Фан клуб: Лестер Сити

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.365
220px-Leicester_City_crest.svg.png

Лестер Сити попознати како "Лисиците" се англиски фудбалски професионален тим кој што моментално се натпреварува во Премиер Лигата на Англија.

Оваа екипа е создадена во 1884 (а не во 2015 како што мислат некои) со име Leicesster Fosse. Но подоцна бидејќи Фросе - Illumious се бунела морале да се преименуваат во Лестер Сити.

И покрај тоа што многу луѓе го нарекуваат овој тим Леичестер/Лечестер/Лејчестер/А бе ајде кога ќе изгубат/Лечстер/ сепак оригиналното име на овој тим се изговара како ЛЕСТЕР СИТИ.

Лестер е тим со многу подеми и падови, но ниеден подем не е се граничи со нивниот моментален пласман во ЕПЛ каде што се први на табелата после 31 одигран натпревар. Тие влегоа во Премиер Лигата во 2014 како шампиони во Чемпионшип. А овој нивен пласман дојде само една година после неверојатниот пораз во 95тата минута против Ватфорд на Џанфранко Ѕола кој што не само што одбрани пенал туку и постигна погодоток за елиминација на Лисиците од Чемпионшип плејофот. Но старите рекле кој чека ќе дочека, па така и милионите македонски фанови на Лестер во Македонија дочекаа да ги видат нивните Лисици во најквалитетното англиско натпреварување. (не)Очекувано тие во првата сезона не се снајдоа баш најдобро и после 29 натпревари имаа само 19 поени. Но некој очигледно им фрлил магија на Лестер. Па лисиците маестрално со 7 победи во 9 меча стигнаа до опстанок во Премиер Лигата. Но тој скор очигледно беше само загревање за тоа што ќе се случи во следната сезона.

2AB2DC0500000578-0-image-a-39_1437405095039.jpg

(Kлаудио Раниери покажува уште колку дела и фалат на Македонија за да биде цела)

Амбициите на Лестер за следната сезона стана јасни кога за свој нов тренер го назначија човекот кој што во животот нема освоено титула во прва лига а неговата последна работа беше одбележена со пораз од ФАКИНГ САН МАРИНО. Тие ја почнаа лигата фуриозно. Во кој што главна ѕвезда беше херојот на просечниот англичанец - Џејми Варди. Варди не можеше да биде варден од противничките противници и успеа во еден период да сврзе 13 погодоци на 11 меча по ред. Варди поддржан од играчи како Махрез и Канте ги донесе фановите на Лестер во екстаза и му донесе на клубот прво место после 31 меч во Премиер лигата, милиони симпатии низ целиот свет, многу пари (изгубени и добиени) на коцкарите низ целиот свет а dragonsky доби уште некој партнер во "фан клуб:Раниери".

vda.jpg


Но сепак освојувањето на титулата не е лесна работа. До крајот на сезоната лисиците ќе имаат уште 7 меча во кои што со 6 победи ќе можат да си ја обезбедат титулата. До крајот на сезоната Лестер ги чека исклучиво тежок период.

Распоред до крај:

ЛЕСТЕР - Саутемптон

Сандерленд - ЛЕСТЕР

ЛЕСТЕР - Вест Хем

ЛЕСТЕР - Свонси

Манчестер Јунајтед - ЛЕСТЕР

ЛЕСТЕР - Евертон

Челзи - ЛЕСТЕР


Дали Раниери ќе слави титула на Стемфорд Бриџ? Дали Тотенхем и Арсенал ќе кикснат повеќе пати од Лестер во остатокот на сезоната? Дали Лестер ќе искористи тоа што игра во лига со Челзи "На прав пат сме хехе" ФК, Манчестер "Овој тренер е вистинскиот сто посто!" Јунајтед, Арсенал "Не мора титула шо ќе ни е" ФК, Тотенхем "Трошиме пари и пак не не бива" Хотспарс и Ливерпул "Следната е наша" ФК? Дали Махрез и Варди ќе продолжат да бидат најдобро дуо после Бони и Клајд, Селимова-Желчевски и Силви Бенд? Дали притисокот ќе им биде преголем?

Останете со натпреварите на Премиер Лигата за да дознаете! :')

74385147_hi022002743.jpg

 
Зоки намерно прави малери Челзи да завршат пред нив.:LOL::LOL::LOL:
 
абе сега и Арсенал го изговараат Оснал ама кажи го на некој така ќе те дупне од зезање. :kuracc:
 
Ајдеее фан група на Лестер :LOL: Ако вака продолжат и наредните години богами ќе се накотат пластични фанови како на Челзи или Манчестер Сити :D
 
Арснал е бе :D
Oди у Англија види дали е. Не сум сигурен кој дел, дали северњаците го изговараа Оснал. :D

Прав бритиш акцент р-то у доста зборови не се ни изговара ко Р.
car = каа
year - јиа
beard - биад
 
Од секогаш плавата боја ми била омилена :unsure:
GGLC !!
 
Oди у Англија види дали е. Не сум сигурен кој дел, дали северњаците го изговараа Оснал. :D

Прав бритиш акцент р-то у доста зборови не се ни изговара ко Р.
car = каа
year - јиа
beard - биад
Во право си, брум брум :D

 
Кој ти даде дозвола да отвориш тема бе????
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom