- Член од
- 18 септември 2011
- Мислења
- 5.450
- Поени од реакции
- 5.576

Фудбал е Олимписки спорт уште од игрите во Лондон 1908 година. Олимписките игри се всушност првото натпреварување на кое се играни меѓународни натпревари во фудбалската историја.
Три земји со освоени најмногу медали:

Критериумот за пласман на ОИ е тој што се гледа пласманот на екипите У-21 на континенталните натпреварувања.
На овие игри турнирот ќе се игра во 6 градови. Како и по обичај фудбалскиот турнир почнува порано од отварањето, оваа година од 4-20 август.
Стадиони:
Maracanã Stadium (Rio de Janeiro) 74,738

Estádio Olímpico (Rio de Janeiro) 60,000

Estádio Nacional Mané Garrincha (Brasília) 69,349

Arena Corinthians (São Paulo) 48,234

Mineirão (Belo Horizonte) 58,170

Arena Fonte Nova(Salvador) 51,900

Arena da Amazônia (Manaus) 40,549

Пропозициите се следни:
16 репрезентации се поделени во 4 групи, по две најдобри екипи се пласираат во нокаут фаза(четвртфинале,полуфинале,меч за бронза, финале). На олимпијадата играат играчи помлади од 23 години, но репрезентациите во својот состав можат да додадат 3 играчи постари од 23 години. Па така домаќинот Бразил со помош на Нејмар ќе пробаат да дојдат до посакуваното злато.
Група А

Група Б

Група Ц

Група Д

Во сенка на машкиот турнир, ќе играат и жените. За разлика од мажите, жените играат во најдобриот можен состав. Учествуваат 12 репрезентации, поделени се во 3 групи, нокаут фаза се игра од 1/4 финале во кое проаѓаат првите две пласирани екипи од трите групи и две најдобро третопласирани екипи.
Група Е
Бразил
Кина
Јужна Америка
Шведска
Група Ф
Австралија
Канада
Зимбабве
Германија
Група Г
Колумбија
Франција
Нов Зеланд
САД
Титулата ја бранат фудбалерките на САД кои во Лондон ги победија Јапанките. Бронзениот медал го освои Канада кои беа подобри од Французинките. Најефикасна со 6 постигнати гола во Лондон беше Кристин Синклер од Канада.
САД освоија вкупно 3 последователни злата, а имаат вкупно 4 титули на 5 олимписки турнири и едно сребро(Норвежанките ги добија во Сиднеј со златен гол. Воедно се и на тронот, бидејќи се светски прваци, ги победија Јапанките во финалето минатата година. Јапонките нема да играат во Рио иако беа домаќини на континенталните квалификации, изгубија од Австралија и Кина.

Распоред за играњето на натпреварите кај мажите и жените