Долг во банка

  • Креатор на темата Креатор на темата Gosh
  • Време на започнување Време на започнување
G

Gosh

Гостин
Барав низ форумов. но не најдов соодветно место и одговор за темава, па затоа отварам нова.

Имено, имам долг на кредитна картичка ,и на потрошувачки кредит во Стопанска банка. Престанав да ги плаќам затоа што останав без работа.

Стигнати се опомени пред тужби и за двата долга. Има можност за спогодбена наплата. Прашањата ми се :

1. Дали спогодбено плаќање може да се договори, иако не сум во работен однос ( и дали има можност да се плаќа од кога ќе се вработам, а до тогаш да не се тужи ) ? ;
2. Која е постапката ако се подигне тужбата, и се оди на извршител ? ;
3. На кој начин, освен парично, се надоместува долгот, ако немам никаков имот на свое име? ( некои ми велат дека се одело во затвор )?
 
Во затвор нема 102.5% да зарвшиш , а за друго не знам. И колкав ти е долгот ?
 
Ќе ти отворат налог за извршување, и ако добиш некој пари...или имот тогаш ќе ти се наплати.
Но би те советувал некако да најдеш начин и да платиш. Мислам дека и ќе ти се пресметува некаква камата. Инаку банките заплашуваат но се многу флексибилни, преговарај со нив.
 
Никој не ти простува долг. Банка најмалку.
После опомените ќе ти се пуштат тужбите. Откако ќе ги изгубиш, ќе се даде предметот на извршител. Извршителот еден ден ќе ти ги блокира сите сметки. Ќе си платиш главен долг + судски трошоци + камата + трошок за извршител. Крајната сума може да испадне многу поголема од долгот.
Затвор нема да одиш, ама кога тогаш долгот ќе ти се наплати. А камата че ти тече постојано до тој ден. Еден ден ке имаш плата или хонорар на сметка ( нема ваљда цел живот ништо да не работиш ? ). Или еден ден ќе добиеш наследство на твое име, па ќе имаш имот од каде што извршителот ќе може да наплати.

Иди, договарај се со банката, и плаќај малку по малку. За твое добро.....
 
Освен ако умре или цел живот преку трето лице да врши уплати што е можно пошто има еден куп директори на фирми кои се само марионети, а трети лица се газди.

Е сега за ова треба да имаш човек од доверба или да имаш екстра кеш за да ја купиш довербата.

П.С Кога сме веќе на темава ми се повраќа од самиот термин потрошувачки кредит. Ако немаш пари седи дома, кредит се зема со намера за инвестиција и сметаш дека профитот ќе ја надмине каматата и ќе остане нешто екстра, а не за одмор до Грција.:mad:
 
Фаќај магла... и не се враќај...
среќен пат и пиши.
 
Не планирам да не го платам долгот, па да бегам.
Инаку, долгот на картичката е 50,000 денари ( отидоа на сметки и неколку рати за кредит додека не сум во работен однос ), а кредитот е 2,500 евра - значи без жиранти ( никого нема да зезнам ).
Уште не сум во работен однос, па сакав да знам кои ми се опциите затоа што немам имот на мое име, па не знам како ќе се врши наплатата. Знам дека ако не се договорам спогодбено, целите трошоци ги сносам јас , а каматата продолжува да си расте.

И уште едно прашање - дали ако не се склучи спогодба, се губи правото на плаќање на рати т.е. целиот долг мора да се плати одеднаш?
 
Барав низ форумов. но не најдов соодветно место и одговор за темава, па затоа отварам нова.

Имено, имам долг на кредитна картичка ,и на потрошувачки кредит во Стопанска банка. Престанав да ги плаќам затоа што останав без работа.

Стигнати се опомени пред тужби и за двата долга. Има можност за спогодбена наплата. Прашањата ми се :

1. Дали спогодбено плаќање може да се договори, иако не сум во работен однос ( и дали има можност да се плаќа од кога ќе се вработам, а до тогаш да не се тужи ) ? ;
2. Која е постапката ако се подигне тужбата, и се оди на извршител ? ;
3. На кој начин, освен парично, се надоместува долгот, ако немам никаков имот на свое име? ( некои ми велат дека се одело во затвор )?
Не се договарај ако немаш начин да го почитуваш договореното.
Ако сега не си вработен неможат да ти наплатат, ако немаш ништо на свое име (стан, куќа, нива, кола) не можат да ти ги одземат. Банката ќе инсистиира да потпишиш догопвор колкава рата редовно секој месец ќе плаќаш и ако то не го правиш и за тој договор ќе ти опнат тужба за неисполнување.
Никој не би сакал да должи али вакви случаеви едноставно има премногу во македонија и на ваков начин не знам како ќе се решат (со големи камати и големи награди за извршители) знаејќи ја состојбата на балканот ништо чудно за некое време некоја нова власт да ги смени сегашните услови или да даде некои олеснувања

Крајно, ако не можеш да плаќаш сега постоечки рати и договори, како мислиш да плаќаш некои нови и да се обврзеш на тоа со договор?
 
Не планирам да не го платам долгот, па да бегам.
Инаку, долгот на картичката е 50,000 денари ( отидоа на сметки и неколку рати за кредит додека не сум во работен однос ), а кредитот е 2,500 евра - значи без жиранти ( никого нема да зезнам ).
Уште не сум во работен однос, па сакав да знам кои ми се опциите затоа што немам имот на мое име, па не знам како ќе се врши наплатата. Знам дека ако не се договорам спогодбено, целите трошоци ги сносам јас , а каматата продолжува да си расте.

И уште едно прашање - дали ако не се склучи спогодба, се губи правото на плаќање на рати т.е. целиот долг мора да се плати одеднаш?
Kako be ti dale 3300 evra ako ne si vraboten I nemas nisto na tvoe ime?
 
По закон не можат да ти задржуваат повеќе од третина плата
Не можат ни да ти запленат стан или имот за 2000 евра долг, си има тука процедури ако немаш на свое име ништо не си на во работен однос, едноставно ќе ти дојде од извршител дека должиш толку и толку и дека треба да платиш, најдобро е одма на извршител да му испратиш со повратница на извшител дека не си во работен однос дека на твое име нема никаков имот и дека долгот ќе продолжиш да го плаќаш штом ќе почнеш да остваруваш приходи. Така барем нема на секое да ти се јавуваат или те бараат, ќе си го клат предметот настрана и ќе си чека (со камата) некои подобри времиња
 
Малку на друг начин е дефинирано ова во нашата легислатива. предмет на извршување се и ствари во владение, така да ова "на негово име" лесно се забиколува.

А ова другово со писмо/известување не верувам дека ќе ја сопре или паузира постапката, такво нешто сеуште немам видено.
 
Малку на друг начин е дефинирано ова во нашата легислатива. предмет на извршување се и ствари во владение, така да ова "на негово име" лесно се забиколува.
ствари во владение ако живее во заедница со татко мајка на чие име се води станот или куќа па уше некој брат сестра дома... тешко
 
Kako be ti dale 3300 evra ako ne si vraboten I nemas nisto na tvoe ime?

КРЕДИТНА КАРТИЧКА

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
• За клиенти кои земаат плата во СБ, извод од трансакциска сметка за последните три месеци
За клиенти што не земаат плата во СБ, потврда за редовно вработување, заверена и потпишана од овластените лица кај работодавецот (не постара од 30 дена). Вработените кои платата не ја примаат во СБ и работат во приватни фирми кои не се акционерски или државни/јавни установи потребно е да достават и образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последниот месец.

НЕНАМЕНСКИ ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ

Кредитни критериуми:
Физички лица државјани на Р.М. во редовен работен однос
***********
Малку чудно....
 
имаше картица и зел кредит додека БИЛ вработен, после останал без работа нема плата влегол во минус на картица и кредит не може да отплаќа
 
КРЕДИТНА КАРТИЧКА
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
• За клиенти кои земаат плата во СБ, извод од трансакциска сметка за последните три месеци
За клиенти што не земаат плата во СБ, потврда за редовно вработување, заверена и потпишана од овластените лица кај работодавецот (не постара од 30 дена). Вработените кои платата не ја примаат во СБ и работат во приватни фирми кои не се акционерски или државни/јавни установи потребно е да достават и образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последниот месец.
НЕНАМЕНСКИ ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ
Кредитни критериуми:
Физички лица државјани на Р.М. во редовен работен однос
***********
Малку чудно....

Кредитна картичка ти даваат по три месеци земање на редовна плата преку Стопанска банка, во износ од 5 месечни плати.
Кредит без жиранти даваат до 3,000 евра ( може и нешто плус, не сум сигурна ), но по 6 месеци земање на плата преку Стопанска банка, без солвентност на фирма, со приложени 3 претходни платени сметки од комуналии и со пополнети документи од фирмата.
Инаку, кредитот го земав додека бев во работен однос.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom