, затоа што без анекс на договорот и без посатпка за јавна набавка, фирмата ја ангажирал за истите услуиги до јануари 2018 година, кога бил потпишан нов договор

Неговите соработници пак постапиле несовесно при вршење на должноста, затоа што во постапкие за избор на најповолен понудувач за набвака на гориво за возилата и масло за греење, не го зеле предвид фактот што фимрата од Битола не поседувала лиценца за оваа дејност.

Полицијата поднесе кривични пријави против Крстевски и во април годинава, со кои тој се сомничи дека ги фалсификувал завршните сметки за 2013 и 2014 година, со цел да се прикаже добивка во работењето, а исто така, во периодот од 2013 до 2017 година, Крстевски одобрувал големи трошоци за репрезентација со што неоправдано се зголемувале расходите на претпријатието, за што поранешниот дикректор на Нискоградба заработи кривична пријава за несовесно работење.

Во библиската земја арамилук од библиски размери :icon_lol: пошто патриотите ги боли душичката за Македонија :pos:
 
Не ми се допаѓа името. Не ги опфаќа нашите пријатели албанците.
 
Како бе ви легна тоа „Горна“? Горе од што? Горе у небо?
Горе на карта е горе само затоа што така ти е свртена картата.
Ако ние сме горна, тогаш бујрум циганите нека си ја прекрстат својата у долна, инаку не е чесно.

Единствена разумна опција е билатерален договор со Грција, со која ќе се обврземе на отфрлање било каков иридентизам или територијални претензии (што е патетично како и да свртиш) и да не ја користиме античката историја како наше ексклузивно право (што и реално не е). Нека ни се обраќаат и со „го**ари зкопја“ ако сакаат официјално во меѓудржавна комуникација, ама да се задржи признавањето на државата под уставно име од страна на 120 членки на ООН и правото и други да не признаваат и да ни се обраќаат под тоа име.
.
а кога ние сме ја користеле античката историја како наше ексклузивно право, или барем така сме барале, не ми јасно зошто упорно играте по грчки ноти, ако беше ти како што си напишал споров требаше да се заврши уште пред 20 тина години. Ти мал беше или заборави што изјави Киро едноокиот?, Па онака на јавна сцена да не речам се избламира само да им удоволи на циганиве, изјави човекот дека немаме никаква врска со антиктата, дека сме дојдени од незнам каде, дека не не знаме што сме, и што добивме со тоа , од двете подолгото, не само што не добивме ништо туку грците тоа го злоупотребија да те негираат и да тврдат дека немаш право да се нарекуваш македонец и да го користиш името Македонија.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom