Кампување со шатор

  • Креатор на темата Креатор на темата GreenRoot
  • Време на започнување Време на започнување

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.623
Поени од реакции
2.278
Локација
Нибиру
Веб-сајт
mvpring.com
Последно време се повеќе почна да ме влече кампувањето. За жал до сега не сум имал искуство и не знам точно од каде да почнам, т.е најголем проблем ми се на кои места да кампувам како за прв пат?

Често одам на еднодневни "екскурзии" во планина, но сакам нешто повеќе. Од опрема го имам она нај основното, шатор и ранец. Рака на срце ранец треба да си земам поголем.

На форумов има неколку теми но се доста оскудни, и затоа креирав нова.

Ме интересира дали во МК има камперски друштва кои организираат кампување со шатори? Поточно ми треба за околината на Охрид. За авто кампови знам дека има, но ме интересира каде би кампувал со шатор.

Некои препораки како за прв пат? Каде е подобро да ја поминам првата ноќ, покрај плажа или во планина? Најмногу ме интересира од безбедносен аспект.

Плажите знам дека се издаваат под концесија, па сега колку е легално поставување на шатори не знам.
 
Конзервирана храна, запалки, друштво, нож, секирче, лопатче, вода вода и вода, долги пантолони, блуза на долги ракави (колку и да ти се чини топло), чизми, капа и ракавици, плиснко решо и боци.
Треба и логика и основни познавања каде да го поставиш шаторот на локацијата што ке ја одбереш во, смисла да не ти протече вода кога најмалку очекуваш, да не те дува многу ветер, да не е премногу очигледно и да се гледа од секаде, да нема инсекти многу околу местото, да е под сенка итн. Другото се е искуство. Убав прв помин. :)
 
Ме интересира дали во МК има камперски друштва кои организираат кампување со шатори? Поточно ми треба за околината на Охрид. За авто кампови знам дека има, но ме интересира каде би кампувал со шатор.

Некои препораки како за прв пат? Каде е подобро да ја поминам првата ноќ, покрај плажа или во планина? Најмногу ме интересира од безбедносен аспект.

Плажите знам дека се издаваат под концесија, па сега колку е легално поставување на шатори не знам.

Појма немам дали има такви камперски друштва, организирај се со твоето друштво или со рандом емигранти.

Охрид, Љубаништа може да одиш - имаш се или на некои од дивите плажи одоколу.
Мислам дека не е легално ако се ван кампот ама те коли бур, сто пати сум бил така и сум немал никаков проблем (дури и со огромен оган, ќе ти треба вечер ладно е).

Битно е колкав шатор имаш (за двајца или поголем), дали знаеш да го наместиш (мада не е нешто комплицирано), колку луѓе ќе сте и колку дена ќе кампуваш.

П.С. немој да си спиел директно на подлогата/подот од шаторот - земи некој душек (на дување?), кебиња... снајди се.
 
Последно време се повеќе почна да ме влече кампувањето. За жал до сега не сум имал искуство и не знам точно од каде да почнам, т.е најголем проблем ми се на кои места да кампувам како за прв пат?

Често одам на еднодневни "екскурзии" во планина, но сакам нешто повеќе. Од опрема го имам она нај основното, шатор и ранец. Рака на срце ранец треба да си земам поголем.

На форумов има неколку теми но се доста оскудни, и затоа креирав нова.

Ме интересира дали во МК има камперски друштва кои организираат кампување со шатори? Поточно ми треба за околината на Охрид. За авто кампови знам дека има, но ме интересира каде би кампувал со шатор.

Некои препораки како за прв пат? Каде е подобро да ја поминам првата ноќ, покрај плажа или во планина? Најмногу ме интересира од безбедносен аспект.

Плажите знам дека се издаваат под концесија, па сега колку е легално поставување на шатори не знам.
Чим си од Охрид, кампувајте во шумичката меѓу Канео и Даљан. На едно брдо скоро секогаш се собираат кампери и тоа најчесто туристи. Доле, на Лабино, имаш една пештера која е измислена за кампување. Заграден од сите страни, пред тебе плажичка со езерце и у средина оган. Дури може и скарица да свртите, не верувам дека некој ќе ве открие. Како и секоја пештера и оваа има многу бубачки, така да треба да имаш добра заштита.
 
Koмунисти, пролетери и работничка багра кампуваат под шатори, се какаат по грмушки и бришат со лисја од дрвата а навечер уз оган пејат песни каде се велича Маркс и Енглес.
Господата и оние кои успееа во животот одат по хотели или изнајмуваат вили и бунгалови каде уживаат во ресторани, џакузи и климатизирани простории
 
Појма немам дали има такви камперски друштва, организирај се со твоето друштво или со рандом емигранти.

Охрид, Љубаништа може да одиш - имаш се или на некои од дивите плажи одоколу.
Мислам дека не е легално ако се ван кампот ама те коли бур, сто пати сум бил така и сум немал никаков проблем (дури и со огромен оган, ќе ти треба вечер ладно е).

Битно е колкав шатор имаш (за двајца или поголем), дали знаеш да го наместиш (мада не е нешто комплицирано), колку луѓе ќе сте и колку дена ќе кампуваш.

П.С. немој да си спиел директно на подлогата/подот од шаторот - земи некој душек (на дување?), кебиња... снајди се.
Шаторот комотно собира двајца, и првично планираме да одиме само двајца. Јебига, другите градски деца не сакаат да спијат на земја. Затоа и прашав дали има камперско друштво, или планинарско друштво што организира кампирање.

Вреќа за спиење е подобра опција од душек? Знам дека треба да има добра изолација со подот. Сеуште ги разгледувам тие две опции.
Чим си од Охрид, кампувајте во шумичката меѓу Канео и Даљан. На едно брдо скоро секогаш се собираат кампери и тоа најчесто туристи. Доле, на Лабино, имаш една пештера која е измислена за кампување. Заграден од сите страни, пред тебе плажичка со езерце и у средина оган. Дури може и скарица да свртите, не верувам дека некој ќе ве открие. Како и секоја пештера и оваа има многу бубачки, така да треба да имаш добра заштита.
Мислам дека знам за кое место ми збориш.

Кампери сум гледал на плажата пред куба и пред едриличарскиот клуб, што сепак се многу отворени и прометни места.
 
@GreenRoot Земи си лоратадин таблети (системски антихистаминик), синопен маст (локален антихистаминик) и декотал маст (локален кортико-стероид), касаат тоа инсектите.
PS: Исто бетадин за рани и шпирт алкохол.
PPS: Гази, ханзапласт, ножици, скалпел.
PPPS: Аааа да, и каиш или гума онаква наркоманска за крв земање - за во случај на крварење, скраја да е.
 
Последно уредено:
Кампување во шатор колку и да ти изгледа интересно сепак е тешка и неудобна работа. Треба еден куп работи да влечеш на грб, да го поставиш шаторот, да спиеш со инсекти и влечуги а ако си почетник секако дека и ке ти фуфка да забегуваш многу во дивина.... Мое мислење е дека наместо да инвестираш во шатор подобро ти е да набавиш едено старо, евтино комбе од оние погабаритните (там, фиат...... ке набавиш за багателна цена), натовари во него се што сакаш и користи го само за кампување. Така ке имаш цела соба на тркала со кревет и се друго што ти треба.... нема да го жалиш дали си го изгребал, чукнал, стругнал.. нема да имаш проблем ниту од дожд, ветар, снег...... ке возиш малку оф роуд и паркираш на место кое ти полни око...
 
На запад го прават ова се повеке и повеке, а и фаќа место идејата.
 
другар на време направи од старо комби Трајлер... проблемот е друг, ако го користиш само за 10-15 дена во сезона не се исплати...регистрација, одржување, поскапа патарина... б.т.в., на времето, 1992 бев во Ливадиште и изнајмив камп приколка. Исто платив како и пријател што влечкаше своја од Скопје. Едино што он не зависеше дали има /нема а и ја постави до брегот ( ако има место)
 
Јас кампував со шатор изминативе 7 дена во „Извиднички центар Охрид“. Супер е местото, оддалечено е околу 30 минути пешки до центар. Езерото на 30 метри од кампот, плажата солидно средена, има и добра посетеност од луѓе (извидници и други туристи). Исто така има тоалети и тушеви, а во поглед на храна ако сакате може да си платите за полн пансион со три оброци (не пробав како е), ако не имате мини ресторантче „Кота 345“ со прифатливи цени и добра услуга. Доста сум задоволен и убаво си поминав, еве и некоја фотка у продолжение. :)

20246009_715569721964540_8628956291506401532_n.jpg

20228445_715569861964526_2127767087095463117_n.jpg
 
И колку те чинеше поставувањето на шаторот?
 
Што можам да користам како подлога за шатор?
 
Од под шаторот стави обична церада од Хибо или Меркур, а за спиење нај паметно е да ставиш едно ќебе најдоле, после тоа душек за спиење или од оние подлоги за јога и ти у вреќа и немаш мака
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom