Предлог за ефтина електрична гитара?

  • Креатор на темата Креатор на темата AsterMK
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
12 февруари 2016
Мислења
9
Поени од реакции
3
Се мислам да земам електрична гитара наскоро но не сакам да потрошам премногу пари. Која е најдобрата буџет опција? Се мислам за, на пример, Squier Bullet Strat, Peavey Raptor Plus EXP, Washburn RX10 Starter pack или нешто четврто. Најверојатно ќе земам од Артист бидејќи мислам дека имаат продавница во Битола. Благодарам однапред.
 
Јас ако сакаш можам да ти понудам добра гитара електрична за ефтини пари но пред се одлична е :)
 
Фала за понудата но мислам дека ќе земам на ново. Инаку наидов и на Squier Affinity за 13.5К, дали тоа би било добар избор?
 
Најдобро да си поставиш јасен став за што ти е гитарата па да прашаш човек што се разбира. Дали ти е за учење (почетничка), за настапи итн. Професионалец (човек што се разбира) не мислам во смисла да му влезеш во дуќан па ајде кажи ми не се сите такви ама поголемиот дел ке те акнат да земеш нешто поскапо, прашај човек што свири долги години.
 
Па да, за учење ми е.
Фала за предлогот. Како се споредува со Squier Affinity или со другиве? За оваа сум слушнал многу препораки сепак.
 
Ако ти е за учење земи нешто просечно. Од овие три што си ги набројал во првиот пост јас би ја земал Washburn. Со squier имам лошо искуство, а peavy мислам дека се во нивна класа.
 
Строго Squier во таа ценовна група, моја препорака. Affinity во најмала рака, Bullet е срање. Бегај од starter pack и слични глупости. Ќе си купиш едно по едно. Одлична гитара за почетник и одлична база за понатамошни надоградби како магнети, штимери и сл.
 
Фала за предлозите. Значи останаа Yamaha Pacifica 012 и Squier Affinity Strat (http://mimimuzika.com.mk/index.php/...relgitari/squier-stratocaster/2372-0310700505) засега. Кај Squier ме влече дизајнот а Yamaha-та сите ја фалат како одлична. Патем, HSS или SSS? За тоа исто се двоумам, ако земам Squier Bullet или Affinity, ги има во двете варијанти (но мислам дека HSS би бил подобар избор сепак). Инаку, дали обична гитара или left handed? Левичар сум, но изборот на такви гитари е многу мал и најчесто скап.
 
Мене лично ми се грди Yamaha гитарите.. Блиску се до strat ама бааѓи погрди.. Јас би ти препорачал некоја Blade гитара (дури и половна) ако најдеш до 12к..
 
Ако веќе сакаш да поминеш со малку пари, а да имаш добар квалитет би ти препорачал да земеш лансен гитара, комплетно нова добар квалитет а ќе платиш 5000 денари. Ќе земеш еден добар процесор бос ќе го платиш од 4000 денари до 10000 денари и ќе имаш се што ти е потребно и за забавна и за народна музика. И едно нека ти е на ум гитарата не свири сама, ако немаш прст и најубавата гитара да ја имаш никогаш нема да добиеш аплаус освен комплименти за скапа опрема.
 
Првпат слушам за лансен гитара. Може линк?
 
Инаку, некои други продавници за опрема освен Артист, Мими музика и Дореми?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom