Струмикс
Еден...не го знаеш!
- Член од
- 9 декември 2005
- Мислења
- 13.811
- Поени од реакции
- 3.347
- Возраст
- 47
- Локација
- Струмица
- Веб-сајт
- www.kajgana.com
Ја започнувам темава со цел дискусија околу оваа, не баш честа во последно време, но и не баш ефтина операција.
Во план сум да правам ремонт на мотор од Рено 5 Кампус од 1990-та, поминати 198.000 км. Моторот е добро познатиот Cleon мотор, со мокри кошулици (хилзни) од 1108 ццм., со код C1E756, кој се наоѓа во многу Реноа од 1962 до 2004 година, во различни кубикажи и произведени 24000000 примероци. Значи, нема потреба од машинска обработка, се оди надвор и се става ново, а делови има.
Досега набавив (симнав од интернет) сервисна книга за моторот, додуша на француски, но понешто разбирам, а бројките се бројки
Во меѓувреме, и мајсторот кој ќе ја работи оваа работа, искусен мајстор кој ми ги одржува возилата преку 15 години, ме извести дека имал таква книга.
Исто така, набавена е нова сајла за гас (оригиналната некогаш е сечена за да се припаси карбуратор од З 101, па пак преправана од мене за оригиналниот), сајла за куплунг и запчаници на педалата (ќе се менува и сетот на куплунгот, т.е. корпа, ламела и друк лагер, бидејќи на колата стојат оригиналните и корпата е тврда и ја кинеше сајлата па е преправена малце
)
Има набавено и нов сет за репарација на оригиналниот карбуратор Zenith 32 IF 2, кој го имам, и тоа три примероци, од кои еден е на колата, но после зафатот на колата ќе оди еден произведен 1990-та, како и колата. Актуелниот е од 1993
Исто така, набавени се и цревата за вода, давачи за вода и масло, термостат, а еден експанзионен сад е исчистен и спремен за вградување.
Единствена модификација ќе биде кај разводникот, во смисла останува оригиналниот, но ќе биде преправен на електронско палење, наместо платинка.
Сега сум во потрага по делови, испитувам цени.
Барам во Струмица, низ Македонија, Грција, Бугарија и ибеј.
Треба да се купи:
Клипови, карики и хилзни
Летечи и лежечи лагери
Комплет дихтунзи и симеринзи за моторот
Сет куплунг (корпа, ламела, друк лагер)
Носачи на моторот (овие се 26 години стари, гумата е веќе оддамна отидена).
Главата е средена пред околу 20000 км. и сега ќе биде само проверена, и, доколку има потреба ќе се интервенира.
Истата приказна е и за ланецот (оваа е на ланец, нема запчест ремен)
Водна пумпа менував лани, нема ни 5000 км.
Отприлика, тоа е тоа што треба да се набави, и ако нешто попатно излезе непредвидено...
За сето тоа наброено, цената е околу 300 евра ( не ги бројам деловите кои веќе ги имам) од информациите кои ги собрав досега. Работната рака... to be discussed.
П.С. темава ја отврам за дискусија во смисла искуства, препораки, совети, а не да се фалам дека фрлам пари во јангтајмер