Кошарка Рио 2016 - машки турнир

  • Креатор на темата Креатор на темата ColdSky
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе го освои златото?

  • САД

    Гласови: 46 55,4%
  • Шпанија

    Гласови: 1 1,2%
  • Франција

    Гласови: 3 3,6%
  • Литванија

    Гласови: 3 3,6%
  • Австралија

    Гласови: 4 4,8%
  • Србија

    Гласови: 24 28,9%
  • Аргентина

    Гласови: 2 2,4%

  • Вкупно гласачи
    83
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.450
Поени од реакции
5.576
Basketball,_Rio_2016.png

Машката кошарка е спорт со долга традиција на ОИ. За прв пат се појавува на Олимписките игри во Сент Луис во 1904. Во оквирот на олимписките игри одиграни се 4 турнири: аматерски турнир, колеџ турнир, турнир во средни школи и турнир на основни школи.

Сепак као официјална дисциплина машката кошарка се појавува на Олимписките игри во Берлин 1936 година, со 21 земја учесничка ( што е најголем број учесници од тимските спортови). Фиба го искористи овој турнир да ги проба натпреварите и на отворено, меѓутоа тоа ги одложуваше натпреварите поради лошото време. Мечевите биле играни на земјена подлога, на кои после големите дождови биле невозможни за игра, а посебно во финалето меѓу САД и Канада. Кошаркарите не биле во можност да ја дриблаат топката па така мечот завршил 19-8 за САД, третото место го освои Мексико со победата над Полска.

548182253-summer-olympics-basketball-match-between-gettyimages.jpg

Најуспешна селекција во историјата на Олимписките игри е селекцијата на САД која има освоено 17 медали ( од кои 14 златни) на 18 одиграни натпреварувања. Освен нив златото го освојувале и Советскиот Сојуз ( 1972 во Минхен ), Југлославија(1980 во Москва) и Аргентина(2004 во Атина).
Највеќе поединачно медали имаат освоено бившите репрезентативци на Советскиот Сојуз Волнов(1 злато,2 сребра и 1 бронза) и Белов(1 злато, 3 бронзи).

На последните ОИ во Лондон златниот медал и припадна на селекцијата на САД, со триумф во финалето над селекцијата на Шпанија со резултат 107-100. Најефикасен играч на натпреварот беше Кевин Дурент кој постигна 30 поени, воедно тој постигна и највеќе број на поени на целиот турнир(156). Третото место го освои репрезентацијата на Русија која беше подобра од Аргентина со резултат 81-77.

team-usa-gold-medal.jpg

На Олимписките игри во Рио ќе учествуваат 12 селекции. Покрај домаќинот Бразил пласман изборија: САД(шампион на Мундобаскет 2014), Австралија(шампион на Океанија 2015), Нигерија(шампион на Афробаскетот 2015), Аргентина(вицешампион на Америка 2015), Венецуела(шампион на првенството на Америка 2015), Шпанија(шампион евробаскет 2015), Литванија(вицешампион евробаскет 2015), Кина(шампион Азија 2015) и Србија,Хрватска и Франција кои својот пласман го обезбедија преку квалификации.

Во Рио турнирот ќе со одржи во периодот измеѓу 6 и 21 август во „Carioca arena“ која се наоѓа во склоп на Олимпискиот парк,салата собира максимум 16.000 гледачи. Екипите се поделени во 2 групи по 6 екипи. Пласман во 1/4 финалето ќе обезбедат првите 4 репрезентации од двете групи.
Апсолутен фаворит за златниот медал е тимот на САД, иако неколку најзвучни имиња одлучија да ги прескокнат Олимписките игри, но пак, тешко да може некоја екипа да се носи со популарниот „dream team“. Додека сите веројатно знаат кој е освојувач на златниот медал, за преостанатите 2 медали ќе се води голема борба. Најголема шанса им даваат на Шпанија за среброто, а за бронзата ќе се борат повеќе репрезентации.

mUJjv1Zq.jpg

Група А: САД, Франција, Србија, Австралија, Кина, Венецуела
Група Б: Бразил, Шпанија, Литванија, Аргентина, Нигерија, Хрватска

Група А

САД

4 Jimmy Butler
5 Kevin Durant
6 DeAndre Jordan
7 Kyle Lowry
8 Harisson Barnes
9 Demar DeRozan
10 Kyrie Irving
11 Klay Thompson
12 DeMarcus Cousins
13 Paul George
14 Draymond Green
15 Carmelo Anthony

Мајк Шишевски го врати култот на репрезентацијата, во претходните 11 години ретко кој успеваше да му парира на неговиот тим. Од кога „Coach K“ ја презеде репрезентацијата имаат биланс од неверојатни 75 победи и само еден пораз ( од Грција во полуфиналето на мундобаскет 2006). Најискусен играч во тимот е ниското крило Кармело Ентони, на кого ова му е 4 настап на ОИ. Тој воедно може да бидне и прв играч во историјата на ОИ кој има освоено 3 златни медали. Сепак најголемиот товар се очекува да го понесе новиот играч на Голден Стејт Вориорс - Кевин Дурент. Екипата има екстра квалитет на сите позиции 1 од 5 што е нормално за dream team-от на Шишевски. Дали некој ќе може да им се спротистави останува да се види.

Франција

4 Thomas Heurtel
5 Nicolas Batum
6 Antoine Diot
7 Joffrey Lauvergne
8 Charles Kahudi
9 Tony Parker
11 Florent Pietrus
12 Nando De Colo
13 Boris Diaw
15 Mickael Gelabale
16 Rudy Gobert
17 Kim Tillie

После 2 бронзи на големите натпреварувања, Французите доаѓаат на ОИ со цел да се закитат со некој од медалите. Право на учество стекнаа преку квалификационен турнир кој се одигра во Манила, иако не делуваа како се очекуваше, стигнаа до нивниот зацртан план - пласман на ОИ. Ник Батум им се приклучи од полуфиналето со Филипини, додека Руди Гобер беше повикан после завршување на квалификациите. Големи се очекувањата и од овогодинешниот МВП на Евролигата Нандо Де Коло.

Србија

4 Milos Teodosic
5 Marko Simonovic
7 Bogdan Bogdanovic
9 Stefan Markovic
10 Nikola Kalinic
11 Nemanja Nedovic
12 Stefan Bircevic
13 Miroslav Raduljica
14 Nikola Jokic
15 Vladimir Stimac
24 Stefan Jovic
25 Milan Macvan

Прв пат после Атина 2004 репрезентацијата на Србија се наоѓа на ОИ, по прв пат под името Србија. Избраниците на популарниот „Сале Национале“ многу лесно се пласираа на ОИ со сите победи на квалификациониот турнир во Белград. Младиот играч на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ се наметнува како нов лидер на репрезентацијата со Милош Теодосиќ,откако беше прогласен за најдобар играч на квалификациониот турнир. На екипата после квалификациите им се приклучи Милан Мачван на местото на Немања Дангубиќ, откако беше установено дека Немања Бјелица нема да биде во можност да и помогне на својата репрезентација поради повреда. На основа на покажаното од ова лето од Србија може да се рече дека се претендент за медал. Иако пријателските не се мерило, трипати беше совладана екипата на Франција.

Австралија

4 Chris Goulding
5 Patty Mills
6 Andrew Bogut
7 Joe Ingles
8 Matthew Dellavedova
9 Ryan Broekhoff
10 Cameron Bairstow
11 Kevin Lisch
12 Aron Baynes
13 David Andersen
14 Brock Motum
15 Damian Martin

Многу од спортските медиуми во Америка ја уврстија Австралија како еден од главните конкуренти за медал. Причината поради тоа е што селекцијата на „кенгурите“ ја сочинуваат дури 6 играчи од НБА. Сепак треба да се има во обзир дека ниеден не е лидер во својот тим, туку играчи кои имаат само некоја просечна рола. Ударниот тандем го сочинуваат новиот играч на Милвоки Бакс, Метју Делаведова и новиот центар на Далас Маверикс, Ендрју Богут( воли да летује у Хрватском и има Хрватску путовницу:icon_lol::icon_lol:), и двајцата НБА шампиони. Со обзир дека останатите 2 ривали во групата се Кина и Венецуела за очекување е Австралија да избори пласман во 1/4 финалето, па натаму се е можно.

Кина

4 Jiwel Zhao
5 Ran Sui
6 Allun Guo
8 Yanyuhang Ding
9 Xiaochuan Zhai
10 Peng Zhou
11 Jianlian Yi
12 Gen Li
13 Muhao Li
14 Yuchen Zou
15 Qi Zhou
31 Zhelin Wang

Репрезентацијата на Кина на овој шампионат доаѓа како аутсајдер, сепак во прашање е најмладата селекција на шампионатот со само 23 години просек, овој тим во следните години ќе се развива и можеби својот зенит ќе го имаат на игрите во Токио. Кина со репрезентацијата на Србија имаат најголема просечна висина од 203cm. Тимот им е составен од играчи кои играат во домашниот шампионат а најголемите очекувања треба да се од двата млади центри Qi Zhou и Zhelin Wang, двајцата беа избрани на овогодинешниот НБА драфт првиот како 43 пик од страна на Хјустон Рокетс, додека пак Zhelin го изабраа како 57 пик Мемфис Гризлис. Во шампионатот на Азија, Кина веќе со години е најдоминантна екипа, но во светските собири играат само епизодна улога...

Венецуела

0 Gregory Echenique
2 Dwight Lewis
4 Miguel Marriaga
5 Gregory Vargas
6 John Cox
8 David Cubillan
10 Jose Vargas
14 Miguel Ruiz
15 Windi Graterol
19 Heissler Guillent
23 Anthony Perez
43 Nestor Colmenare

Кошаркарскиот тим на Венецуела по втор пат ќе се натпреварува на ОИ, прв пат после Барселона 1992, кога го освоија претпоследното 11 место. Пласманот во Рио го обезбедија со историската победа на шампионатот на Америка кое го организира ФИБА, откако во финалето ја победија селекцијата на Аргентина. За жал игрите поради повреда ќе ги пропушти најголемата звезда на екипата Гревис Васкез, членот на Бруклин Нетс, меѓутоа тој не играше ни на првенството на Америка, па репрезентацијата стигна до својот најголем успех. Дури 10 играчи настапуваат во домашното првенство, Ентони Перез настапува колеџот Мисисипи, а Грегори Варгас во Француското првенство во екипата на Нанси. Варгас заедно со Гилент беа најзаслужни за првото место на шампионатот на Америка. Дали може Венецуела некако да се дотркала до втората фаза? Тешко но...

Група Б

Бразил

5 Raulzinho Neto
6 Cristiano Felicio
8 Vitor Benite
9 Marcelinho Huertas
10 Alex Garcia
12 Guilherme Giovannoni
13 Nene Hilario
14 Marcus Vinicius Marquinhos
19 Leandro Barbosa
23 Augusto Lima
30 Rafael Hettsheimeir
55 Rafael Luz

Домашната репрезентација на Бразил е најстарата екипа на овој шампионат. Костурот на тимот го чинат искусните Марселињо, Барбоса и Нене кои се веќе во четвртата деценија од својот живот. Иако им се деси дебакл на игрите на Америка кога не ги пројдоа ни групите, со својата фајтерска игра и како домаќини можат да им ги помрсат сметките на најголемите фаворити.

Шпанија

4 Pau Gasol
5 Rudy Fernandez
6 Sergio Rodriguez
7 Juan-Carlos Navarro
8 Jose Manuel Calderon
9 Felipe Reyes
10 Victor Claver
14 Willy Hernangomez
21 Alex Abrines
23 Sergio Llull
44 Nikola Mirotic
79 Ricky Rubio

Следните Олимписки игри, веројатно ќе бидат последни за многу играчи од Шпанската „златна ера“. Актуелниот Олимписки вицепрвак и Европски шампион, доаѓа со желба за последен пат да проба да го изненади дрим тимот на САД. Касниот отказ на Марк Гасол малку им го помрси концептот, али со оглед на повредата која ја доживеа во НБА, беше за очекување неговиот отказ.
Ако некој знае да ја темпирфа својата форма и да одигра тактички, тоа се Шпанците. Имаат доста изедначена група па „спорото палење“ кое им е главна особина неколку турнири во изминатите години не верувам дека ќе можат да го спроведуваат. Имаат долга клупа и тоа веројатно би требало да е доволно да излезат со сите ривали на крај во својата група. Според мене главен фаворит за среброто.

Литванија

5 Mantas Kalnietis
7 Adas Juskevicius
8 Jonas Maciulis
10 Renaldas Seibutis
11 Domantas Sabonis
12 Antas Kavaliauskas
13 Paulius Jankunas
15 Robertas Javtokas
17 Jonas Valanciunas
19 Mindaugas Kuzminskas
40 Marius Grigonis
93 Vaidas Kariniauskas

Литванија е една од земјите во која се живее за кошарката, големите вложувања и залагаѓа доведоа до тоа да Литванија по распадот на Советскиот Сојуз да е константно во врвот на кошарката како сениорите така и јуниорите. Многу репрезентации доживуваат падови после смени на генерациите, некои нема ни да се вратат, али тоа не е случај со Литванија, каде имаат развиено систем веќе со години. После среброто од минатата година на ЕП, Литванците доаѓаат во Рио со големи очекувања. Одличниот компониран тим ќе го предводи Јонас Валанчиунас, центарот на НБА екипата Торонто, Мантас Калнеитис, плејмејкерот на Армани од Милано, со подршка на Јанкунас, Сеибутис, Кузминскас и Мачиулис. Литванците последен пат имаат освоено медал во Сиднеј (2000, бронза), додека во Лондон завршија на осмото место. Од тогаш Литванија освои 2 сребра на ЕП и завршија како четвртопласирани на Мундобаскет, дали екипата конечно созреа?

Аргентина

4 Luis Scola
5 Manu Ginobili
7 Facundo Campazzo
8 Nicolas Laprovittola
9 Nicola Brussino
10 Carlos Delfino
12 Marcos Delia
13 Andres Nocioni
14 Gabriel Deck
19 Leo Mainoldi
29 Patricio Garino
35 Roberto Acuna

Уште една селекција која играче голема улога во изминатата деценија-деценија ипол. Уште една репрезентација во која се спрема смена на генерацијата после овогодинешните Олимписки игри. Овогодинешните ОИ ќе бидат последно натпреварување на кое ќе настапи најдобриот Аргентински кошаркар на сите времиња, Ману Џинобили. Покрај него костурот на репрезентацијата го сочинуваат Кампацо, Скола, Носиони, Делфино( кој веќе две сезони нема клуб). Што може да направи за последен пат Аргентинската дружина? Веројатно во најдобрите 8, а за нешто повеќе, ако Џинобили успее да влезе едно 7-8 години помлад...

Хрватска

4 Luka Babic
5 Filip Kruslin
6 Rok Stipcevic
7 Krunoslav Simon
8 Mario Hezonja
9 Dario Saric
10 Roko Leni Ukic
12 Darko Planinic
15 Miro Bilan
33 Zeljko Sakic
35 Marko Arapovic
44 Bojan Bogdanovic

Избраниците на Ацо Петровиќ, до Олимписките игри дојдоа преку квалфикации кои се одиграа во Торино. Веројатно сите очекуваа да се пласираат Италијаните или Грција „ватрените“ приредија едно изненадување, во директен дуел ги победија и Грција и Италија. Имаат еден млад тим кој е појачан со неколку искусни играчи. Ударното дуо на репрезентацијата се очекува да бидат Бојан Богдановиќ членот на Бруклин Нетс и Дарио Шариќ новиот крилен центар на Филаделфија 76ерс. Хрватите на мала врата обезбедија виза за Рио и никој не ја исклучува можноста да направат некој скалп на ОИ. Ако им се посложија коцките во Торино, зошто да не и во Рио?Триумф против Франција во пријателскиот турнир доволно говори.

Нигерија

Josh Akognon
Alade Aminu
Ike Diogu
Ebi Ere
Michael Gbinije
Ekene Ibekwe
Shane Lawal
Andy Ogide
Chaberlain Oguchi
Stan Okoye
Olumide Oyedeji
Michael Umeh
Ben Uzoh

Голем удар доживеа репрезентацијата на Нигерија пред почетокот на ОИ, останаа без нивните најдобри 2 играчи Фестус Езили и Ал Фарук Амину, бидејќи нивниот сојуз не успеа да се договори со нивната екипа Портланд околу нивниот настап, се испод пораз од 15 разлика за нив ќе биде успех на овие ОИ...

Многу сакав да ја видам репрезентацијата на Канада на ОИ , не дека ќе беа рамноправни на САД но за медал ќе беа и те како. Сепак Тристан и Џозеф немаа помош од Бенет,Олиник и секако Вигинс во баражот. Со Вигинс во тим ќе беше сосема друга песна.

САД без конкуренција зима злато , Шпанија и Србија зад нив
 
Паркер сам против Австралија. Франција ужасни во прво полувреме, да му ебам бркот на Де Коло копилето.
 
Каков распад се Французите, на Гобер и Батум мадињата им се собраа...
 
Francuzive ocaj, poaebno slab De Kolo, ke bide cudo ako ovde spasat gz
 
Добар состав имат Австралијанците не ме чуди воопшто резултатот.. Уште Бен Симонс да го имаа и слободно за медал ќе претендираа
 
Каков распад се Французите, на Гобер и Батум мадињата им се собраа...
Батум се фолира нешто, глуми лабав и незаинтересиран, а Гоберт лекции добива од Бејнс и наш Андрија.
Во рекет ги избушија ко швајцарско сирење, и високиве и нискиве со утрчавањата ги потепаа статичниве Французи. Добро ги искаутирале се гледа, и онака немаа убедлив квалификационен турнир, не ме чуди ова.
 
Очај французиве очааааааај. Каде е Батум што зима 24M годишно му ебам тоа ѕвездата.
Што одбрана изиграа браво, глушецот Делаведова се набилда асистенции, им се шетаа во рекет ко мали деца. Да не им беше Паркер ќе одеа 30+ цццц. Јас па уште и на нив се коцкам:facepalm:
 
Какви асистенции дели Тео, ау!!!
 
Голем удар доживеа репрезентацијата на Нигерија пред почетокот на ОИ, останаа без нивните најдобри 2 играчи Фестус Езили и Ал Фарук Амину, бидејќи нивниот сојуз не успеа да се договори со нивната екипа Портланд околу нивниот настап, се испод пораз од 15 разлика за нив ќе биде успех на овие ОИ...

ОД каде муабетиве дека Фетус Резили бил најдобар играч за Нигерија па дури и биле осакатени сериозно со неговото отсуство?! Играч кој пред се тек треба да заигра за прв пат за Нигерија, иако доби покана и влезе во потесниот состав. Или како играч бидејки доаѓа од НБА клуб,па мора да е добар, посебно што доаѓа од "најдобриот тим" на сите времиња Blowrriors ?!

Па дури и за Амину тезата не држи вода, иако како еден до ретките Нигеријци кој има најголем континуитет и посолидни минути на игра во НБА во последниве 10-на години, по Ime Udoka, е доста битен дефанзивно на позиција три (одбраната на Нигерија и не е толку проблем, најчесто), ама е ограничен офанзивно и е слаб и неконстантен шутер, генерално во игра 1на1.Како и да е,со оглед дека имаше доста добра сезона за Портланд, да го имаа ќе беше многу добро бидејки е мегу најдобрите дефанзивци на периметар во НБА и со години во тој сегмент е занемарен за жал а и полека созрева во покомплетен играч офанзивно(Pelicans направија голема грешка што се откажаа од него пред 2 години, исто и Далас а пак Портланд уште не се свесни за малку пари што добија!) Во Портланд оваа година со оглед и дека направија Портланд поголема трансформација и доста битни играчи им заминаа минатото лето и се отвори простор, има подруга улога Амину.Пред се плеска доста тројки, што е нетипично за шутер од негов калибар (ова е неибежно со оглед на филозофијата на Портланд= "пуцајте тројки и
се ќе биде во ред
") и со оглед на целата слобода што ја добиваше офанзивно, оставаше впечаток како да драпа мадиња дефанзивно и да е малку дефокусиран на моменти и дека не толку добар во тој сегмент, но тоа не е воопшто така.Мал компромис сосема е очекуван !
2dl3ihl.jpg

Ако ништо друго барем за центарска позиција и во контекст на Езили, имаат Нигеријците со лопата да ринеш солидни и поискусни прачки на 4 и 5 со огромен распон и раце до земја, што чекаат по некое цепелинче на готово, сервирано (ако начекаат таква можност) и тука немало никогаш недостиг на кадар, c/pf, од 208-211 цм има доста избор и тука можеа барем да
го земат пример како подобро решение од Езили еден Ekep Udoh, кој и е поискусен, по можеби најдобрата сезона за него до сега во кариерата во Европа (откако Clippers го истресоа минатата година) и многу им се најде минатава сезона на Фенербахче а и за Езили офанзивно 1-1 е цар,
Беше и Udoh поканет во потесниот круг ама летово очигледно повеќе му беше паметот кај новиот договор, причините зошто не го земаа се непознати! Или на Aminu брат му, постариот крал, Alade 28 години, овој ке биде во составот на Олимпијадава, добар играч и борбен скокач. Дури го имаа на располагање и постариот брат на "the Greek prick", Thanasis Antetokounmpo ама му ги дадоа клоците ! Shane Lawal од Барселона, ластар тело и добра експлозивност и блокер е во ростерот иако се враќа од лоша повреда.

http://www.basketballwithinborders....nmpo-25-others-invited-dtigers-training-camp/

Кај Нигерија има смена на генерации, последниве две-три години имаат веќе некое подмладување, кое е и неопходно.
Најкритични им се бековските позиции, константни шутери фалат многу и пред се солиден плеј очајно фали бидејки голем дел од Афричките репрезентации и имаат проблем во контрола и организација на играта, со многу грешки и продадени топки за извоз и тоа е рак-рана кај нив и најголема слабост со години, барем за 80% од репрезентациите од Африка отсекогаш било проблем ова.

На пример какви играчи фалат, една ретроспектива на квалификацискиот турнир во 2012 во Венецуела кога играше и Македонија, кога Нигерија за прв пат се квалификуваа на Олимпијада во нивна историја, сосема заслужено, и ги исчукаа без респект една Грција, ја добија и се вратија од -13,какви банани храбро јадеа Спанулис и четата, ја скинаа и Литванија (Kleiza последна година пред да почне да се губи озбилно и да му оди кариерата рикверц, Шарас вампирот и Каукенас на залез), Доминиканска ги збришаа, па дури и со Русија играа добро)
Тогаш ги имаа на располагање Dagunduro-одличен атлета, шило и Tony Skinn барабата,чергар extraordinare. Два добри комбо pg/sg со просечни организациски вештини и читање на играта но солидни 1-1...и двајцата рано ја завршија кариерата за жал и беа доста битни и многу фалат .
Dagunduro е 30 и што испадна со тој човек стварно е мистерија а 2012 -та сам ги тепаше Грците! Derrick Obasohan искусно крило за три ( кој е стар веќе и не го земаа оваа година) ,ги дупна Литванија 2012 5/8 за три. EBi Ere е веќе во години од старата гарнитура.

Diogu со Oguchi ќе го носат најголемиот товар и оваа година,првиов доста комплетна четворка офанзивно и главна опција на низок пост и под кош 2012-та прв стрелец и најзаслужен за историскиот успех( изигра над можностите), а вториов треба и да биде најдобриот шутер за Нигерија на Олимпијадава (иако 2012 и потфрли во тој дел ) и особено по минатава година на шампионатот на Африка она што го прикажа, изигра фантастично и ги носеше Нигерија на свој грб (со оглед дека Diogu се повреди на првиот меч) до прва титула на Fiba Africa за Нигерија а беше и MVP на турнирот и прогласен за најдобар тројкаш !! Батето пуцаше 30/68 за три или 44.1% на турнирот, против Сенегал на турнирот беше 26 поени 8/13 за три а против Уганда 30 поени и 8/14 за три! Чистокрвен снајпер,единствен од таков вид кај Нигеријците, а колку ќе му оди шутот на Олимпијадава ќе биде многу битно ! На смеа на шала, Нигерија до вчера(2012-та) сонуваше за да игра на Олимписки игри и еве две Олимпијади по ред врза !

Кога сме кај бековите и за Oladipo се шушкаше дека може да игра, ама Америве го собраа први а и многу пари им се видоа со осигурањето најверојатно на Нигериската федерација па и други неразјаснети причини и ништо не бидна. А како би им легнал,прсти да излижеш, за Нигериски стандарди поарен не можат со фенер да најдат Ќе видиме во наредните години колку ќе покаже интерес да игра, да не испадне како Olajuwon педерчето !

http://www.basketballwithinborders.com/news/forget-it-nigeria-victor-oladipo-is-gone/

https://orlandomagicdaily.com/2016/05/04/victor-oladipo-not-named-to-nigeria-basketball-roster/

http://allafrica.com/stories/201605040128.html

Од Gbinije, кого Pistons го собраа оваа година од драфт како отпад, се очекува доста во поглед на шут од дистанца и да биде меѓу 3-4 стрелци на Олимпијадава за Нигерија.Колку
ќе биде добар шутер во НБА е друга работа!

На двете пријателски во Лас Вегас против Аргентина како загревање за Олимпијадава, на првиот натпревар Нигеријциве беа 15-35 за три и изненадија, на вториот одма си дојдоа работите на свое место со убедлив пораз.

Непредвидлива екипа биле отсекогаш Нигерија и кадарна за големи изненадувања на големи турнири! Во иднина, да се соберат сите на број, Нигеријците на интернационални такмичења ќе имаат многу респектабилна екипа (колку и да сака некој да ги гледа со потсмев, репутација останата од стари времиња)

DOBRODOŠLI U ZEMLJU KOŠARKE
http://www.fiba.com/pages/eng/fe/06...nglc/en/roundid/4742/fe_scheStat_boxScor.html
Ја чувам се уште утакмицата на VHS!!!! Најголемото изненадување во Јапонија!

Друже што се напали волку за Нигеријциве? Моментално на овие ОИ се битни како ланскиот снег...

Танасис Антетукумпо игра за Грција. Во предолимпоските квалификации играше за нив.

Ја ти гарантирам дека нема да имаат ниту една победа во групата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom