Кампување со шатор

  • Креатор на темата Креатор на темата GreenRoot
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво дечки, нов сум на форумов и пишувам во врска со горенаведената тема. Во месец Јули имаме во план да кампуваме некаде во природа, ама не знаеме каде. Доколку може да ми дадете некое предлог место за кампување со шатор (град, општина) би бил благодарен. Исто така сакав да прашам и во врска со законите за палење оган. Доколку некој се разбира да ми каже дали може/неможе да се пали секаде логорски оган?
 
Имаш 2 добри локации за кампување околу Велес, езеро Младост или Пешти на Бабуна ;)
 
Фала на одоворот, местата изгледаат супер, плус блиску до Скопје...
 
Koмунисти, пролетери и работничка багра кампуваат под шатори, се какаат по грмушки и бришат со лисја од дрвата а навечер уз оган пејат песни каде се велича Маркс и Енглес.
Господата и оние кои успееа во животот одат по хотели или изнајмуваат вили и бунгалови каде уживаат во ресторани, џакузи и климатизирани простории

Колку глуп менталитет. Во животов сум заработил преку милион евра и еве кампувам, идолошки спротивен од коминизмот и така. Не е се до скапите хотели и сл.
 
Лет3 пушта шега.. И јас правам кеш и кампувам, а поштувам и хотели и скапи срања.
 
Кампувал ли некој во Љубаништа и околината? Чув дека на дивите плажи немало проблем да се постави шатор? Искуства или потпочни упатства како да се стигне до одредена плажа?
 
Здраво дечки, летово што иде планирам да одам на кампување со уште двајца другари во некоја шума, но имам проблем бидејки немам купено вреќа за спиење.Најдов една и мислам беше со comfort temperature од 10 до 15 и ме интересира дали би била поволна за летен период (доколку не е која би била најповолна). Исто така ако знаете некое по мирно местенце за кампување слободно пишете.
 
Зависи се од местото и од надморската височина. Земи ја таа со 15 степени и обавезно изолација доле со по можност онаа подлога за јога со алуминиумска фолија па ќебенце и душек или подметач на воздух за спиење па ти у вреќа
 
Ееее 7 години поминале од кога сум ја отворил темава, а на кампување заминав дури лани. Само еднаш, бидеќи шаторот кој требаше да збира двајца, не ме збира мене...

Во хоби има ефтини шатори, ги пишува дека се 2mx2m. Земал накој да знам дали се навистина толку? Висок сум 190, и ми треба шатор да има барем 2 метри должина. Не барам квалитет, бидеќи ќе кампувам на лето на плажи, доволно е да има само мрежичка за вентилација.
 
Земи си у Декатлон и немаш гајле, нашите кинески верзии не ги бива, мали се.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom