Патување низ ex-Југославија

  • Креатор на темата Креатор на темата PancirMKD
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
22 април 2012
Мислења
75
Поени од реакции
54
Здраво на сите,

Во план сум следново лето да направам една тура низ најубавите летни дестинации низ бивша Југославија. Исто така би сакал да ги посетам и најзначајните културно и историски места.
Дајте некои предлози каде сте биле и кои дестинации би било убаво да се посетат :)
Планот одприлика ми е од Скопје преку Косово во Црнагора, Хрватска,Словенија,Босна па Србија и назад
:)
 
Можам само ЦГ и делумно Хрватско приморје да ти посочам.
Во ЦГ посети го целиот бококоторски залив, 2 дена 1 котор 1 Херцег Нови, Пераст измеѓу, поскап е малку од другиве места (освен Будва чинам), после терај за Никшиќ. Ако планираш да утепаш уште еден ден во ЦГ оди во Острог, па фати го патот за Босна во Требиње. Од Требињe ќе мора да се враќаш по истиот пат до Х.Нови па да ја фатиш пак Јадранска магистрала за Дубровник. 5 км пред Дуб. застануваш во Цавтат, одлично мало место. Во Дуб. ти препорачувам да паркираш некаде надвор од град и да простудираш претходно инфраструктура, ќе ти треба пошто е невозможен за паркинг а вреди да го посетиш. Најди некое евтино место за преспивање и утепај цел еден ден во него. После терај даље до Хвар/Брач. Ако си со пари посети некој од островите, но да бидам искрен, малте не се` што ќе видиш до сеа личи едно на друго со таа разлика што тука ќе дадеш многу пари и време за траекти итн. Влези во сплит, иста процедура како и дубровник со таа разлика тука можеш да најдеш поевтин смештај во поновиот дел кој е малку подалеку од центарот. Ако ништо ете Макарска ти е на пат, помала верзија на сплит. Пријатно гратче и едно од поевтините во хрватско приморје - ниво на ЦГ. За даље немам што да ти кажам, можам само да ти предложам што во овие неколку градови да посетиш.
 
Oд Словенија фати таму на морето Изола, Копер, Љубљана обавезно (преубав град) и Блед нормално. Moжеш и Постојна ако имаш време, на пола пат е скоро меѓу морето и Љубљана.
 
Кумровец-обавезна дестинација на моја генерација...
па терај и ти таму кај куќата на маршалот и врховен командант.
(и обавестине дали се уште е на место споменикот и куќата)
 
Јас, Лет3 и можеби и Анчо сме шетале во екскурзии низ нашата ни мила и никогаш непрежалена ЈУ:ROFLMAO:. Нормално главни точки на посета беа партизанските споменици како Тјентиште, Јасеновац, гробот на незнајниот јунак на Авала кај Белграде, ``на Дрини ќуприја``, Дрвар,
 
Јас, Лет3 и можеби и Анчо сме шетале во екскурзии низ нашата ни мила и никогаш непрежалена ЈУ:ROFLMAO:. Нормално главни точки на посета беа партизанските споменици како Тјентиште, Јасеновац, гробот на незнајниот јунак на Авала кај Белграде, ``на Дрини ќуприја``, Дрвар,
Мостар го заборави (y)
 
Имав
пишано повеќе , но кај мене се блокира форумов(како пред една недела) и се запамтил само половина пост.

Најмногу се сеќавам и ми остави впечаток патот помеѓу Сараево и Мостар, покрај течението на реката Неретва. Самото излегување на морето е спектакуларно.

Денес мислам ако би се правела турнеја, најдобра рута според мене е преку Косово да се влези во Ц.Гора, да се вози кањотот на Морача(обавезни се памперси ако си возач:pos:) , па покрај морето бечиќи, Ичиќи, Будва, Бока Которска ама одоколу а не преку траект, и правец Хрватска. Но таму да се вози по јадранската магистрала а не по автопат да се прелета државата. Глетката на островите во Јадранот(патем морето е многу посино него другите мориња, а посебно према Егејското кое е бело) е незаборавна од Велебит. Сплит обавезен со новата рива.

Нас не носеа и на Плитвички езера и кој не бил , незнае што пропушта

Враќање можи и низ Босна, а и низ Хрватска , па од кај Белград(еден цел ден шетање) преку Шумадија, Златибор, па скршнување према Ужице и да се види ``на Дрини Ќуприја``. Јас за жал го видов мостот-ноќе.


Најдобра опција за ваква тура е друштво да изнајми камп комбе
3638805_orig.jpg
 
Јас, Лет3 и можеби и Анчо сме шетале во екскурзии низ нашата ни мила и никогаш непрежалена ЈУ:ROFLMAO:. Нормално главни точки на посета беа партизанските споменици како Тјентиште, Јасеновац, гробот на незнајниот јунак на Авала кај Белграде, ``на Дрини ќуприја``, Дрвар,
деца одеа по ескурзии Let имаше одено по терени и вежби низ нин, шепурине, пасуљанске ливаде ајвајлија, слатина, криволак....
 
@gjoko-mkd пред некое време гледав некаде снимка на реката Уна, неверојатно колку убаво место. Убава е и средна Босна. Ја барав снимката, ама неможам да ја најдаам. На Дрини чуприја сеуште не сум била, е тоа ми е желба огромна, никако натаму патот да ме однесе, а и далеку е од каде што живеам.
Од Црна Гора препорачувам да се оди по оној патот покрај Пивско езеро, тука има што да се види исто. Огромни карпи, ридови,тунели со неправилна форма :vozbud: Не за џабе викаат Црногорците, Црна Гора да се испегла, би била колку Кина :icon_lol::icon_lol:
На Тјентиште секоја година се одржува традиционално О.К. фест, ете ако одите летно време може и на тоа дешавање да свратите.:roker:
Едит.
Заборавив да го споменам манастирот Свети Никола на Озрен. Има тука и преноќишта, луѓе издаваат соби, не сум сигурна дали може да се престојува во манастирот.
petrovo_002.jpg

maxresdefault.jpg
 
и сигурно изгледам подобро и поубаво од тебе
Абе што ти е тебе, јас кога учев во техничкото во твојата Битола бев ``главен`` кај сите 4 женски (петата убавата си имаше тип-професор):tapp:
 
Абе што ти е тебе, јас кога учев во техничкото во твојата Битола бев ``главен`` кај сите 4 женски (петата убавата си имаше тип-професор):tapp:
мојата фотографија ја зеде некоја заљубена од таблото од матура (ил некој љубоморен тип) па мораа пак да ја прават
 
мојата фотографија ја зеде некоја заљубена од таблото од матура (ил некој љубоморен тип) па мораа пак да ја прават
Од ова знам само едно нешто појако, ама не е за по форуми:ROFLMAO:

Иначе кај нас важеше вицот за мајката која имала две ќерки-едната од убава поубава, со прекрасни очи, коса, тело......а другата учела во техничко:pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom