Здраво луѓе, јас сум матурант оваа година па нели уште сеа се планира за факс како, што.... Средно иам стручно, така да немам учено математика воопшто, информатика 1 година во прва али ко ниедна.... И под некои чудни околности сакам да студирам програмирање и компјутерски технологии односно финки (сеуште не сум се одлучил за смер дека не сум добро запознаен во детали). Планирав да почнам да учам математика барем за основи, по дома, али сеуште немам литература, така да извори на литература се добредојдени. Е сеа ми треба совет дали ќе може да се прилагодам на програмата и да постигнам, ваши искуства, со оглед на тоа дека немам основа. И да, се сметам за паметен дечко и сум hard worker. Фала ви у секој случај 
