Здраво Млади

  • Креатор на темата Креатор на темата Erich Zann
  • Време на започнување Време на започнување

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.650
Поени од реакции
31.879
Возраст
34
Можеби треба да оди и во ноќен живот но небитно. Го загледав постерот и за оваа година идат за мене доста интересни бендови кои вреди да се гледаат и тоа како :) Понудата на програмата би била добра и со барем едно име од наведените, но со три одлични состави, чинам е нешто кое не смее да се пропушти.

13151762_929537557144820_7902504972380240718_n.png


Lee Ranaldo Trio, или братот од Sonic Youth има одлични песнички, ко во живе би звучеле опасно добро (ако се земи во предвид настапнот на KEXP).
Мооn Duo се уште еден состав, доста интересен за следење во живо.
Follakzoid се бенд кој го открив пред скоро, неколку месеци и го цепев некое време низ дома. Доста заразен звук, мешавина од неколку правци.


Билетите за Здраво Млади се веќе пуштени во продажба и истите ќе чинат 300 денари до денот на фестивалот. На 4 јуни, цената на билетите ќе биде 400 денари.
Билети може да набавите на билетарницата на МКЦ и преку продажната мрежа на МК Тикетс:
Продажните салони на ONE/VIP во: Скопје (Ramstore, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО Центар, Skopje City Mall) Куманово, Тетово, Гостивар, Битола 01, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија.

Југотон ГТЦ 1 кат, Универзална Сала - Скопје, Тобако - МПМ ПРЕС, Тобако Гоги - Драчево, Тобако Дрводекор, Тобако 2 - Скопјанка, Њу Тобако - Охрид.

 
Кога ќе видам знаме на ЕУ некаде во ќош забутано како спонзор,

ми се превртуваат цревата...
E јбг.........

Ќе пробам јас да го темпирам некако времево, сакам да ги гледам во живо, несекојдневно искуство ќе е.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom