Генерално ова е голема тема. Да земеме пример, ајде мене натерај ме да запалам куќа, туку ќе се нафати некој за пари да ја заврши работата и тој ќе биде крив исто колку и ти.
Тука не станува збор за подметнување, ако не бил Јуда ќе бил некој друг кој бил алчен за пари, познато е дека Јуда ги носел парите кои му ги давал народот на Исус, а со тоа Јуда се грижел за финансиите и купувал работи кои им биле потребни на Апостолите, а исто така и си поткрадувал. Прашање е зошто Јуда оди со Исус ? И не е баш толку случајно, тој сам си прифатил. За ова пишуваат и Пророците векови пред да се случи: го проценија не проценливиот.
За Ангелите, кога се моли во гората Исус последните часови пред да биде одведен на судење, Апостолите го разубедуваат, и Исус им вели Јас можам да повикам легии од Ангели кои би уништиле се, но така ќе нема да се исполни напишаното од пророците(од стариот завет). А со тоа се би се подгазило уште од времето на Ное па до Аврам кој во овој случај не би станал Авраам(таткото на народите).
А Пилат е несреќен случај од една страна ако не го распне Исус ќе има проблеми со Цезар и пред да дојде на таа позиција бил во конфликт со него и е пратен во Јудеа под казна не по негова желба, како директор кога ќе го ставиш шеф. Токму затоа тој прави судење со надеж дека ќе го извлече Исус, но свештениците го поткупуваат народот за да вика да го пуштат Бараба. А од друга страна доколку го распне знае што го следува, дури жена му сонила сон која му рекла тој човек е невин. Па затоа се искупува плоча на крстот да пишува Царот Јудејски на еврејски, грчки и римски јазик.
Така да кога ќе видиш сите коцки се составиле совршено.