Се бара соработник за продажба на зајаци

  • Креатор на темата Креатор на темата krste777
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 мај 2016
Мислења
71
Поени од реакции
42
Возраст
36
Започнав со одгледување на зајаци

Имам 5-6 мајки, и 20тина малечки
Како што се множат и растат малите на есен/зима ќе треба да успеам некако да почнам и со продажба на поголемќите

Дали има заинтересиран за ваква соработка ?
Почнав на ситно но имам простор и можности за инвестирање за многу повеќе.
Проблемот е што незнам да се снајдам во продажбата.

Одгледувањето не ми е проблем, но за продажба сум неспособен.

Ако не најдам начин ќе ги колам и ќе јадиме цела зима :).

Доколку има некој заинтересиран ве молам во инбох или тука контактирајте ме
 
Кланицата е поголемиот проблем во случајов, продавањето е полесната мака.

За 50тина зајаци немаш гајле и во маало ќе ги шитнеш.

Каква сорта се? Оријаши да не имаш земено?
 
Добра е идејата и има можност за добра заработка .
Каква сорта се зајаците и кај ги одгледуваш ?
 
аирлија бизнисот...
па ние сме тука над 50.000 усти, нема да може да не навасаш ...
мислам доволно сме тука, ќе има порачки и стални муштерии од нас.
Па нека пораснат и ќе видиме а зар треба да се секираш за продажба,таа е полесната работа, еве во месари и да бараш ретко има или нема воопшто зајачко месо-зајаци.
Не ми е познато дали воопшто може да продаваат или земаат од приватни лица месо, а може да се проба-праша и во некој ресторани или поголеми маркети (Веро-Тинекс), ќе треба малку шетање.
Јас чував стотина зајаци,почнав со една мајка,но брзо станаа стотка.Но тоа пред 45-50 години и од тогаш не сум јадел-пробал зајак.
Проблем е што тешко овде некој ќе го купи жив,кој „градски“ сега ќе земе ножот да го коле, затоа ќе бараат да е среден одран и очистен.
Тоа време ги откупуваа кожите на повеќе места во чаршија, а сега ?
---------
Едвај чекам есен, еве ти обеќавам некаква помош,ќе пробаме на пазар да ги понудиме и онака сум секој ден таму.
 
Не ми е идеата да продавам во маало, или на форум :)

Иако ја ценам твојата понуда и желба да ми помогнеш

Но повеќе идеата ми е да направам легален бизнис и да немам проблем со овие лудаците, нивните инспекции и глупави закони

јас сум од битолски регион
сортите се различни, но ако е потребно да се одредена сорта за да има откуп тоа е најмал проблем (ќе ја набавам таа сорта која е побарувана)
јас сум спремен многу да инвестирам во овај бизнис
моментално нема навика да се јаде зајачко месо иако кога е добро подготвено е фантазија

проблемот е што има некаков си глупав хасап систем во регион каде стотици години наназат се колело буквално на улица и се јадело квалитетно месо

сега ти бараат 'розеви плочки' во просторијата каде што ги колеш, но затоа е дозволено да ги храниш со ГМО храна...

али да не навлегуваме на таа тема

сакам да кажам, барем некој кој може да се занимава исклучиво со продажба и да можам да се фокусирам само на производството
-размножување
-кафези
-простор
-квалитетна храна
и така натаму

исто така доколку има заинтересирани за произвотство спремен сум да помогнам со инвестиција и да воспоставиме таков начин на соработка

Доколку успееме некако да направиме доволно произвотство и организација за извос кон надвот тоа би било идеална ситуација
 
Не е полесно со кокошки бе пријателе? Ем јајца ем пилешко месо да си продаваш, сигурно и пласманот е каде каде полесен .... Во Италија забележав дека таљијаните често си прават манџи/супи со зајачко месо, во МК не сум го добил тој впечаток, ретко да сум го сретнал на менито зајакот дали по дома дали ресторани... како и да е со среќа.
 
Може да пробаш да дадеш понуди до големите маркети и ресторани или пак да отвориш сопствена продавница и да вработиш неколку продавачи. Да направиш некоја промоција на телевизија по некој утрински програми колку е здраво и вкусно...
Идеата не ти е лоша, нека ти се множат и зајци и пари.
 
Започнав со одгледување на зајаци

Имам 5-6 мајки, и 20тина малечки
Како што се множат и растат малите на есен/зима ќе треба да успеам некако да почнам и со продажба на поголемќите

Дали има заинтересиран за ваква соработка ?
Почнав на ситно но имам простор и можности за инвестирање за многу повеќе.
Проблемот е што незнам да се снајдам во продажбата.

Одгледувањето не ми е проблем, но за продажба сум неспособен.

Ако не најдам начин ќе ги колам и ќе јадиме цела зима :).

Доколку има некој заинтересиран ве молам во инбох или тука контактирајте ме
..прво најди кланица со хасап/халал која по можност и ќе ти го конфекционира и спакува месото, после ти е песма лета ....ти никогаш не можеш да произведеш толку колку народ може да изеде.., дури и ако се фокусираш на сегментот народ кој има пари...:sneaky:
 
тргни пешки низ град понуди се по ресторани, прво одреди цена и остај луфта во цената, кога ќе се исценкаат да мислат дека те победиле.

жал ми е за зајците ;( , имавме две лавја глава едно време ама копаа немавме соодветен кафез и ги дадовме не ни беа за јадење само за гушкање.
 
Започнав со одгледување на зајаци. Како што се множат и растат... да почнам и со продажба ..
Прво ова , под обавезно :
.... најди кланица со хасап/халал која по можност и ќе ти го конфекционира и спакува месото,
Провери ја кланицата во Неготино/Кавадарци, кај и да беше...ако добро се секавам , таа беше специјализирана за нешто...
Друго, мислам, дека ќе треба да бидеш регистриран, провери си во Агенција за храна.

Тек после ови е 2 работи ќе можеш да размислуваш КАДЕ ќе продаваш.

Мислам дека за почеток ти е најдобро да поминеш по подобро снабдени месарници (популарни во градот ) и да им понудиш нив. Во Битола ако не грешам, го имаш Рудо Јагне, во Велес -Сирмес, во Скопје го имаш -Поповски, Лале ( баш во месара Лале во Центар имам гледано зајачко месо )....
 
Имам чувано зајци 3 ипол години не е толку лесно како што сите мислат. Месото е одлично, али зависи од храната што ја даваш на зајците и сортата исто.
 
Имам чувано зајци 3 ипол години не е толку лесно како што сите мислат. Месото е одлично, али зависи од храната што ја даваш на зајците и сортата исто.
..ништо не е лесно, не па зајаци чување. И семки да продаваш на улица е тешко, камо ли тутун да произведуваш или не дај боже трактори... :)
 
Нормално дека ништо не е лесно треба многу работи да ги погодиш за да имаш добар квалитет.
 
И јас сум чувал но не сум продавал сум чувал 2-3 има побарувачка на пазарот и јас сум од битолскиот регион и ке се потрудам да ти помогнам и ако најдам купувачи ке те контактирам. :) :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom