Таблата со "ПЈРМ" останува: Србија ни се одмаздува за гласот за прием на Косово во УНЕСКО

  • Креатор на темата Креатор на темата глагол
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 ноември 2012
Мислења
1.174
Поени од реакции
744
Таблата со "ПЈРМ" останува: Србија ни се одмаздува за гласот за прием на Косово во УНЕСКО

11.12.2015
Македонија побара од Србија да се отстрани таблата на Делницата на автопатот Е-75, Коридор 10, кон Македонија, на којашто стои кратенката "ПЈРМ", наместо уставното име Република Македонија, соопшти Министерството за надворешни работи.


На автопатот кај Владичин Хан поставена е ознака автопат Е75 – коридор 10 – Белград – граница со "ПЈРМ". Таа ознака е позтавена на делницата којашто е во изградба на автопатот којшто ги поврзува Србија и Македонија.

Министерството за надворешни работи соопшти дека барањето за таблата да се отстрани и било пренесено на амбасадорката на Србија во Скопје, Душанка Дивјак Томиќ, која била повикана на состанок во министерството.

На тој состанок било побарано од српските власти таблата со натписот "ПЈРМ" да се замени со нова на којашто ќе стои уставното име Република Македонија.

tablata-ostanuva-dacic-nema-osnova-za-reakcii-02.jpg

- Очекуваме позитивeн одговор од нашите колеги од Србија, во духот на добрососетските односи, изјавија од Министерството.

Таблата останува: Дачиќ потенцира дека нема причини за примедби

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјавил дека не гледа причина за забелешките на Македонија во врска со таблата, пренесуваат српските медиуми.

- Ним сега им пречи таа табла, а нам не треба да ни пречи тоа што во УНЕСКО гласаа за прием на Косово, запраша Дачиќ.

tablata-ostanuva-dacic-nema-osnova-za-reakcii-04.jpg

Српскиот министер за надворешни работи истакнал дека овие аргументи ги изнела и амбасадорката на Србија во Скопје, на средбата во македонското Министерство за надворешни работи.

Министерството го образложува својот протест со тоа што Србија ја призна Македонија под уставното име иако во Обединетите нации се води под ознаката "ПЈРМ" (FYROM), при што бара таблата на патот Владичин Хан – Доњи Нерадовац, да биде итно заменета.

- Крајно време е да престанеме да работиме против сопствените интереси. Точно е дека Србија ја признава Македонија под тоа име, за разлика од европските држави, но тоа е направено уште под Милошевиќ, во деведесеттите години. А Македонија ја призна независноста на Косово, а сега им пречи некаков натпис. Несфатливо е тоа што поголем пријател ни е една Индонезија, отколку некои соседни држави, потенцираше Дачиќ.

tablata-ostanuva-dacic-nema-osnova-za-reakcii-03.jpg

Македонија беше помеѓу 92-те земји кои на почетокот на месец ноември, на Генералната конференција на УНЕСКО, гласаа за прием на Косово во оваа организација. Дачиќ тогаш изјави дека Белград е разочаран, но не и изненаден од одлуката на соседот, потенцирајќи дека таквиот чекор е длабоко спротивен на нашите национални интереси. http://tocka.com.mk/1/179941/tablat...zduva-za-glasot-za-priem-na-kosovo-vo-unesko
 
де црква не признаваат,прохор пчински,тој расчинетиот поп српско-грчки шпион и одродник на македонскиот род го ослободивме а ништо од ветено не добивме,потурање отровна храна постојано имаме од србите,си го зедеоа цело оружје (ЈНА) за кои плаќавме и ние,за време балканските војни вршеа асимилација врз македонското население,гушеа во крв народно бунтување против нив(тиквешко и охридско востание),постојано сме затрупани од српски серии на телевизиите,...за време на балканските војни им е дадена најплодната македонска земја и се уште ја експлоатираат....србизирање(учење по школите на српскиот јазик) за време на ју заедницата со што имаме сега голем проблем со младите генерации каде повеќе се наоѓаат како браќа со србите отколку да имаат единство помеѓу самите македонци...имам милиони начини да кажам против србите и грците кои не уништија како земја и народ.
Да де,ете сега ние сме директните кривци за косово..МОРЕ МРШ У П:МАТЕ*ИНУ и срби и грци.
 
Tipicen primer na neuk politicar zadoen so Balkanski detski sindrom! Ej moj balkane!
 
Не знам дали е правно дозволено ова што го прават, заради тоа што не имаат признаено под уставното име и не знам дали е дозволено вака да прават, и затоа постапката на нашето МНР во поглед на ова прашање е на место, ама од политички аспект баш ми е мило шо ни праат вака, зошто лошо пробуваме да играме на „двете страни“. Слепо ја следиме политиката на Западот без притоа да си ги гледаме нашите интереси, праќаме војници во Афганистан, во ваква мисија во онаква мисија, слепо ја следиме Америка и ЕУ во поглед на Косово, а во ниеден момент не сме рекле „чекајте дај да видиме нас шо ни е у корист“ зошто ипак сме ние суверена држава, а не сателит на ЕУ и Америка.
Кога станува збор за ЕУ признвањето на Косово е мислам дел од заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и насоките во таа сфера се задолжителни само за членките на ЕУ, а ние како земја кандидат имаме обврска да го хармонизираме нашето право со правото на ЕУ.
А муабетите не ни признваат црква (глупост зошто црквата е одделена од државата и не знам зошто уопште треба муабет за црква да праиме) или затрупани сме со српски серии, во школите се изучува српски јазик, ни ја искористувале најплодната почва во балканските војни ми се смешни...
 
Таблата не е воопшто битна ама изјавата на Дачиќ е битна. Зошто има потреба од провокации во мн чувствителен момент? Уа Дачиќ:-)
 
Таблата не е воопшто битна ама изјавата на Дачиќ е битна. Зошто има потреба од провокации во мн чувствителен момент? Уа Дачиќ:)
Чудно ти е што некоја држава си ги гледа националните интереси ? :D
Ние сме толку шупачка држава шо утре ако има резолуција во ОН за пример Западна Македонија да добие некаква автономија, баш ние самите ќе лобираме државите членки на ОН да гласаат за место против таа резолуција. Толку сме изгубени у меѓународнава политика, тоа е смешна работа.
Ваквата состоба е уште пред да дојде грујо на власт, а дури и ако се смени утре власта и ако место вмро дојдат сдсм ништо нема да се смени и пак ќе си останеме шупаци.
 
Шо е ова плачење бре?
А убаво ви беше коа пушевте амерички курови за влез на Косово у УНЕСКО, а?
Поголем проблем е “успехот“ на Бендер и Шчекиќ во Македонија. Повредено е егото на Дачичи и Вучичи, не излезе Македонија како Косово. Толку е од балканската велесила, го јадеше и во Црна Гора и во Македонија, само на наивни Албанци уште можат да им продаваат муда за бубрези.
 
Чудно ти е што некоја држава си ги гледа националните интереси ? :D
Ние сме толку шупачка држава шо утре ако има резолуција во ОН за пример Западна Македонија да добие некаква автономија, баш ние самите ќе лобираме државите членки на ОН да гласаат за место против таа резолуција. Толку сме изгубени у меѓународнава политика, тоа е смешна работа.
Ваквата состоба е уште пред да дојде грујо на власт, а дури и ако се смени утре власта и ако место вмро дојдат сдсм ништо нема да се смени и пак ќе си останеме шупаци.
Затоа српската надворешна политика е препознатлива насекаде. Кина, Русија и заложби за влез во НАТО и ЕУ после бомбардирање. Кога си мал ќе си играш како знаеш и умееш и колку ќе ти дозволат.
 
Таблата не е воопшто битна ама изјавата на Дачиќ е битна. Зошто има потреба од провокации во мн чувствителен момент? Уа Дачиќ:)
Знаеш, неколку пати им имаме удрено шамар на србите и сеа онака во пригоден момент, леко со средно прстче, ни го збрцуваат од позади. Она колку да ни кажат "Ќе дојде момент,ќе се натртите без вазелин со се јајца ќе ви влезе." И после Цацко крив.

Арно вика @Bojan Van Buuren.
 
Знаеш, неколку пати им имаме удрено шамар на србите и сеа онака во пригоден момент, леко со средно прстче, ни го збрцуваат од позади. Она колку да ни кажат "Ќе дојде момент,ќе се натртите без вазелин со се јајца ќе ви влезе." И после Цацко крив.

Арно вика @Bojan Van Buuren.
Среќа они испаднаа фер. Секоја држава си ги гледа своите интереси тоа е тоа. Они си го продадоа Косово и сега ја и ти ќе го браниме.[DOUBLEPOST=1449847204][/DOUBLEPOST]
Ај сеа направи анализа за Маедонија и види со што ни даваат нас да си играме.:icon_lol:
Ова зборев за сите на Балканот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom