Хонда - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
Уште не можам да одредам на што точно се фокусирани. Новите модели на Сивик, Акорд, дури и ХРВ се многу добри на изглед, ама комфор, просторност итн, не знам баш. ЦРВ им е според мене утнат дизајнот. на задната клупа просторот е далеку помал во споредба со претходните верзии, искористливоста на багажникот исто.

Знае некој каде освен во Макпетрол да се најдат ОЕМ делови?

И ајде не се срамете, стајте слика од вашата Хонда :)
Ми го зема зборот за багажникот дури и кај Акорд иако поголема класа доста мал багажникот, џиповите со таа работа незнам како им стојат. Сума сумарум брендот си е спортски ориентиран и во коли и во мотори а во тоа се меѓу врвот на јапонските брендови, па и речиси меѓу сите брендови под премиум класата.
 
никогаш не ми праеле мерак на изглед ни хонда ни тојота од јапонскиве, нисан има каде каде поубави дизајни
 
Татко ми има Honda Accord 2.0 од 2009 или 2008 кој година е точно не знам, за овој модел се работи, само црна. Се чувствувам посебно гордо зошто јас го натерав да ја земе а се мислеше меѓу таа и Опел Инсигниа и сега секое влагање во кола ми вика господ здравје да ти даде :D . Се гледа дека колава е направена за да ја јуриш, не да здивува над 4500 обртаи :icon_lol: Ја возам и јас мада поретко зошто Голфот за низ градов ми е полесен, не мислам да не ископале кратер пред мене сабајлето од нигде никаде и се ми се допаѓа само што прегледноста позади е поограничена ама затоа и имаш сензори, логично, не е правена за балканско мачење. Комфорот позади и напред е десетка, зошто гледам го дискутиравте погоре ама изгледа варира од модел до модел. Слики подоцна :)
Акордот е одлична кола. За мене претходниот модел е една од најубавите коли некогаш направени (зборам за моделот од 2002-2008). Со Хонда сум немал искуство, али во принцип стојам зад тоа дека јапанец е јапанец. Терај си ги сервисите редовно и немаш гајле. Страшно издржливи коли.
 
никогаш не ми праеле мерак на изглед ни хонда ни тојота од јапонскиве, нисан има каде каде поубави дизајни
Нисан и Хонда се врвот од јапонциве, Искрено лично повеке сакам Нисан али во последниве години некако ослабеа, од кога Рено ги купија ги возат нивните мотори а претходно моторите им беа по моториката и механиката исти ко Бмв, поедноставни и појаки од dci и уште една работа што ми се чини како голема грешка на Нисан е што сто пати ги измешаа, изменија имињата на моделите убавината е кога моделот ке доживее генерации. Се извинувам за :oftopik:
 
Дајте мислење за HONDA CRV 2.2 мотор, мануелка. Сум на мислење за овој модел 2007 година. Што гледав ривјуа има доста задоволни, исто и потрошувачката (каде како) му доаѓа ~7 просечна, што за такво возило е екстра.
Некој со лично искуство ? :)
 
Дајте мислење за HONDA CRV 2.2 мотор, мануелка. Сум на мислење за овој модел 2007 година. Што гледав ривјуа има доста задоволни, исто и потрошувачката (каде како) му доаѓа ~7 просечна, што за такво возило е екстра.
Некој со лично искуство ? :)

ќе имаш мака за сервиси делови и слично сигурно, купи нешто германско што се тркала почесто низ државава и е поефтино за одржавање.
 
Дајте мислење за HONDA CRV 2.2 мотор, мануелка. Сум на мислење за овој модел 2007 година. Што гледав ривјуа има доста задоволни, исто и потрошувачката (каде како) му доаѓа ~7 просечна, што за такво возило е екстра.
Некој со лично искуство ? :)
Јас го возам истиот мотор. Само модел 2005. Нека не те лажат луѓе дека нема делови (потрошни, ако сам си ги набавиш, редовна промена ќе те чини 4.500 денари сосе делови). Работи како бензинец, многу е тивок. Во првиот коментар имам набројано што све имам возено и во споредба со нив, Хондата е струја. Нема да згрешиш во секој случај, гледај само да е каросериски добра.
 
Мислење за honda civic 2006-2011 hatchback 8th generation делови , искуства


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Мислење за honda civic 2006-2011 hatchback 8th generation делови , искуства


Sent from my iPhone using Tapatalk

pali vozi druze, honda ne se rasipuva nikogas, samo v-tekot koga ke udri odma orgazam dozivuva zenskata do tebe, pozz
 
Ми требаат примери со делови од таа хонда колку чинат... кој и да прашам скапи викаат
Планирам да купам honda civic hatchback 2006 1.8 vtec

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Ми требаат примери со делови од таа хонда колку чинат... кој и да прашам скапи викаат
Планирам да купам honda civic hatchback 2006 1.8 vtec

Sent from my iPhone using Tapatalk
Чунки ко ќе ојме накај продавница, ќе прашаме и за тебе ;)
Нема што тука да прашуваш за цената на деловите, мене така ми филозофираа за Рено и отидов со листа на делови кои се најчести дефекти во продавница, прашував паралелно за рено и фолсфаген со иста кубикажа и сличен ценовен ранг, испаднаа голем дел од деловите дека се поефтини за меганот од голф. Е сега хонда и останатите јапонски модели важат за поквалитетни возила, обично знаат да истераат и по пола милион без посериозни дефекти, ама пак зависи како ќе ти се погоди и како ја одржувал тој пред тебе, не купуваш ново возило (иако и тоа знае да се загреши од старт).
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom