Нашата Вокерка со нова издадена книга „Злосторство и вазна“

  • Креатор на темата Креатор на темата Saladin
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.762
Поени од реакции
13.590
Да, да, добро читате...Вокерка повторно го возвраќа „ударот“ овој пат со ново напишаната крими-драма „Злосторство и вазна“. Сте се ли запрашале некогаш дали е возможно совршено злосторство? Под „совршено“ секако помислувате на што точно се алудира:D. Оваа драма проектира слика на едно случајно злостоство во едно навидум совшено семејство. Но што кога малку подлабоко ќе загребеме на површината, кога би ја демистифицирале искривената слика на дисфункционалноста? Со сите прашања и дилеми што си ги поставува современиот човек, крими-драмата „Злосторство и вазна“ ги крие неколкуте одговори преку низа случајности и низа испреплетени настани

12916110_10153454411351625_2251026883377905460_o.jpg

„Преку имаголошки рефлексии и конструкција на Другиот, туѓинецот, одговорен за целата динамика која ја разнишува лажната хармонија, успешно и незабележително се камуфлира. Преку постмодернистички реминисценции и алузии на дела од познати класични автори, се рефлектираат вечните прашања и дилеми во модерното општество со сите свои предности и недостатоци“.

За Вокерка верувам повеќето имате чуено, некои и лично ја познавате, многу ведар лик на форумот, завршила Филолошки факултет во Скопје на катедрата за македонска и јужнословенска книжевност со македонски јазик. Има издадено и првенче „Тајните на пештарата“ во соработка со „ДАТА Песнопој“ од Битола, како и електронската збирка раскази „Сказните на романтичните патници“ (по некој расказ има и тука на форумот во „Прозни искри :D)

Воедно на 14ти април со почеток во 18 и 30 часот во Sub club во Струмица ќе се одржи промоција на ново издадената „Злосторство и вазна“ така што поканети сте кој сака нека дојде.
[линк до event-от]
 
Не сум некој љубител на читање книги:D, но честитки до @Вокерка и уште многу други издадени книги во иднина:)
 
Фала дечки за искрените честитки, ако ве носи пат накај Струмица поканети сте. :)
 
Честитки и да се множат, и по квантитет и по квалитет :D
 
MУ отвориле тема на на девојчево оти книга објавило, вие и ја испосеривте. Смирете се ебаго :D

Место да пишите нешто во стилот за шо е книгата, кај можи да се најди, како ти одеше пишувањево, инспирацијата ова она.
 
MУ отвориле тема на на девојчево оти книга објавило, вие и ја испосеривте. Смирете се ебаго :D

Место да пишите нешто во стилот за шо е книгата, кај можи да се најди, како ти одеше пишувањево, инспирацијата ова она.

Во право си 100%. Бриши ги ови глупостите нагоре, и честитки за @Вокерка . :)
 
MУ отвориле тема на на девојчево оти книга објавило, вие и ја испосеривте. Смирете се ебаго :D

Место да пишите нешто во стилот за шо е книгата, кај можи да се најди, како ти одеше пишувањево, инспирацијата ова она.
У право си. Мое извинување. Иначе ќе дојдам на настанот, како и да е, па тогаш сите прашања и све што е битно. :D
 
Неколкумина ме прашуваа каде може да се најде книгата, па еве ја онлајн во проектот на Фондација Македоника. Критики и коментари се добредојдени. :)
Линк.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom