Коефициент на интелигенција IQ

  • Креатор на темата Креатор на темата atrum versus
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
8 февруари 2008
Мислења
4
Поени од реакции
0
Како според вас коефициентот на ителигенција е мерило за успех?
Колку тој е битен?
Дали повисокиот коефициент на интелигенција значи и поуспешна личност?
 
Ма јок. Два примера: Амди Бајрам, (чиј IQ е понизок од IQто на сите негови шесторица браќа и две сестри) е најуспешен у фамилија и једини го летал синот со хеликоптер за свадба, а после и внукот со Лирџет за сунет. Друг пример: Хорхе Иванов. У цела фамилија имал најнизок IQ (чак и го заебавале као мал збок тоа). Али глеј сеа он е прецедник, а другиве копуци. Можам уште, али мислам јасно е. Имаше на една друга тема за мужи-жени многу јаки линкови од разни часописи кајшо се докажуе дека дужина на рукави, времепростор и IQ се релативна ствар. Иначе, еволутивната психологија издвојува два главни фактора за успех: 1. шо ти пишуе у судбина, и 2. шо ти дал госпот. Све друго (IQ, генетско наследство, дали си левак или деснак, дали си лежел сипаници, итн.) е мање битно за успех у живот.
 
Последно уредено:
А што е мерило за успех? Дали сум успеал ако сум го постигнал ја тоа што сум сакал да го постигнам или тоа што е општествено зацртано?
За општествен консензус, да IQ игра улога. Ама играат и социоекономскиот статус, образованието, мотивација, истрајност, поставување цели, креативност, емотивна зрелост.
 
Последно уредено:
Ја мислам дека гаранција за неуспех е IQ од 139. Све испод и изнад може да се покаже успешно зависно од време, место и околности.
 
IQ не е клучен за успех, има многу анкети, експерименти и примери кои го докажуваат тоа. Многу поголемо влијание има емоционалната интелигенција, нели затоа што залудно ти е да имаш 200 IQ ако имаш ментален склоп како ставрогин. Освен тоа има многу други работи кои влијаат за тоа колку си успешен, доколку ве интересира повеќе за ова ја препорачувам да ја прочитате Outliers од Malcolm Gladwell книгата е за сите тие фактори кои влијаеле за луѓето како Бил Гејтс, Стив Џобс итн да станат тоа што се.

https://en.wikipedia.org/wiki/Outliers_(book)
 
Последно уредено:
А што е мерило за успех? Дали сум успеал ако сум го постигнал ја тоа што сум сакал да го постигнам или тоа што е општествено зацртано?
Успех е ако го постигнеш тоа што сакаш да го постигнеш, без разлика на тоа што е.
На пример, 99% од луѓето сакаат ферари и за нив успех е ако имаат ферари. 1% сакаат фичо.
Ако ја купам фичо и сакам фичо, по дефиниција сум поуспешен од тебе кој си купил ферари, а сакаш фичо. 99% од луѓето те гледаат ко поуспешен од мене пошто за нив, ферари е успех и они се проектираат на мое и твое место. Ама по дефиниција, ја сум поуспешен од тебе пошто го имам тоа што сакам да го имам. Ако сакам да пишуем поезија и пишувам добро поезија, исто така сум успешен. Све дур праиш нешто што сакаш да го праиш, успеваш, без разлика на тоа каква е природата на тоа што го праиш и дали е купливо со пари или не.
 
Луѓето премногу се потпираат на општествени стандарди/очекувања за успех, peer pressures, и на ист начин и го оценуваат/судат другите. Никој не те прашува што сакаш ти, туку до кај си со тоа што другите очекуваат од тебе.
 
Како според вас коефициентот на ителигенција е мерило за успех?
Колку тој е битен?
Дали повисокиот коефициент на интелигенција значи и поуспешна личност?
IQ-то најпросто кажано е меч со две острици. Може да ти помогне многу побрзо да стигнеш до врвот, но било кој успех е залуден ако немаш со кој да го споделиш, а со IQ од 140 па нагоре светот може да биде доста осамено место.
 
А што е со тие кои имаат 139 IQ? Тие се осамени или се извлекле за малку?
За другар прашувам.
 
А што е со тие кои имаат 139 IQ? Тие се осамени или се извлекле за малку?
За другар прашувам.
Не мислев буквално не се фаќај за ситници. Општо зборам за високо интелегентни особи. Ми се чини од 120 па нагоре се сметаа за гении(не сум сигурен можеби 140+ беше)

муабетот е дека што поголем IQ помала е веројатноста да најдеш некој што размислува на твое ниво, што ги дели истите маки итн итн.
 
Многу поголемо влијание има емоционалната интелигенција, нели затоа што залудно ти е да имаш 200 IQ ако имаш ментален склоп како ставрогин.

Чисто ме интересира, што му недостига на мојот ментален склоп? За да се поправам прашувам.
 
Не мислев буквално не се фаќај за ситници. Општо зборам за високо интелегентни особи. Ми се чини од 120 па нагоре се сметаа за гении(не сум сигурен можеби 140+ беше)

муабетот е дека што поголем IQ помала е веројатноста да најдеш некој што размислува на твое ниво, што ги дели истите маки итн итн.
Уствари и не е задолжително наоѓање на некого со сличен коефициент на интелигенција , некогаш е доволно тој да биде само далтонист :D !
IQ то не е гаранција за успех , уште помалку за материјална благосостојба , напротив ! Многу пати на таа тема ја спонувам германската народна поговорка : Што поглуп селанец -тоа покрупни компири !
 
EQ или поточно позната како Емоционална интелегенција има поголема улога во успешноста на една идивидуа за разлика од IQ, има генијалци со мноогу големо IQ но се лошо поставени во опшеството и имаат мал EQ, што значи има X фактори кој влијаат врз успешноста. Чист пример газолизач со IQ од околу 90 е поуспешен од било кој несоциализиран IQ Genius. Жално но вистинито претежно во нашава држава...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom