Магистер по фармација

  • Креатор на темата Креатор на темата Akrilamida
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 февруари 2016
Мислења
6
Поени од реакции
0
Возраст
34
До пред неколку години Фармацевтските факултети произведуваа кадри со звање дипломиран фармацевт со 4 годишни студии, а од неодамна студиите се 5 годишни (интегрирани студии од 1 и 2 циклус) и звањето им е магистер по фармација. На фармацевтски во Скопје има постдипломски студии со различни наслови кои се дел од фармацијата (магистер по: фармакоекономија/козметологија/индустриска фармација/фитотерапија ...) и на некои од нив може да се запишат и кандидати кои дипломирале на сроден факултет. Е сега на Државниот универзитет во Тетово неколку години има конкурс за 2 годишни студии со чие што завршување се стекнуваат кандидатите со звање Магистер по фармација (предметна програма: http://unite.edu.mk/index.php?news=4134 ), исто така има и 2 годишна програма за Магистер на фармацевтски науки. Ги разгледав сите можни Фармацевтски факултети во соседниве и блиски држави и никаде не најдов таква постдипломска програма со која се стекнуваш со звањето Магистер по фармација. Би сакала некој со соодветно образование или познавање да ми објасни која е целта на овие магистерски студии, зошто на никој друг фармацевтски факултет не се организира ваква магистерска студиска програма и кои се' кадри можат да конкурираат на ним, и најважното дали со такво стекнато звање кандидатот се стекнува со право да запише здравствена специјализација во една од неколкуте фармацевтски специјализации (медицинска биохемија, санитарна хемија, фармацевтска технологија...)
Во прилог се конкурсите на двата факултети.
Благодарам од напред.Screenshot_3.png Screenshot_6.png
 
Звањето магистер по фармација е воведено од 2009/2010 година веројатно за да биде позвучно и попривлечно за тие што сакаат да се запишат на Фармацевтскиот факултет во Скопје. Дополнително е воведен предмет Клиничка фармација и терапевтици (мислам дека ова постарите генерации запишани пред 2009 го немале) и пракса во времетрање од 6 месеци во аптека. Кога ќе ги завршиш 5те години не си магистер, затоа што на крај не изработуваш магистерска туку дипломска работа. Тие што одат на магистерски имаат назив магистер по фармацевтски науки.

Што се однесува до специјализациите, на сите може да се запишеш, дополнително може и на медицинска биохемија на Медицински факултет. Ова всушност е единствена специјализација на Медицинскиот факултет на која може и фармацевти да се запишат, но нема уписи секоја година, туку една година има, една не.
 
Последно уредено:
Тие што одат на магистерски имаат назив магистер по фармацевтски науки.

Штом се интегрирани студии со завршување добиваш титула мастер или би требал по некоја логика, бидејќи е таква програмата и имаш доволно ЕКТС да одиш директно на докторски студии. Може не пишува никаде, но со самото тоа што идеш директ на докторат значи си ги исполнил условите.
 
Штом се интегрирани студии со завршување добиваш титула мастер или би требал по некоја логика, бидејќи е таква програмата и имаш доволно ЕКТС да одиш директно на докторски студии. Може не пишува никаде, но со самото тоа што идеш директ на докторат значи си ги исполнил условите.

Колку што знам, сите досега изработуваат прво магистерска, па потоа одат на докторски студии. Можеби тоа е така затоа што тие биле од постарата програма. Се уште оваа програма е нова, само 3 генерации имаат дипломирано по неа, така што не знам дали директно ќе може да се оди на докторски. Може да биде така, но може и не. Самото тоа што факултетот објавува конкурс за уписи на магистерски, некако укажува дека нема да може директно на докторски да се оди и покрај тоа што на крај има 300 ЕКТС.
 
Колку што знам, сите досега изработуваат прво магистерска, па потоа одат на докторски студии. Можеби тоа е така дека тие биле од постарата програма. Се уште оваа програма е нова, само 3 генерации имаат дипломирано по неа, така што не знам дали директно ќе може да се оди на докторски. Може да биде така, но може и не. Самото тоа што факултетот објавува конкурс за уписи на магистерски, некако укажува дека нема да може директно на докторски да се оди и покрај тоа што на крај имаш 300 ЕКТС.
Не сум јас на фармација, но сум на ветерина и кај мене се интегрирани студии и јас немам опција за магистерски(од разговор со соседниве европски факултети) немаат програма за магистерски туку директно за докторски. Ако сакаш можам да ти го прикажам сертификатот за положени испити.
 
Уште една забелешка. Со сигурност знам дека истиот назив постои и на Фармацевсткиот факултет во Љубљана, со нив имаме прилично слична теоретска програма.

За Србија и Хрватска не знам како е.
 
Според 09/10 програмата, се брани дипломска и со тоа се здобиваш со титулата-Магистер по фармација. Веднаш после тоа можеш да запишеш и докторски студии, се разбира доколку имаш над 8 или 8.5 просек
 
Мене ме интересираше и баш напоменав за Постдипломската програма на Тетовскиот универзитет за програмата магистер по фармација. Пошто постои голема веројатност да примаат кандидати кои завршиле технологија, хемија и сл. ( како што примаат во Скопје на некои од понудените постдипломски програми ) па така да се стекнат со звање магистер по фармација и со тоа и право на специјализација. Јас на пример имам диплома по технологија и доколку би ги запишала овие магистерски дали би имала право на специјализација, всушност во таа насока би сакала да добијам некои размислувања.
Студиска предметна програма: http://unite.edu.mk/index.php?news=4134
На крајот од конкурсот http://unite.edu.mk/mk/files.php?fo...6/Konkurse/Cikli_II_Afati_II_2016_2017_mk.pdfScreenshot_1.png
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom