Мали трикови за поубав изглед!

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување

.

  • .

    Гласови: 25 47,2%
  • .

    Гласови: 7 13,2%
  • .

    Гласови: 15 28,3%
  • .

    Гласови: 6 11,3%

  • Вкупно гласачи
    53

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
114
Природна козметика и нега на кожа

Летото остави траги на нашето тело.
Време е да го регенерираме!
Ефектот од оваа природна козметика што ќе ја напишам подолу ќе биде еднаков и подобар од другите козметички средства.
Да му го вратиме сјајот на нашето тело по природен пат.. користејќи го она што го имаме дома овошје, зеленчук, чај, масло...

КОСА

Даровите на природата се идеални за маски за коса, за лосиони и шампони!

* Маска од лимон


По миењето исплакнете ја косата со еден литар вода во која ќе додадете сок од еден лимон - косата ќе ви стане поубава и посјајна.

Совет: секоја вечер пред спиење исчеткајте ја косата сто пати - така влакната ќе се одлепат, а косата ќе ви стане свилеста и ќе добие сјај.

* Потхранувачка маска

Измешајте 2 жолчки, 1 белка, 1 мала лажичка мед, сок од 1 лимон и 5мл растително масло ( маслиново ). Втријте ја смесата во коренот на главата раздвојувајќи ја косата со чешелот на текни слоеви. Оставете ја да стои 10 минути, а потоа добро исплакнете ја.

Совет: За да расте косата побрзо втријте во коренот смеса од сок од морков и лимон во еднакви делови.

* Прекрасен сјај

5 гранчиња розмарин ги варите 20 минути во 1 литар минерална вода. Изладете го чајот, продецете го и исплакнете ја косата со него. Помага при многу мрсна кожа на главата.

Совет: сливова ракија за слаба и тенка коса: промешајте 2 - 3 лажички сливова ракија со неколку капки сончогледово масло и 1 лажичка сок од лимон. Втријте ја во косата и оставете да делува растворот 15 минути, а потоа измијте ја косата со вода.

* Пиво и шампањ за волумен

Помешајте по 250мл пиво и шампањско. Протресете ја смесата за да не направи пена, а потоа полијте ја косата. Не ја плакнете косата, исчешлајте ја убаво и оставете ја да се исуши. Косата ќе ви остане поцврста и со поголем волумен.

Совет: за поголем волумен, поделете ја косата во цик - цак патец, а потоа со потсушетеја со фенот.

* Лосион од вишни

10 зрели вишни - извадете им ги семките и направете сок. Втријте го во кожата на главата. Нека стои еден час, а потоа измијте ја косата.

Совет: сок од портокал ќе и даде посебен златест сјај на светлата коса.

curly-hair-pictures-15.jpg
 
ЛИЦЕ

Лицето е нашата визит карта за машките срцa, затоа мора да биде прекрасно!

*Пилинг

2 лажици јогурт помешајте ги со изрендана кора од јаболка и 1 лажица овесни снегулки и 1/2 лажица маслоново масло. Измешајтеја на кожата со лесни кружни движења во траење од 2-3 минути.

Совет: отстранете го пилингот со млака вода, а потоа на лицето нанесете хидратантен крем.

*Маска од банана за сува кожа


Изгмечете парче банана (2см), 1 лажица павлака и 1 лажица маслиново масло. Нанесете ја маската на лицето и оставете да стои така 20 минути.

Совет: за избелување на флеките од сончањето земете 50 гр свежи листови од магданос, прелијте ги со чаша топло млеко, оставете ги да стојат 6 часа на собна температура. Потоа процедете ја течноста и неколку пати во денот протријте го лицето со памукче напотено со лосионот.

*Маски од бадеми и диња

2 лажици зрели дињи изгмечете ги и помешајте во неа 2 лажици мелени бадемии 1 лажица кисело млеко. Нанесете ја на лицето и оставете ја да стои 20 минути.

Совет: секојдневна лесна масажа на лицето со резенца од диља ќе и дадат на кожата здрав и свеж изглед.

*Млечен тоник против воспаленија на лицето

Направете благ лосион од 1 литар вода и чажа млеко. Соберете ја течноста во темно шише и ставете ја во фрижидерот да стои. Мијте го лицето наутро со оваа смеса наместо со вода. После миењето нанесете хранлив крем.

Совет: за отстранувањето на акните помала и масло од чајно дрво.

*Маска за свежа боја на лицето

Исечете едно јаболко на парченца. Со кружни движења масирајте го лицето со парченцата јаболка. Витамините и овошните киселини , а и масажата ќе го подобрат крвотокот на лицето и ќе го освежат тенот.

Совет: два пати во месецот направите масажа на лицето од сок од морков. Тој ја омекнува кожата, ја витамизира и ќе го отстрани воспалението.

hair-curled.jpg
 
ОЧИ

За нежните делови околу очите!

*За смирување на чувствителните очи

Натопете памучиња со ружина водичка, и обложете ги очите со нив. Розите содржат козметички активни масла кои го зголемуваат тонусот на кожата и ја смируваат чувствителната кожа околу вашите очи.

Совет: две кесички чај од камилица извадете ги од чајот и ставете ги на тањирче во фрижидерот да се оладат, а потоа ставете ги на очите и држете ги десет минути.

*Маска од свежа краставица


Ставете на очите по едно тркалце свежо исечена краставица. Кожата околу очите и тенот ќе станат поблескави, а подочњаците ќе се намалат.

Совет: пред да ги нанесете круговите краставица на очите расчешјалте ги трепките со четкичка на која сте нанеле рицинусово масло ( може и беби масло ). Маслото го стимулира растењето на трепките и тие ќе делуваат погусти.

*Маска од млеко за одморање на очите

Ако очите ви се црвени од неспиење, или од долго зјапање во компјутерот нанесете тампони од памук натопени со млако млеко. Повторете ја процедурата неколку ( 3 ) пати, а потоа исплакнете ги очите со млака вода и нанесете крем.

Совет: секој ден, во текот на месецот, мачкајте ги трепките со бадемово масло.

bipasha.jpg
 
УСНИ

Чувствителни и нежни!

*Маска од мед

Медот е идеално средство за испукани усни. 1 – 2 пати дневно една недела масирајте ги усните со четкичка за заби на која ќе капнете две – три капки мед. По оваа едноставна продецура усните ќе ви бидат меки и нежни.

Совет: за исушени и испукан иусни добро средство е и бадемово, маслиново масло како и млеко од краставица.

*Масажа

На четкичка за заби истурете ( посолете ) малку сол и со неа измасирајте ги усните. Масирајќи ги усните го подобрувате крвотокот и размената на материи.

Совет: купете од аптека АД капки и секоја вечер нанесете од нив на вашите усни.

lips-250.jpg




ГРАДИ

*За добра форма

Соеднинете ги дланките пред себе во висина на градите. Притискајте ги со сета сила една со друга, а лактите држете ги во иста висина како дланките. Задржете ги десет секунди. Повторете ја вежбата 5 пати.

Совет: вежбајте додека се туширате, на крај завршете со ладен туш.

*Ладна маска

Масирајте ги градите со коцки мраз. Мразот ќе ја зацврсти кожата и ќе ја направи еластична.

Совет: масирајте ја кожата на градите додека се туширате со кружни движења на тушот обратно од смерот на стрелките на часовникот.


donna-rice-tits.jpg
 
БЕДРА И БУТОВИ

Справете се со цилулитот!

*Арома маска

Помешајте 12 капки масло од рози со 100 мл маслиново масло. По туширањето намачкајте ги бедрата на влажна кожа. Маслата ќе ја зголемат цврстината на кожата и ќе ја стимулираат размената на материи во бедрата и бутовите, а со тоа ќе го спречат целулитот да се развива.

Совет: застанете и затегнете ги бедрата. Задржете се во таа положба 6 секунди, а потоа опуштете се. Повторете ја вежбата 10 пати.

*Луфа масажа

Додека се туширате силно истријте ги бедрата и бутовите со луфа ракавица. Така се стимулира крвотокот, размената на материи и појавата на целулит.

Совет: нанецете крупна морска сол на ракавицата и масирајте ја кожата на бедрата и бутовите додека се туширате.

*Важен момент!

За елиминирање на стриите: помешајте 5 капки масло од жалфија и 1 лажица сок од лимон. Секој ден масирајте ги оние делови на нозете, бедрата и стомакот каде имате стрии.

Совет: 1 рака свежи листови од брешлен попарете ги со ¼ литар врело млеко. Мачкајте ги стриите секој ден со овој лосион.

*Тоник од трева

Земете ливадска трева и потопете ја во топла вода. Минералите и јодот од тревата ќе ја стимулираат размената на материи и свежината на кожата.

Совет: без физички вежби нема ефект, затоа седнете исправено и стегнете го целото тело. Заджете се така 6 секунди и опуштете се. Повторете ја вежбата 5 пати.

s38992_15_tits.jpg
 
СТАПАЛА

Се уште се носат папучки среди ги!

*Третман со жалфија

Една рака сува жалфија зовријте ја во 250 мл вода. Нека врие 15 минути, а потоа процедете ја и ставете го чајот во леген со вода. Жалфијата го регрутира потењето и ја одржува свежината на кожата на нозете.

Совет: вежбајте ја еластичноста на нозете така што ќе фаќате предмети со ножните прсти.

*За уморни нозе

По напорното шетање на високи потпетици измијте ги нозете и втријте им крем. Масирајќи ги – кремот нема да ги одмори, но ќе го подобри крвотокот.

Совет: наизменично туширање со топла и ладна вода ќе ги ослободи нозете од отоци и ќе ги намали болките.

*Масла од сол и млеко

Втријте во кожата на нозете раствор од еднакви делови на млеко и морска сол.

Совет: секогаш мачкајте ги нозете со глицерински крем пред спиење.

grup_foto.jpg
 
РАЦЕ

Рацете многу зборуваат за тебе. Затоа негувај ги!

*За цврсти нокти и нежни кутикули

Помешајте 2 лажички мед, лажички сончогледово масло, 1 лажичка сол и 1 жолчка. Потопете ги прстите во таа смеса и држете ги 10 – 15 минути. Ноктите ќе ви станат црвсти, а кутикулите мазни.

Совет: секојдневно масирајте ги рацете со лесни движења.

*Маска од јаболка и овесни снегулки

4 лажици овесни снегулки помешајте ги со 20 мл јогурт да стане густа маса, и додајте едно изрендано јаболко. Смесата ставете ја на оган да зоврие. Кога ќе се олади во неа ставете ги рацете 5 минути, а потоа исплакнете ги.

Совет: исцете малку сок од штавел и масирајте ги рацете со него за да ја избелите кожата. После ова намачкајте ги рацете со крем на база на глицерин.

Wedding_nails_2.jpg



ДЕКОЛТЕ

Кожата од сонцето ви огрубела?

*Глинена маска за мазна кожа

5 – 6 малини испасирајте ги и помешајте ги со 2 лажици 10% ракија ( или друг алкохол ). Нанесете ја маската на деколтето и кога таа ќе се исуши измијте ја со млака вода.

Совет: по маската на деколтето поминете го со натопено памукче со ружина водичка за да ја смирите чувствителната кожа.

*Лесен пилинг


Со кружни движења масирајте го пределот на деколтето со мека четкичка за лице. Така ќе го подобрите крвотокот и помагате да се отстранат изумрените клетки на кожата. Кожата ќе стане мека, масна и ќе добие нежна розова боја.

Совет: пред масажата на деколтето нанесете на влажна кожа пилинг на база на кофеин, а потоа на деколтето нанесете хранлив крем.

*Млечна маска со розмарин


Прелијте 2 грста исушен розмарин со 500 мл врело млеко. Оставете го да постои 5 минути, а потоа процедете го. Натопете чиста газа во млекото и поставете ја на деколтето. Оставете ја да стои 10 минути, а потоа намачкајте го деколтето со хидратантен крем.

Совет: ако имате флеки од сонцето на деколтето или на грбот, помага сок од лимон. Наредете кругови од милон на деколтето и оставете ги да стојат 15 минути. Потоа исплакнете ја кожата.

jennifer.jpg




Ај, утре некои совети.. „што НЕ треба да правите за да имате убаво лице“. :wink:
 
Секоја девојка сака убава, мазна и чиста кожа. Но, како да успееме да дојдеме до посакуваниот ефект?
Има неколку работи кои никако не смееме да ги правиме за да имаме убава кожа. Лошите навики треба да ги „искорениме“ за нашето лице да ни биде благодарно. :wink:


НЕ спијте со шминка!


Зошто? :arrow: Тоа е исто како да фатиш нешто валкано а да не ги измиеш рацете. Добро, ќе си го измиеш лицето кога ќе станеш од спиење, но тоа се цели 8 часа подоцна.
Кога спиеш кожата постојано лачи маснотии. Со шминката порите на лицето се затворени и маснотијата не може да излезе од нив, па се собира внатре во порите и создава мозолчиња. Исто така маскарата кога ќе стои долго се суши и се рони во зрнца кои навлегуваат во окото и можат да го иритираат. Потоа нив не можеш да ги извадеш, бидејќи тие се длабоко под очниот капак.

Решение: Користете нежно млеко за миење на шминката или балзам без сапун, бидејќи кожата околу очите е неколку пати потенка од останата и е многу понежна.
 
Не ги стискајте мозолчињата!

Зошто? :arrow: Кога ги стискате акните, маснотијата може да ја истиснете надвор, но може да ја приснете и длабоко во ткивото, па така ќе предизвикате повторно загнојување или пак поголема инфекција. Исто така коситењето на пилинг креми може да предизвика крварење на акните. Најважна борба против акните е хигиената на кожата.
Како што ги миете рацете така и кожата на лицето бара постојано да биде чиста. Така нема да дојде до создавања акни.

Решение: Најдобро е да ја чистите кожата со неалкохолен ( благ ) тоник. Со него можете почесто да го чистите лицето без опасност од сушење.
 
Не корнете ги веѓите со восок!

Бричот не е за лице, топлиот восок може да ја иритира кожата на лицето која е понежна и почувствителна од онаа на телото. Да им правите нова форма на веѓите е голема козметичка грешка. Најдобро е да ја следите вашата природна форма на веѓите и да ги отстраните само оние влакненца кои излегуваат од редот. Природната форма на веѓите е онаа која вас најмногу ви прилега на лицето и обликот на очите.

Решение: Со пинцета вадете ги полека влакненцата едно по едно. Внимавајте да ги откорнете а не да ги скинете! Потоа нанесете тоник на местото каде што сте се искубале, за да се затворат порите и да не настане инфекција.
 
Не мијте го лицето без средство за миење!

Зошто? :arrow: Кога ги миете рацете само со вода тие не се доволни чисти. Затоа користите сапун. Исто е и со лицето. Само вода не може да ја измие маскаратата или пак моливчето од шминката. Но внимавајте, обичниот сапун содржи сода која ја суши кожата, па иако имате масно лице тој само ќе ја дехидрира, а нема да ги исуши мозолчињата. Исто така многу честото миењето на лицето може да го соголи горниот заштитетн слој на кожата и да ја направи нежна и чувствителна, а со тоа и подложна на иритирање. Затоа најдобро е лицето да го миете два пати дневно, наутро и навечер.

Решение: Најдобро е да користите нежни гелови за миење на лице кои не содржат сапун. Ги има за сите типови на кожа и од различен прозводител.
 
Не користете погрешен крем!

Зошто? :arrow: Доколку користите многу мрсен крем може лицето да ви се исфрла со мозолчиња. Ако пак користите крем за мрсна кожа, ќе ги исушите мозолчињата, но исто така ќе ја дехидрирате кожата. Затоа е многу важно да го одберете вистинскиот крем за вашето лице.

Решение: Запомнете - безмрснек крем за мрска кожа. За сува кожа - не користете крем кој содржи медицински препарати, купете лесен навлажнувач за нормална и сува кожа.
 
Нега на раце и нокти

Најлошиот период за одржување на рацете и ноктите сигурно е зимата. Кожата на рацете лесно пука од ветерот, а ноктите почнуваат да се расцветуваат. Неизбежено се пропратени со пасинокти, кои покрај тоа што неубаво изгледаат, уште се и болни. Совети околу оваа тема никогаш не се доста. Најкраткиот совет е да носите некоја добра крема за раце секаде со вас и да се мачкате после секое миење на рацете.

Подноктици

Користете витамин Е во секаков облик. Многу производи на светски познатите козметички куќи во своите колекции имаат лосиони кои содржат витамин Е. Но препорачливо е директно нанесување на капсули на витамин Е или витаминско уље. Нанесете го на кожата околу ноктите и тријте го.
Ако сакате да заборавите на постоењето на пасиноктите, секогаш мачкајте ги рацете со крем.

Нега на нокти

Бадем. Содржи линолинска киселина, која ги одржава келиите на ноктите подмачкани. Покрај тоа што е многу вкусен, бадемот е и корисен.

Користете зацрстувачи за нокти со калциум. Тие ке ги ојачаат и зацврстат ноктите. Нанесете од таквиот лак и под врвовите од ноктите, па така ке добиете и дополнителна цврстина.

Обликување на ноктите

Секако дека обликот на ноктите е по свој вкус. Некои жени сакаат ноктите да им се квадратни, т.е. аглести, некои па сакаат да се со зашилени врвови или округли, кои спаѓаат во класика. Еден од новите облици е овално-квадратни. Врвовите на ноктите се аглести, но ивицата на ноктот која оди до врвот е округла, т.е. им дава овален изглед.
 
Мали трикови за неодолив мирис

Скоро на секоја жена убавиот мирис и е прилично важен - одтаму потекнува и женската љубов према парфемот. Меѓутоа, ако мислите дека со тоа што најпосле сте нашле мирисна нота која надобро ви одговара и дека сте ја завршиле работа - не е баш така! Секогаш може подобро, секогаш постојат мали трикови како тој убав мирис да се употреби и да мирисате уште позанесно ( или како да сакате да мирисате).
Еве неколку мали трикови во врска со убавиот мирис.
Како што веќе знаете, парфемите се направени така да реагираат на кожата, а не на облеката. Но напротив, повеќето жени пафемите ги прскаат на облеката. Покрај тоа што може да оставите флеки на алиштата, вашиот убав пафем ке има помал ефект. Нанесете го уште додека сте голи.
Мирисот може да се гради и слој по слој, така што на телото ке нанесете мирисно уље или крема која ке трае подолго. После тоа, испрскајте се со полесна спреј верзија од истиот мирис. Така добивате убава лесна летна варијанта.
Кога станува збор за специјални вечерни прилики, можете да употребите светликав и миризлив гел или уље за тело - така вашата кожа ке блеска ( и ке има нежен изглед) и ке мириса. Уште еден трик пред да го употребите гелот или уљето чувајте го во фрижидер, така ке добиете инстант освежување.
Ако користите гел, уље или пена за коса, пред да ги нанесете на косата измешајте ги со малку пафем, така при секое замафнување со главата мирисот ке се шири.
 
Како да ја спречите појавата на сува кожа

Во текот на зимските месеци кожата постанува сува од две причини

- Поради користење несоодветни лосиони за чистење на лице кои претерано ја сушат кожата затоа што ги отстрануваат природните масти на кожата.
- После користење на греење бидејќи греалиците го сушат воздухот, и туширање со вода со неодговарачка температура (претопла).

Сувата кожа има тенденција на влошување со текот на годините. Наспроти многуте тврдења и извештаи дека внесувањето на повеќе течности и одредена врста на храна, нема да ја подобри состојбата на сувата кожа. Нема витамини ни било какви додатоци во исхраната за кои е докажано дека помагаат во спречувањето на сушењето на кожата.

Но сепак постојат начини да ефектите на ладното зимско време на вашата кожа ги намалите. Пратете ги следните совети и пробајте да се придржувате до нив.

- Ако имате централно греење, користете навлажнувачи на воздухот. Топлите се подобри од ладните, кои ствараат поволни услови за развивање на бактерии, т.е. не се препорачуваат. Туширајте се со млака, не премногу топла вода.

- Максимално намалете ја употребата на сапун. Користете гелови за туширање кои во себе имаат природни хидратантни состојки.

- Избегнувајте сапуни кои ја сушат кожата. Користете ги оние кои содржат разтителни масла, глицерин и кои не ги отстрануваат природните масти од кожата.

- Користете хидратантни креми или лосиони за враќање на природната влажност на кожата. Хидратантната супстанца нанесете ја на влажна кожа. Лосионот кој сте го ставиле на влажна кожа дополнително ја задржува водата во неа, т.е затоа неговиот ефект е значително подобар отколку нанесувањето на сува кожа. Кога ставате лосион, нежно избришете го лицето така да го отстраните само вишокот на маснотија.

- Користете крем како заштита од сонце. Ако сакате зимски спортови секогаш со себе имајте крема со заштитен фактор 15, која ке ја нанесувате што можете почесто во текот на денот. Користењето на било кое уље за купка ке ја направи вашата кожа многу повлажна. Уљето и водата не се мешаат, најдобро додадете и малку млеко во кадата заедно со уљето, кое ке и помогне на кожата полесно да го впие.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom