Што е Архитектурата?

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Возраст
39
Верувам дека како поим, како неизбежен социолошки и естетски аспект на живеењето на секој човек, сите во животот повеќе пати сме го споменале овој збор.

Етимолошки, потекнува од старогрчка сложенка на зборови кои значат "главен мајстор".

Денес, архитектурата опфаќа шифор дијапазон на тематики кои постојат како нејзини "проблеми" како урбанизмот- планирањето на градот, станбените, општествените, стопанските згради, ентериерите итн.

Една од дефинициите кои сум ги слушнал беше и оваа: Технологијата искажана преку поезија се вика Архитектура.

Ајде, во кратки црти, нека е на едноставен начин опишано:
Што за ВАС значи поимот архитектура?
 
Архитектурата е:
КРЕАТИВНА УМЕШНОСТ НА СОЗДАВЊЕТО.

кратко и јасно...
 
Ок, тогаш за мене архитектурата е замрзната музика :)
 
Архитектурата е само разубавување со кое ги криеме своите најдлабоки потреби.-Жан ле Рон д’Алембер.
 
Архитект-човек што не е доволно маж да стане инженер,нити па доволно педер да стане дизајнер.хехеххе
Без навреда,ама интересна ми е дефиницијава
 
По дефиниција, архитектурата е уметноста и науката на правењето згради и објекти(тука спаѓаат и куќи, порти, мостови, а се рачунаат и патиштата... итн структури)

а оваа дефиниција ја поддржувам и јас =)
BusHav напиша:
Архитект-човек што не е доволно маж да стане инженер,нити па доволно педер да стане дизајнер.хехеххе
Без навреда,ама интересна ми е дефиницијава
инчерестинг, индид...
 
Според мене струка која првично имала и сеуште има за задача да го направи домот што е можно подолговечен и попрактичен, а секундарно да го направи тоа на таков начин да самите субјекти кои ќе престојуваат во тој објект да се чувствуваат удобно и пријатно.
 
BusHav напиша:
Архитект-човек што не е доволно маж да стане инженер,нити па доволно педер да стане дизајнер.хехеххе
Без навреда,ама интересна ми е дефиницијава

Без навреда :)

Инфо- дипломата на нашиот факултет после деветте ислушани семестри, и одбраната на дипломскиот труд гласи- Дипломиран ИНЖЕНЕР Архитект :)
 
Значи, откако утврдивме дека ИНЖЕНЕР се пишува со Н наместо со Њ, може да продолжиме понатаму :)

Eден од моите омилени архитекти, Френк Лојд Рајт, за архитектурата рекол:

"Мајка на сите уметности е архитектурата. Без сопствена архитектура.... нашата цивилизација би немала душа"
 
[SIZE=-1]архитектурата е имитација на природата. [/SIZE][SIZE=-1] Како што птиците прават [/SIZE][SIZE=-1]гнезда, така и луѓето градат куќи од природни материјали за да се засолнат[/SIZE]
 
Arhitekturata e ednostavno "arhitektura".:)
 
Архитектура...заедно со уметноста: можност да се искажеш себеси и да создадеш некоја нова можност за восхит.
 
Архитектурата - уште еден начин да убиеш многу луѓе на едно место. Скрати само од материјалот за темелите. - Бада Бинг!

Сериозно, архитектурата за разлика од уметностите често има многу поважна функционална улога, а тоа е сместување на работи. Сместување на работи владее!Ако морам да сумирам во една реченица би рекол дека архитектурата е единствената уметност која го спушта човека каде што треба да биде, тука на Земјата.
 
Сметам дека преку архитектурата уметноста го добива својот вистински смисол и најголем интензитет
(иако, како студент на ликовна академија не треба да викам така:icon_mrgr ).
Совршен спој на рациото и она чувственото. Место каде што се среќаваат науката и естетиката и постојат во совршена хармонија. (ух, забегав во поезија:icon_razz )
Како и да е, сметам дека е највисока форма на уметност(затоа што е уметност пред се), која исклучително ја почитувам
 
Мал оф топик - Ада....фантастично!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom