Медицински сестри на Медицинскиот факултет во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата StefanSonce
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 мај 2013
Мислења
14
Поени од реакции
1
Возраст
30
Има ли некој што учел на овој факултет за медицински сестри? Сакам да слушнам искуства, дали е тешко, какви предмети има и слично. На страната на УКИМ нема многу за ова.
Инаку јас сум сега средно медицинско и за една година завршувам, сакам да се запишам на смерот медицински сестри ама вонредно ако може :toe:. Инаку за просек сигурен сум дека имам, пошто сум скроз одличен.
 
Стефан Сонце сака да биде медицинска сестра.
Ако. Благородна работа е тоа. Хипократова заклетва и то.
gl&hf
 
Зашо бе така? Ако толку сакаш сестра да си подобро ти е да стажираш година ипол па да полагаш испити за прием на работно место. Ем немаш трошоци за школарина ем имаш осигурано работно место. А ако веќе си решил стопати подобро решение ти е вишата во битола :)
 
Планирам да одам надвор од земјава во Канада кај сестра ми, и сакам таму прво да поработам како сестра па после да одам на медицински во Канада. А за да работам како сестра морам прво на факултет во Скопје.
 
Мислиш како медицински брат или болничар?! И ако можеш никогаш да не се вратиш најдобро ќе биде. Таму да си запишеш факултет.
 
Зашо бе така? Ако толку сакаш сестра да си подобро ти е да стажираш година ипол па да полагаш испити за прием на работно место. Ем немаш трошоци за школарина ем имаш осигурано работно место. А ако веќе си решил стопати подобро решение ти е вишата во битола :)
Зошто подобро во Битола? Што ќе мора да се ебава за секој ебан испит по возови или автобус и што ќе мора еднаш во семестар да се снаоѓа и плаќа за смештај ( под претпоставка дека е од Скопје )? И не е исто да има положен државен испит и да има диплома од ВМШ, зашто у вториов случај ќе зима поголема плата за скоро 100 евра ( ако го вработат ВМРО ).[DOUBLEPOST=1457804341][/DOUBLEPOST]
Има ли некој што учел на овој факултет за медицински сестри? Сакам да слушнам искуства, дали е тешко, какви предмети има и слично. На страната на УКИМ нема многу за ова.
Инаку јас сум сега средно медицинско и за една година завршувам, сакам да се запишам на смерот медицински сестри ама вонредно ако може :toe:. Инаку за просек сигурен сум дека имам, пошто сум скроз одличен.
Па имаш околу 35, 36 испити, некои се тешки, некои ти се чиста рутина. Ако си skroz одличен, тогаш не би требало да ти биде проблем да те примат вонредно, каде конкуренцијата е поголема, т.е. има помалку достапни места.[DOUBLEPOST=1457804646][/DOUBLEPOST]
А за да работам како сестра морам прво на факултет во Скопје.
За ова не сум сигурен дека си во право, т.е. прилично сум сигурен дека дипломата од ВМШ ( Скопје, Битола - сеедно ) нема да ти смени нешто. Најбоље беше, до пред година дена, да се отиде во Афганистан, и за една година се враќаш со два стана и нешто ситно за живот- за наредните 5 години. Сеа и тоа нема. Тие што пушеа, отидоа, за тебе касно е.
 
Последно уредено:

Знам од прва рака дека ВМШ од УКИМ е призната во Канада, сестра ми истиот факултет го имаше завршено и и ја признаа дипломата и сега работи како медицинска сестра.
 
Па имаш околу 35, 36 испити, некои се тешки, некои ти се чиста рутина. Ако си skroz одличен, тогаш не би требало да ти биде проблем да те примат вонредно, каде конкуренцијата е поголема, т.е. има помалку достапни места
Може и вонредно медицинска сестра?
Па немаат ли и они задолжителни вежби низ клиниките?
 
Се вели медицински техничар.
Ако сакаш да бидеш сестра, смени пол.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom