Samsung Galaxy J5 2016

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.440
Поени од реакции
8.644
Возраст
34
Иако имам пишано тука не сум многу за до толку јаки, скапи и не знам какви телефони. Повеќе би купил нов компјутер, телевизор, камера и слично отколку ова, но овој телефон го добив на поклон и тоа во моменти кога половниот телефон кој го користев од брат ми почна да откажува. Така да како викаат срби Поклон се не гледа у зуби.

Ај веќе да не го тупам многу со доста не битни работи да пишувам за телефонов. Супер телефон има добра камера 13MP Позади, 5MP Напред. Има мислам дека 4G иако јас немам картица сеуште земено за да ми е интернетот таков но и овој 3G ми врши работа. Мојов има за две сим картички. Андроидот му е последна верзија 6.0.1
img.ashx
galaxy-j5-duos-branco-samsung.-514x514--6x-6.jpg


Од се што има телефонов мене ме изненади тоа што фаќа доста јако Wi Fi . Случајно на работа во бутик како што ми беше уклучено wi fi-то отидов еден бутик подоле од тој од кај што земам интернет и сеуште интернетот си тераше работа јако иако беше на една до две црти сигналот. Си гледав без проблем видеа.


Има ли тука на форумов уште корисници на ваков телефон ?
 
Еден момент сакав да го земам, пошто сепак е Samsung, но кога видов дека батеријаta е залепена внатре (embedded) како и кај многу други нови телефони следејќи го примерот на Apple - се разочарав и ништо.
 
Просечен телефон кој како целосен продукт ги задоволува сите потреби на обичен корисник. За скоро иста сума, се зима Redmi Note 3 Pro, кој го гази.

Сепак тоа што е наменет за просечен кориснк, незначи дека треба истиот да не ужива во далеку подобар продукт за горе доле идентична цена.
 
Батеријата на Ј5 2016 се вади. Според мене е добар. Земи си го.
 
Добар телефон со солидна камера и задна и предна (со блиц за селфије лаверс :D), АМОЛЕД дисплеите се коска, добра батерија. За најобични секојдневни активности си е супер.
 
Ве молам за помош изгребано ми е стаклото што да правам дали заштитна фолија ке заврши работа или ке мора да се менува стаклото
 
Ве молам за помош изгребано ми е стаклото што да правам дали заштитна фолија ке заврши работа или ке мора да се менува стаклото
Стакло кај овој телефон не се менува, туку комплет дипслеј кој кошта 70 долари. Жалам ама....

А камерата не е просечна туку врвна за 13 МП. Сум ја споредувал со 16 МП на С7 и навистина е малку послаба, но ако се гледаат двете слики одна до друга. Со Ајфон сум споредувал, и заклучок и на мојот другар и на мене беше дека каде каде камерата на Самсунгот е подобра. Сум го споредувал и со редми и исто вади могу подобри слики

батеријата се вади и е една од подобрите сообини кај овој телефон. Држи доста , а верзијава 2016 има дупло меморија него 2015, но ист процесор кој е 4г Куалком 410. Лоша особина е знае да прегрее , па така не се препорачува да се прави ``оверклок``
 
Jas imam j7 2016ta i mnogu sum zadovolen od baterijata poso epten gejmam a i 5.5" e

Ja go preporacuem mobilniov, za tie pari odlicen.
 
После пропуштени повици и секакви нотификации и за време на полнење на телефонот ви светат ли тие двете однапред до предниот блиц што се за нотификации?
 
После пропуштени повици и секакви нотификации и за време на полнење на телефонот ви светат ли тие двете однапред до предниот блиц што се за нотификации?

Кај мене не светат.
 
После пропуштени повици и секакви нотификации и за време на полнење на телефонот ви светат ли тие двете однапред до предниот блиц што се за нотификации?
сензори се тие, не ни треба да светат.
 
За што служат ?
Едниот служи за гасење на екранот кога за време на повик ќе го доближиш телефонот до увото. За по грешка да не прицнеш на екранот. А другиот ваљда е ambient-light сензор, или како што рекоја за регулирање на светлината на екранот во зависност од околината.
 
Еден момент сакав да го земам, пошто сепак е Samsung, но кога видов дека батеријаta е залепена внатре (embedded) како и кај многу други нови телефони следејќи го примерот на Apple - се разочарав и ништо.
Каснам малку пројдено е доста време откако ја отворив али нема везе
Не е залепена батеријата. Барем не е на 2016 моделот. Го имам и батеријата си се вади.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom