Драги наши,
Дојде време, конечно да ги објавиме номинациите за првото доделување на филмските награди на Кајгана форум (намерно пред доделувањето на Оскарите, за да не влијаат многу врз вас). Кајгана Филмската Академија (со сите почетни големи букви во називот, согласно со правилата од новиот Правопис
) во изминативе десетина дена преку посебен формулар предложуваше кои филмови да се најдат меѓу номинираните, со што - ВИЕ одлучивте кои филмови беа меѓу најдобрите во 2015.
Членовите на Кајгана форум, исто така ќе одлучат кои филмови ќе ја освојат наградата преку гласање на начин кој ќе ви го објаснам подоцна, откако ќе ги соопштам номинираните во секоја од 15-те категории.
Пред да почнам, само да се заблагодарам на сите кои номинираа, дадоа поддршка и на сите кои ни ја направија филмската 2015-та поинтересна на форумов. Благодарност до @wicked_1 , @Goodfella , @Anon , @MyloXyloto , @wot , @grande-juve , @Tegla , @ob1 , @Dr. Gonzo , @Хефест , @Џонтра Волта и на сите останати (нека ми простат тие кои ги имам испуштено), потоа на членовите на филмскиот клуб (27 на број, нема да ги именувам, само ќе ги повикам и тие да гласаат во изборот на најдобрите), и најмногу од сѐ, благодарност до @wot и @џимеј - модераторите на подфорумот Филм и ТВ за целата поддршка која ми ја даваат при преземањето на сите чекори во нивното катче.
Со овие награди ја крунисуваме 2015 на форумов, и се впуштаме во предизвикот - филмска 2016-та. Од номинациите ќе забележите колку е поразличен вашиот вкус од вкусот на AMPAS, зашто номинациите во голема мера се разликуваат од номинациите за Оскар. Да не должам многу, да почнеме со првата категорија! @Anon едвај го чекаше ова!