Донски го негира Словенскиот елемент во нашата етногенеза. Не знам дали сте ги истражувале другите дела на Донски (пред да почне да се занимава со историја). Неговата прва книга се вика “СМРТТА, и како да се подготвиме за неа“. Јазикот во книгата е идентичен со јазикот во таблоидот М-Експрес (ако се сеќавате, се печатеше пред околу 10 години). Содржината на неговата книга „Македонско потекло на некои Амеркански претседатели„ нема ни да ја коментирам - насловот кажува се. Додека пак неговото капитално дело “Јазикот на античките Македонци“ заслужува детална анализа (како научна, така и психоаналитичка). Во книгата тој претставува како синоними зборови од антички артефакти најдени на територијата на Република Македонија и Северна Грција (Егејска МАкедонија), со денешни зборови. Класификацијата ја прави според звучноста (структурата на зборовите), а не спред нивното значење. Т.е. со други зборови некој што звучи како денешен Македонски збор (иако има сосема различно значење на старогрчки), тој го претставува како Македонски. Примери има доста - чинам дека некој од форумашите има постирано дел од зборовите претставени во книгата.
Наде Проева пишува литература со иста содржина, и исти (според мене) невистини. Пример: Таа вели дека Александар Ι Филхелен се нарекувал така не затоа што се чувствувал како дел од Елинското племе, туку затоа што сакал на тој начин да му се дозволи да учествува во Олимписките игри.