Проширување на квотите за општа медицина

  • Креатор на темата Креатор на темата Akrilamida
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 февруари 2016
Мислења
6
Поени од реакции
0
Возраст
34
Од 2012 до 2016 квотите за општа медицина се зголемени за приближно 200 места повеќе, вклучувајќи ги сите 3 универзитети во Мк кои организираат ваква програма (УКИМ, УГД И ДУТ).
До пред 7-8 години во МК се запишуваа вкупно околу 280 студенти на општа медицина, а сега повеќе од 600. Зошто се случува ова? :toe:
Ако до пред 3-4 години последниот примен воопшто беше со мин 95 поени, зошто последниве 2 години се примаат студенти со помалку од 80 поени, дали има поголема потреба од лекари навистина, дали се прави натпревар помеѓу универзитетите, кој е квалитетот кој се добива од добивањето на лекарски кадри кои се запишале на медицински факултет со помалку од 80 бодови?


линк:

https://scontent-vie1-1.xx.fbcdn.ne...=987656d8d0ffd7610966acaf6f216421&oe=57E4E56C

Screeeeee.png
 
Не знам за тоа дека порано требало 95 а сега 80 поени за запишување студии по медицина.

Потреба за лекари дали има е релативна работа.
Има потреба по селата и малите градови но без вистински инвестиции никој нема да сака да работи во тие места без добра плата. Имаше случај со лекарка која морала да оди на работа во некое зафрлено Скопско село и да работи во просторија во која нема греење, самата да носи сапун и средства за хигиена од свој џеб, а за специјализација ниту трага ниту глас. Сега таа е во Германија работи.

Им одговара да има повеќе студенти и со тоа одредено време помалку невработени на некои интересни групи во Македонија. Плус на дел од тие кога ќе завршат медицина, семејството ќе им вели овде да се вработиш, сакаме да имаме кој да ни биде при рака кога ние ќе сме стари и да се грижиш за нас, а на партиите ете им куп луѓе кои ќе им бидат слуги на митинзи. Без партија кај нас тешко лекар да се вработи во болници.
Гледаш Андон Чибишев сега повеќе е во собрание отколку во болница.

Корист од зголемениот број на луѓе со завршена медицина најмногу ќе има Германија и секако и земји како Австрија, Холандија, Шведска...
Огромен број на лекари, медицински сестри, лаборанти, физиотерапевти учат Германски јазик.
И да, некои од нив ќе работат во помали места во Германија, но некои ќе се покажат и ќе напредуваат со специјализации и ќе станат врвни хирурзи и ќе работат во врвни клиники во најголемите градови во Германија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom