Кожуф најголемо изненадување и хит на првенствово. Екипа со просек 21 година. Алфа и омега му е капитенот Иванов, класична 10ка, играчиште за втора лига. Исто и младиве Митков и Богданоски од Тиквеш односно Работнички на позајмица се одлични играчи. Ако следно коло останат непоразени кај Беса имаат одличен распоред да останат на првите 2 места до зима и тогаш да земат неколку искусни играчи со оглед на тоа што Фламинго им стана главен спонзор.
Детонит исто како лани цврста екипа ќе видиме колку можат да издржат. Се на се пак ќе имаме интересно првенство иако мислев Пелистер и Беса лесно ќе се прошетаат. Пелистер најголемо разочарување. Новаци има колку нив бодови. Ако не влезат и годинава нека се самоукинат. 1 милион евра во две години напразно ќе бидат фрлени.
А со тоа што отпаѓаат годинава мислам само 2 екипи, Караорман и Осогово се сигурни за трета лига.