Сајтови и контакти за посредништво за работа во странство

Член од
24 мај 2014
Мислења
5.309
Поени од реакции
5.928
Работа, бизнис, профит на Иван Стефковски до пред неколку години беше најголем и најуспешен сајт за посредништво со работа, повеке не постои и ми се чини после тој нема друг сериозен, Емигрико се повеке за иселеничка тематика а освен со вработувања и за други работи известуваат.

Значи генерална дискусија контакти, личности, канцеларии, сајтови, страници, бироа, огласи се пишувајте споделувајте овде. (Ако веке има ваква тема се извинувам и спојувајте.).

Пред се мене лично ме интересираат информации за работи од типот високо платени без високо образовани од типот нафтен работник на платформа, рудар и сл.
Тоа не значи дека темава е специјализирана за тоа, тука пишувајте за секаква работа за надвор од Мк.
 
Единствени (не преваранти) што сум чул , се агенцииве што посредуваат, коузон и слични на нив.
 
Единствени (не преваранти) што сум чул , се агенцииве што посредуваат, коузон и слични на нив.
Ама затоа, преваранти колку сакаш. Никако не ми е јасно како луѓе упорно наседнуваат и ги даваат последните пари на некого што од оглас го запознале
 
Малку оф топик, дали некој знае некој сајт форум или слично со огласи за работа од ИТ сектор во државите низ Европа (Германија, Швајцарија, Норвешка, Шведска па и Словенија)? Дали има некој искуство или знаење дали може да се аплицира до Мкд пасош и барање на работна виза? Благодарам
 
Шо убава тема,отворена пред 2 години а никаква активност на неа,доказ дека овде на форумов има еднакупа шалабајзери и тропачи на празна слама,убаво си вели насловот-Сајтови и контакти,директно,без непотребни паламудења и филозофирања(те таму е поубаво,те живеам кај тетка ми во хотел во Лондон и сл.)ама народов наш е алергичен на кратки и директни работи,повеќе сака да филозофира
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom