glufce
French Toast
- Член од
- 15 јануари 2006
- Мислења
- 827
- Поени од реакции
- 8
- Возраст
- 35
Фенг Шуи е развиена уметност која датира уште од античките Кинези. Целта на фенг шуи е воведување на хармонија во домот, но не е стил на уредување туку е посебна дисциплина која опфаќа голем број на техники во архитектонското планирање и уредување. Во прастарото време фенг шуи бил користен само однатре и каде и да одел оној што го користел, светот бил исполнет со радост и задоволство. Но во изминатите неколку години животот станувал се покомплициран и кога паѓал во дисхармонија и раздор, станувало неопходно да се користи фенг шуи и однадвор.
За фенг шуи постојат две претпоставки и две нивоа на користење. Првата претпоставка вели дека човековата состојба и неговата енергија влијаат врз неговото опкружување и од позитивен и од негативен аспект. Втората пак вели дека состојбата на опкружувањето влијае врз човековата внатрешна состојба.
Двете нивоа на користење (внатрешно и надворешно) се како двете страни на паричката односно се неразделни. Внатрешното ниво се состои од разбирање на начините на кои принципите небо и земја се однесуваат меѓусебе. Надворешното ниво се состои од хороскопи, компаси и духовни техники.
Подоцна ќе пишам за јин и јанг и за петте елементи и нивните карактеристики (можете да одредите на кој елемент припаѓате според периодот од годината во кој сте родени) :smir: